Схоластика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Схоластика е поим со кој се означува универзитетската наука кој е под контрола на црквата. Схоластиката постои во времето на раниот феудализам кога феудалците ги задоволувале своите интереси главно преку црквата.Во тоа време целото општество зависело од интересите на црквата,а сите науки и уметности коишто се проширувале и унапредувале биле под контрола на црквата.Во тоа време од црквата зависело и образованието коешто било организиарно во црковни училишта.Периодот на схоластика завршува до хуманизмот кога започнале да се формираат световни училишта и да се отвараат првите универзитети коишто биле независни од црквата.