Жан-Пол Сартр
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Жан-Пол Сартр (на француски: Jean-Paul Charles Aymard Sartre) (Париз, 21 јуни 1905 - Париз, 15 април 1980) (изговор: [ʒɑ̃ pol saʁ.tʁ(ə)]), е француски филозоф и француски писател (драматург и новелист) како и критичар од Шаблон:20от век, чиешто дело одбележа една епоха – средината на векот –, и чијшто интелектуален ангажиран живот поттикна разни полемики. Верен на себеси и на своите идеи, секогаш ги одбивал признанијата посебно во 1964 Нобеловата награда за литература. Хиперактивна личност, тој е познат по своето дело, особено по неговите филозофски парадигми кои се групираат под името егзистенцијализам, како и по неговиот политички ангажман, радикална левица. Сартр е познат и по неговата долгогодишна врска со Симон де Бовоар.
[уреди] Биографија
Жан Пол Сартр е основоположник на француската егзистенцијалистичка школа и импресивна фигура во современата литература на својата земја. Најпознати негови дела се романите Тегобност, „Патишта на слободата“, драмите „Валкани раце“, „Зад затворени врати“, филозофските дела „Битие и ништожност“ и „Критика на дијалектичкиот ум“.
Во 1964 година ја доби Нобеловата награда за литература, но ја одбил велејќи: „писателот мора да одбие да си дозволи да биде преобразен во институција, дури и ако таа е во најчесна форма.“
|
||||||||