Феминизам
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Феминизам е хетероген збир од социјални теории, политички движења и морална философија што се занимаваат со културните, политичките и економските аспекти на нерамноправноста на жените во однос на мажите. Додека генерално даваат критика на општествените односи, многу застапници на феминизмот се фокусираат и на анализа на родовите нееднаквости и унапредувањето на правата и интересите на жените.
Феминистичката теорија се стреми да ја разбере природата на родовата нееднаквост и се фокусира на родовата политика, односите на моќ и сексуалност. Феминистичкиот политички активизам се бори за теми како репродуктивни права, домашно насилство, мајчинско ослободување, еднакви плати, сексуално малтретирање, дискриминација и сексуално насилство. Темите што ги истражува феминизмот вклучуваат стереотип, опресија и патријархија.
Модерната феминистичка теорија се критикува како предоминантно, но не и ексклузивно, поврзана со западните научни кругови. Феминистичкиот активизам, како и да е, е движење што потекнува од масите и бара надминување на границите втемелени врз социјална класа, раса, култура и религија. Ова движење е специфично за секоја одделна култура и се осврнува на теми значајни за жените во тоа општество: на пример, женско обрежување во Судан, или стаклен таван во економиите во развој. Некои теми, како силувањето, инцестот и мајчинството, се универзални.
Надворешни врски[уреди]
| „Феминизам“ на Ризницата |
