Прејди на содржината

Апатија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дигитална претстава на апатичен лик

Апатија е состојба на рамнодушност во однос на емоциите, на мотивацијата или страста. На апатичниот поединец му недостасува емоционален, социјален, духовнен, филозофски интерес, а состојбата понекогаш е придружена и со физичките појави. Апатичните поединци исто така, можат да бидат и бесчувствителни во однос на другите.

Апатија (од грчкиот ἀπάθεια) е филозофска претстава што ја наоѓаме во исто време во Стилпон од Мегара, кај античките стоици уште во времето на Зенон од Китион, во доктрината на скептикот Пирон од Елис и во онаа на циникот Телес од Мегара, автор на делото „За апатијата “ ( на грчки: Περὶ ἀπαθείας)

Крајниот термин во етиката на Пирон, покрај афазија и атараксија, била и апатијата, радикална рамнодушност кон нештата и суштествата. Оттука, апатијата е дефинирана како укинување на човековото постоење дури до она што е најелементарното, нешто што постоело пред говорот и расудувањето. Пирон го бара тоа под (или над) сензацијата, некој вид оригинална празнина и збор што го изразува истото. Затоа најсоодветен говор што ја изразува апатијата е: ништо не знам. Оригиналноста на ова гледиште на Пирон е да се избегне каква било дијалектичка стратегија за да се дојде до причините и да се фокусира на рамнодушноста на нештата и на човековото однесување.

Дефиниција

[уреди | уреди извор]
"Недостиг на копнеж" ,од Ерик Певернаги, 80 x 100 см, Масло на платно

Иако зборот апатија за прв пат се користи во 1594[1] и е изведен од грчкиот збор ἀπάθεια (од ἀπάθης "без чувство" изведено од a- ("без") и патос ("емоција"),[2] важно е да не се мешаат овие два поима. Исто така има значење на „отсуство на страст“, „апатија“ или „бесчустливост“ на грчки јазик, терминот апатија го користеле стоиците за да означат (пожелна) состојба на рамнодушност кон настани и работи што се надвор од нечија контрола (тоа е, според нивната филозофија, сите нешта однадвор, човек е одговорен само за сопствените претстави и суд).[3]

Особености

[уреди | уреди извор]

Апатијата е емотивна состојба која се одликува со недостаток на интерес во поглед на ситуации или на опкружувањето[4]. Одлики на апатија се:

  • недостаток на мотивација,
  • недостаток на страст,
  • недостаток на радост или
  • немање интерес за други луѓе и социјални активности.

Ваквите состојби се чисто психолошки или може да се појават како резултат на невролошко оштетување.

Тековна употреба на терминот „апатија“ почнала за време на Првата светска војна. Војниците што се враќале од војната, доживеале застрашувачки сцени, чувствувале мал интерес да се вратат во својот нормален живот на граѓани. Многу форми на траума, како што се сведоци на ѕверски злосторство или борба во војна, можат да предизвикаат апатија. Луѓето кои имаат такви искуства сметаат дека ништо не може да биде полошо од тоа што го доживеале. Во најширока смисла на зборот, апатија е симптом на психолошки или невропсихијатриски нарушувања и може да вклучува шизофренија, биполарно растројство и хипотироидизам. Поединците со депресија се исто така изложени на апатија затоа што имаат мал интерес за своите хоби, но врската помеѓу депресијата и апатијата не е целосно истражена .

Медицински аспекти

[уреди | уреди извор]

Новинарот и автор Џон Мекманами објаснува дека, иако психијатрите остануваат збунети во врска со нејзиното потекло, апатијата е психолошки проблем кај некои депресивни лица[5], кои сметаат дека „веќе ништо нема значење“, придружено со „недостиг на волја да се напредува во животот“ и неспособноста на се мисли за последиците од нивните постапки[6]. Тој исто така објаснува дека депресивните лица „се чини дека ништо не сакаат да прават“, дека не успеваат да постигнат цел и се „рамнодушни на помислата поминуваат време со блиските“. Според него, Дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања не расправа ништо за апатија.

Во една статија на еден весник[7], психијатарот Роберт Марин објаснува дека апатијата веројатно се појавува по оштетување на мозокот, невропсихијатриски заболувања како алцхајмерова болест, деменција, паркинсонова болест [8] или хантингтон или други настани како мозочен удар . Марин исто така објаснува и дека апатијата треба да се смета за симптом или болест [6] .

  1. „Apathy - Definition and More from the Free Merriam-Webster Dictionary“. Merriam-webster.com. Посетено на 25 February 2014.
  2. „Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, ἀπάθ-εια“. Perseus.tufts.edu. Посетено на 25 February 2014.
  3. William Fleming (1857). The vocabulary of philosophy, mental, moral, and metaphysical. p.&34. Reprinted by Kessinger Publishing as paperback (2006; ISBN 978-1-4286-3324-7) and in hardcover (2007; ISBN 978-0-548-12371-3).
  4. (англиски) „What Is Apathy?“. Посетено на 2 април 2013.
  5. (англиски) „Apathy Definition“. Посетено на 2 април 2013.
  6. 6,0 6,1 (англиски) John McManamy. "Apathy Matters - Apathy and Depression: Psychiatry may not care about apathy, but that doesn't mean you shouldn't".
  7. Journal of Neuropsychiatry and Clinical Neurosciences de 1991
  8. „Troubles psychiques et comportementaux > L'apathie“. Архивирано од изворникот на 2013-08-17. Посетено на 2 април 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]