Дорис Лесинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дорис Лесинг
Doris Lessing
Doris lessing 20060312 (jha).jpg
Дорис Лесинг во 2006
Псевдоним Џејн Сомерс
Занимање Писател
Националност британско
Период 20 век, 21 век
Правец Модернизам, Постмодернизам, Суфизам, Социјализам, Исламска литература, Феминизам, Научна фантастика
Значајни дела The Grass is Singing, The Golden Notebook, Briefing for a Descent into Hell, The Good Terrorist, Canopus in Argos, The Cleft
Значајни награди Нобелова награда за литература
2007
Сопружник Френк Чарлс Виздм (1939-1943)
Готфрид Антон Николај Лесинг (1945-1949)
Портал
http://www.dorislessing.org/

Дорис Меј Лесинг CH, OBE (родена Тајлер, на 22 октомври 1919 година) е зимбабвеанско-британска писателка, автор на дела како The Grass is Singing и The Golden Notebook. Во 2007 година, Лесинг ја доби Нобеловата наградa за литература[1]. Шведската академија ја опиша како: "Таа е раскажувач на женското искуство, кој со скептицизам, оган и визионерска моќ на поделената цивилизација и даде критички поглед". Лесинг е единаесеттата жена  која ја добила оваа престижна награда во нејзина 106-годишна историја[2]

Потекло[уреди]

Лесинг е родена во Персија (Иран) на 22 октомври 1919 година, како ќерка на капетанот Алфред Тајлер и Емили Мод Тајлер (родена Меквеа), обајцата со англиска и британска националност[3]. Нејзиниот татко, кој ја загубил ногата за време на Првата светска војна, ја запознал неговата идна сопруга, медицинска сестра, во болницата Ројал Фри кадешто заздравувал од ампутацијата[4][5].Алфред Тајлер и неговата сопруга се преселиле во Керманшах, Иран, кадешто тој се вработил како службеник во банката Империјал во Персија, и тука во 1919 година се раѓа Дорис[6][7]. Потоа во 1925 година семејството се сели во британската колонија, Јужна Родезија (денешно Зимбабве), да одгледува пченка, кога нејзиниот татко купил околу илјада хектари насад. Нејзината мајка се обидувала да живее модерен живот во грубото општество, што немало да биде толку тешко ако семејството било богато, но не било. Фармата не била успешна и не успева на Тајлерови да им го донесе очекуваното богатство. Лесинг се школувала во Доминикан Конвент, женско римско-католичко манастирско училиште во Салисбери (денешно Хараре)[8] . Лесинг го напушта училиштето на 14-годишна возраст, и потоа се самообразува. Таа го напушта домот на 15-годишна возраст и оди да работи како помошничка, и во ова време започнува да чита политичка и социјална материја, која и ја давал нејзиниот работодавател. Приближно во ова време започнува и со пишување. Во 1937 година Лесинг се сели во Салисбери, се вработува како телефонистка, и набрзо се мажи за својот прв сопруг Френк Виздом, со кого ќе има две деца, пред нивниот брак да се распадне во 1943 година.[5]По нејзиниот развод, Лесинг буди интерес за Лефт Бук Клуб (Left Book Club), комунистички книжевен клуб[9], каде што ќе го запознае својот втор сопруг Готфрид Лесинг. Наскоро по пристапувањето во групата, тие ќе стапат во брак и ќе добијат дете, за бракот повторно да заврши со развод во 1949 година. Готфрид Лесинг подоцна станува амбасадор на Источна Германија во Уганда, и бил убиен во немирите што избувнале против Иди Амин Дада во 1979 година[5].

Писателска кариера[уреди]

