Амбасадор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Амбасадор[уреди]

Амбасадорот е дипломат од највисок ранг кој ја претставува неговата земја. Тие обично се акредитирани во странски независни држави или влади или во меѓународна организација, да служат како официјални претставници за нивната земја.

Државите понекогаш поставуваат многу почитувани личности како Специјални емисари на кои им се доделени специфични одговорности и тие работат за да ја советуваат и да ú помагаат на нивната влада во одредена област.

Во секојдневната употреба се однесува на претставниците на владата од највисок ранг кои што се сместени во главен град во странство. Земјата – домаќин својствено му дозволува на Амбасадорот контрола врз одредена територија наречена амбасада, на чијашто територија, персонал па дури и возилата најчесто им е овозможен дипломатски имунитет во земјата – домаќин.

Високите дипломатски службеници помеѓу членовите на Комонвелтот на нации се познати како Високи Комесари, кои се шефови на Високиот Комесаријат. Претставниците на Светата Столица се познати како Папски или Апостолски Нунције (пратеник на Папата). Локалните координатори на системот на ОН се ополномоштени од шефот на државата и тие го имаат истиот ранг.

Од историска гледна точка службениците кои ја претставувале нивната држава во странство биле наречени министри, но овој термин исто така се однесувал на дипломати од втор ранг. Конгресот на Виена од 1815 год. го конкретизирал системот за дипломатскиот ранг според меѓународното право:

Амбасадори се министри од највисок ранг со ополномоштена власт да ги претставуваат нивните шефови на државите. Во модерната употреба, повеќето Амбасадори во странските назначувања како Амбасадори го носат целосниот назив Вонреден и ополномоштен Амбасадор. „Обичните“ Амбасадори и неополномоштениот статус ретко се употребуваат, иако може да се сретнат во одредени околности.

Специјални емисари[уреди]

Специјален емисар е дипломат од највисок ранг и министер кој е ополномоштен да ја претставува својата држава. Но за разлика од локалниот Амбасадор (кој обично е ограничен на една држава ) и/или амбасада, специјалниот емисар е задолжен да раководи со неколку обично соседни земји, региони или понекогаш со соседите на меѓународни организаци како што се Обединетите Нации/ Европската Унија. Во некои случаи на специјалниот емисар може специјално да му биде доделена функција да ја советува и да ú помага на државата или владата за одредени прашања. Од историска гледна точка, Претседателот или Премиерот назначувале специјални дипломатски претставници како специјален емисар за посебни задачи, главно во странство но понекогаш и во границите на државата.

Помеѓу Европските власти, Вонредниот и ополномоштениот Амбасадор (на француски – ambassadeur extraordinaire et plenipotentiaire или на германски – auβerordentlicher und bevollmächtigter Botschafter) од историска гледна точка се сметал за личен претставник на независна држава и обичајот упорно настојувал повеќе Амбасадорите да се испраќаат до шефот на државата отколку до владата на пр., Амбасадори во и од Велика Британија се именувани од Кралскиот Суд на Св. Џејмс (Royal Court St. James – се мисли на палатата Св. Џејмс).

Бидејќи 17 членки на Комонвелтот на нациите имаат или имале заеднички шеф на државата, тие не разменуваат Амбасадори туку наместо тоа имаат Високи Комесари кои повеќе ја претставуваат владата отколку шефот на државата. Во дипломатска употреба, Високиот Комесар го има еднаквиот ранг и функција со Амбасадорот.

После Амбасадорот се ранговите – Дипломатски претставник, Министер резидент (којшто живее таму каде што работи) и ''Вршител на должност''. Тие ја претставуваат нивната влада повеќе отколку нивните шефови на државите. За дополнителни детали види дипломатски ранг.

Додека со титулата најчесто се изразува втората главна функција на Амбасадорот како шеф на дипломатска делегација, во некои држави терминот исто така може да претставува ранг застапуван од дипломати посветени на кариерата, за работа од внатрешно промовирање, без разлика на именувањето на дипломатот и во многу национални кариери доста вообичаено за нив е да бидат назначени за други функции, особено во министерството/министерствата задолжени за надворешни работи, во некои држави за систематска наизменична промена со актуелните именувања на дипломати.

Официјалната форма на обраќање на Амбасадор најчесто е формата што се употребува за обраќање на шефот на државата : „(Ваша/Негова/Нејзина) Ексцеленција“ следена со име и/или државата која се претставува. Во многу земји, често се употребуваат помалку формални варијанти, како што се „Амбасадор“ следена со име, или името следено со „Амбасадор на...“. Во САД, „Г-дин Амбасадор“ може да се употреби.

Во некои земји, поранешен Амбасадор може да биде нарекуван и да му се обраќаат со Амбасадор за време на неговиот/нејзиниот живот (во САД, „Г-дин Амбасадор“ или може да се чујат еднакви термини за жени). Во други земји, Амбасадор е титула која му се додава на личноста само со почит кон одредена функција, и не може да се употребува по заминувањето од функцијата. Некои земји не го користат терминот додека Амбасадорот е во земјата на потекло, бидејќи личноста не е Амбасадор таму; на пр. канадскиот амбасадор додека е во Канада најчесто не му се обраќаат со Амбасадор, иако може да се смета како „Канадски Амбасадор во ...“, тоа е во врска со одредена работна функција; на нив никогаш не им се обраќаат или ги нарекуваат Амбасадори после заминувањето од функцијата или пензионирањето.


Надворешни врски[уреди]