Поради нејзината кампања против нуклеарното оружје и jужно-африканскиот апартхејд, Лесинг била протерана оттаму и од Родезија на подолг период.[10]. Во 1949 година, Лесинг со својот најмлад син се сели во Лондон, и истата година го објавува своето прво книжевно дело The Grass Is Singing. Сепак делото со кое ќе се пробие, The Golden Notebook, е напишано во 1962 година[7]. Во 1984 година, Лесинг прави обид да објави два романи под псевдонимот Џејн Сомерс, со цел да докаже колку е тешко да излезат од печат новите автори. Романите биле одбиени од страна на британскиот издавач на Лесинг, но биле прифатени од друг англиски издавач Мајкл Џозеф, и во САД од страна на Алфред А. Кнопф[11]. Одбила витештво, но прифатила го прифатила Орденот на честа, кон крајот на 1999 година за “истакнати национални заслуги”[12]. Исто така добива и Companion of Literature од страна на Royal Society of Literature.[13] На 11 октомври, 2007 година, академијата и ја доделува Нобеловата награда за литература. На 87-годишна возраст таа станува најстариот добитник на престижната награда во тоа време, како и трет најстар нобеловец во сите категории. Исто така е запишана како само единаесетта жена која ја има добиено Нобеловата награда за литература од страна на Шведската академија, во нејзината 106-годишна историја. Пред својот дом на новинарите саркастично ќе им изјави: "Ги добив сите награди во Европа, секоја проклета награда, и ми причинува задоволство што ги имам сите. Тоа е како да имате најсилна рака во покер". Таа ја наслови својата пригодна беседа On Not Winning the Nobel Prizе и ја искористила за да привлече внимание на глобалната нееднаквост за можности, и да ја истражи промената на состојбата во раскажувањето и литературата. Истата подоцна е објавена во ограничено издание со цел да се соберат средства за децата изложени на опасност од ХИВ/СИДА. Во интервју од 2008 година за радио програмата Front Row на BBC, Лесинг изјавува дека зголемениот интерес од страна на медиумите по добивањето на наградата, не и оставил време за пишување.

Литературен стил[уреди]

Приказните на Лесинг обично се делат на три различни фази: комунистички теми (1944-1956), кога радикално пишува за социјалните прашања (на кои ќе се наврати и во делото The Good Terrorist од 1985 година), психолошки теми (1956-1969) и потоа следат теми од Суфизмот, кој го истражува во научно-фантастичните рамки на серијалот романи Canopus.Преминот на Лесинг кон научната фантастика не беше добро прифатен од страна на повеќето критичари. На пример, во врска со романот The Making of the Representative for Planet 8 во весникот New York Times, 1982 година, критичарот Џон Леонард ќе напише: "Еден од многуте гревови кои ќе му се препишат на 20 век е дека ја обесхрабри госпоѓицата Лесинг...таа сега врши пропаганда за нашата беззначајност во космичката измама"[14]. На ова Лесинг ќе одговори: "Тие не сфатија дека научната фантастика претставува една од најдобрите социјални приказни на нашето време. Исто така и се восхитувам на класичната научна фантастика како Blood Music, на Грег Бер. Тој е одличен писател". За разлика од некои автори главно познати по своите мејнстрим дела, таа никогаш не се двоумела да признае дека пишува научна фантастика. Таа беше почесен гостин-писател на World Science Fiction Convention (Worldcon), одржан 1987 година, на кој ќе одржи одлично прифатен говор во кој го опишува своето научно-фантастично дело Memoirs of a Survivor како "обид за автобиографија. Нејзиниот роман The Golden Notebook, некои проучувачи на нејзиното дело го сметаат за феминистичка класика, но не и самата авторка, која подоцна ќе напише дека темата за духовната анализа како начин за лекување и ослободување од сопствените илузии не била забележана од страна на критичарите. Таа исто така ќе изрази жалење што критичарите не успеале да ја увидат несекојдневната структура на романот. Како што објаснува во романот Walking in the Shade, Лесинг го моделира ликот на Моли, по терк на нејзината добра пријателка Џоан Родкер[15], ќерка на авторот и издавачот Џон Родкер. На Лесинг не и се допаѓа идејата да биде класифицирана како феминистички автор. На прашањето зошто, таа одговара:

„Она што феминистите го бараат од мене е нешто непроверено, бидејќи доаѓа од религијата. Тие сакаат да сведочам. Она што навистина го посакуваат е да речам "Ха, сестри, стојам со вас рамо до рамо во вашата борба за златниот ден, кадешто сите оние мажи-ѕверови повеќе не постојат". Дали навистина сакаат луѓето да прават претерано упростени искази за мажи и жени? Всушност, да, сакаат. За жал дојдов до тој заклучок.“

— Дорис Лесинг, The New York Times, 25 јули, 1982

                                      

На прашањето која од нејзините книги ја смета за најважна, Лесинг ја избра Canopus in Argos, од серијалот научна фантастика (1979–1983). Овие книги преку различни перспективи ги покажуваат напорите на едно напредно општество за присилна еволуција (исто така види и Progressor и Uplift). Canopus серијалот делумно е базиран на концептите на Суфизмот, со кој Лесинг се запознава кон средината на 60те години, преку нејзиниот "добар пријател и учител", Идриз Шах. Поранешни дела за "потсвестна" фантастика како Briefing for a Descent into Hell (1971) и  Memoirs of a Survivor (1974), исто така се блиско поврзани со оваа тема (интересите на Лесинг се вртат кон Суфизмот, по сфаќањето дека Марксизмот ги игнорира духовните прашања, оставајќи ја разочарана).

Архива[уреди]

Најголемиот архив од делата на Лесинг се наоѓа во Хери Ренсом Хјуманитис Рисрч Центар, во Тексашкиот Универзитет во Остин, Тексас. 45-те архивски кутии со материјали од Лесинг, ги содржат речиси сите нејзини постоечки ракописи и печатени дела, до 1999 година. Се претпоставува дека не постои оригинален материјал од нејзиното рано творештво, бидејќи Лесинг не зачувала ниту еден од нејзините рани ракописи. Други институции, како на пр.: Библиотеката МекФарлин на Универзитетот во Тулса, поседуваат помали колекции[16].

Награди[уреди]

• Somerset Maugham Award (1954)

• Prix Médicis étranger (1976)

• Austrian State Prize for European Literature (1981)

• Shakespeare-Preis der Alfred Toepfer Stiftung F. V. S., Hamburg (1982)

• W. H. Smith Literary Award (1986)

• Palermo Prize (1987)

• Premio Internazionale Mondello (1987)

• Premio Grinzane Cavour (1989)

• James Tait Black Memorial Prize for biography (1995)

• Los Angeles Times Book Prize (1995)

• Premi Internacional Catalunya (1999)[3]

• Order of the Companions of Honour (1999)

• Companion of Literature of the Royal Society of Literature (2000)

• David Cohen Prize (2001)

• Premio Príncipe de Asturias (2001)

• S.T. Dupont Golden PEN Award (2002)

• Nobel Prize in Literature (2007)

Дела[уреди]

Романи:

• The Grass is Singing (1950)

• The Golden Notebook (1962)

• Briefing for a Descent into Hell (1971)

• The Summer Before the Dark (1973)

• Memoirs of a Survivor (1974)

• The Diary of a Good Neighbour (под псевдонимот Џејн Сомерс, 1983)

• If the Old Could... (под псевдонимот Џејн Сомерс, 1984)

• The Good Terrorist (1985)

• The Fifth Child (1988)

• Playing the Game (графичка новела со илустрации на Чарли Адлард, 1995)

• Love, Again (1996)

• Mara and Dann (1999)

• Ben, in the World (2000) – продолжение на The Fifth Child

• The Sweetest Dream (2001)

• The Story of General Dann and Mara's Daughter, Griot and the Snow Dog (2005) – продолжение на Mara and Dann

• The Cleft (2007)

• Alfred and Emily (2008)

Збирки раскази:

• Five Short Novels (1953)

• The Habit of Loving (1957)

• A Man and Two Women (1963)

• African Stories (1964)

• Winter in July (1966)

• The Black Madonna (1966)

• The Story of a Non-Marrying Man (1972)

• This Was the Old Chief's Country: Collected African Stories, Vol. 1 (1973)

• The Sun Between Their Feet: Collected African Stories, Vol. 2 (1973)

• To Room Nineteen: Collected Stories, Vol. 1 (1978)

• The Temptation of Jack Orkney: Collected Stories, Vol. 2 (1978)

• Through the Tunnel (1990)

• London Observed: Stories and Sketches (1992)

• The Real Thing: Stories and Sketches (1992)

• Spies I Have Known (1995)

• The Pit (1996)

• The Grandmothers: Four Short Novels (2003)

Сериите Children of Violence

• Martha Quest (1952)

• A Proper Marriage (1954)

• A Ripple from the Storm (1958)

• Landlocked (1965)

• The Four-Gated City (1969)Сериите Canopus in Argos: Archives

• Shikasta (1979)

• The Marriages Between Zones Three, Four and Five (1980)

• The Sirian Experiments (1980)

• The Making of the Representative for Planet 8 (1982)

• The Sentimental Agents in the Volyen Empire (1983)

Приказни за мачки

• Particularly Cats (stories and nonfiction, 1967)

• Particularly Cats and Rufus the Survivor (stories and nonfiction, 1993)

• The Old Age of El Magnifico (stories and nonfiction, 2000)

Non-fiction

• Going Home (мемоари, 1957)

• In Pursuit of the English (1960)

• Prisons We Choose to Live Inside (есеи, 1987)

• The Wind Blows Away Our Words (1987)

• African Laughter: Four Visits to Zimbabwe (мемоари, 1992)

• A Small Personal Voice (есеи, 1994)

• Conversations (интервјуа, издадени од Ерл Г. Ингерсол, 1994)

• Putting the Questions Differently (интервјуа, издадени од Ерл Г. Ингерсол, 1996)

• Time Bites (есеи, 2004)

• On Not Winning the Nobel Prize (Пригодна беседа, 2007, објавена 2008)

Опери

• The Making of the Representative for Planet 8 (музика на Филип Глас, 1986)

• The Marriages Between Zones Three, Four and Five (музика на Филип Глас, 1997)

Драми

• Each His Own Wilderness (три драми, 1959)

• Play with a Tiger (1962)

Поезија

• Fourteen Poems (1959)

• The Wolf People - INPOPA Anthology 2002 (поеми од Лесинг, Роберт Твигер и Т.Х. Бенсон, 2002)

Автобиографии

• Under My Skin: Volume One of My Autobiography, to 1949 (1994)

• Walking in the Shade: Volume Two of My Autobiography, 1949 to 1962 (1997)

Наводи[уреди]

  1. "NobelPrize.org". http://nobelprize.org/nobel_prizes/literature/laureates/2007/index.html. Retrieved on 2007-10-11.
  2. Crown, Sarah. Look at her face.Doris Lessing wins Nobel prize. Look at her face.. The Guardian.
  3. Hazelton, Lesley. „`Golden Notebook' Author Lessing Wins Nobel Prize“, Bloomberg, 11 октомври 2007 (конс. 11 октомври 2007).
  4. Klein, Carole. „Doris Lessing“. The New York Times. http://www.nytimes.com/books/first/k/klein-lessing.html. конс. 11 октомври 2007. 
  5. 5,0 5,1 5,2 „Doris Lessing“. „kirjasto.sci.fi“. http://www.kirjasto.sci.fi/dlessing.htm. конс. 11 октомври 2007. 
  6. Hazelton, Lesley. „Doris Lessing on Feminism, Communism and 'Space Fiction'“, The New York Times, 25 јули 1982 (конс. 11 октомври 2007).
  7. 7,0 7,1 Author Lessing wins Nobel honour“, BBC News Online, 11 октомври 2007 (конс. 11 октомври 2007).
  8. Carol Simpson Stern. Doris Lessing Biography. biography.jrank.org. Retrieved on 2007-10-11.
  9. „Biography“. „A Reader's Guide to The Golden Notebook & Under My Skin“. HarperCollins. 1995. http://www.dorislessing.org/biography.html. конс. 11 октомври 2007. 
  10. Billinghurst, Kevin. „British Author Doris Lessing Wins Nobel Prize for Literature“, Voices of America, 11 октомври 2007 (конс. 15 октомври 2007).
  11. Hanft, Adam. When Doris Lessing Became Jane Somers and Tricked the Publishing World (And Possibly Herself In the Process). Huffington Post. Retrieved on 2007-10-11. The Diary of a Good Neighbour[1] бил објавен во 1983.
  12. „Doris Lessing interview“ (Audio). BBC Radio. http://www.bbc.co.uk/bbcfour/audiointerviews/profilepages/lessingd2.shtml. конс. 11 октомври 2007. 
  13. „Companions of Literature list“. http://www.rslit.org/companions.htm. конс. 11 октомври 2007. 
  14. Leonard, John. „The Spacing Out of Doris Lessing“. „The New York Times. http://query.nytimes.com/gst/fullpage.html?res=9806E2DE163BF934A35751C0A964948260&sec=&spon=&pagewanted=all. конс. 16 октомври 2008. 
  15. Lessing's Early and Transitional Novels: The Beginnings of a Sense of Selfhood Retrieved 2007-10-17
  16. „Harry Ransom Center Holds Archive of Nobel Laureate Doris Lessing“. hrc.utexas.edu. http://www.hrc.utexas.edu/press/releases/2007/lessing.html. конс. 17 март 2008. 

Видете исто така[уреди]

Понатамошно читање[уреди]

• Fahim, Shadia S. (1995). Doris Lessing: Sufi Equilibrium and the Form of the Novel. Basingstoke, UK/New York, NY: Palgrave Macmillan/St. Martins Press. ISBN 0-312-10293-3.

• Galin, Müge (1997). Between East and West: Sufism in the Novels of Doris Lessing. Albany, NY: State University of New York Press. ISBN 0-7914-3383-8.== Надворешни врски ==

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: