Херман Хесе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Херман Хесе во 1927

Херман Хесе (гер. Herman Hesse; 2 јули 1877 - 9 август 1962) бил германски новелист, писател поет и сликар Нобеловата награда за книжевност ја добива во 1946. Пишувал лирски песни, романи и новели. Во почетокот бил романтичарски настроен во своите прозни дела, и под притисок на психоанализата и оринталните мудрости. Во неговите дела пред се доминираат егзистенционалните, духовните и мистичните теми во кои преовладуваат будистичката и хиндуистичката философија. Негови најпознати дела се Степскиот Волк (Der Steppenwolf), Сидарта(Siddhartha, Игра со стаклените бисери (Das Glassperlenspiel).

Биографија[уреди]

Семеен живот[уреди]

Херман Хесе беше роден на 2 Јули 1877 во градот Блек Форест во Калв , Вуртемберг , Германија . Двајцата родители на Хесе служиле во Индија на мисија под auspices на Мисијата во Базел , Протестантско – христијанско мисионерско општество. Мајката на Хесе , Мари Гундерт била родена за време на една таква мисија во Индија во 1842 . Опишувајќи го нејзиното детство таа рекла : “ Среќно дете , тоа не бев јас … “ Како што било вообичаено за мисионерите во тоа време , таа била оставена во Европа на четиригодишна возраст кога нејзините родители отишле за Индија . За време на пубертетот таа пробала да се побуни против нејзиниот авторитативен татко Херман Гундерт но на крај се подчинила .

Таткото на Хесе , Јоханес Хесе , син на доктор , бил роден во 1847 во Естонискиот град Паиде ( Весенштајн ). На свој начин Др. Хесе бил тиранин исто како и Др Гундерт. Веднаш штом се оженил Јоханес Хесе се преселил во куќата на свекор му . Поради , барем делумно , тамошните услови на пренатрупаност , во 1889 тој го доживеал неговиот прв период bout на длабока депресија . Тој продолжил да доживува такви напади на меланхолија ,weeping и главоболки во текот на целиот негов живот понатаму .

Поради тоа што Јоханес Хесе бил дел од значителното германско малцинство во тој дел од Балтичкиот регион , кој тогаш беше под власта на Руската Империја , неговиот син Херман беше по раѓање граѓанин и на Германската Империја и Руската Империја . Хесе имал пет роднини , од кои двајца умреле во детството . Во 1873 фамилијата Хесе се преселила во Клав кадешто неговиот татко работел за the Calwer Verlagsverein , издавачка куќа специјализирана за теолошки текстови и учебници . Дедо му на Хесе управувал со издавачката куќа во тоа време , и Јоханес Хесе го наследил во 1893 .

Хесе пораснал во Швабска побожна куќа која силно се стремила да ги изолира верниците во мали , мисловни групи . Хесе го опишувал Балтичко – Германско наследство на неговиот татко како “ важен и можен факт ” за неговиот идентитет во развој . Хесе изјавил дека неговиот татко : “ секогаш личел на многу љубезен , странски , осамен и малку разберен гостин . ” Приказните од Естонија на неговиот татко всадиле констрастна смисла за религија во младиот Херман .” Беше exceedingly весел и за целото нејзино Христијанство , среќен свет .... Ништо не посакувавме толку силно колку што да ја видиме оваа Естонија ... каде што животот беше толку рајски , разнобоен и среќен . “ Отуѓувањето наХесе од Swabian petty буржоазија продолжило да расте понатаму со неговата врска со баба му Џули Гундерт , родена како Дубоа , чиешто Француско – Швајцарско наследство ја спречувало да се вклопи во таа средина.

Уште во неговите рани години Херман Хесе бил тврдоглав и тежок за огледување за неговата фамилија . Во писмо до нејзиниот сопуг Јоханес Хесе мајката на Херман Мари напишала : “ Малото момче има живост во него , неверојатна сила , моќна волја и , за неговата четиригодишна возраст навистина неверојатен ум . Како би можел да го изрази се тоа? Оваа внатрешна борба против неговиот тираниски темперамент , неговата бура на страст вистински ми го разјадува животот .... Бог мора да го оформи овој горделив дух за потоа да стане нешто благородно и величествено но се наежувам од самата помисла што би можела да стане оваа млада и страствена личност ако неговото одгледување е несоодветно и пропустливо . Хесе рано покажал знаци на сериозна депресија , уште во неговата прва година на училиште . Во неговата младешка колекција Гербесау (Gerbesau) Хесе живо опишува искуства и анегдоти од неговото детство и младост во Калв : атмосферата и авантурите покрај реката , мостот , капелата , куќите кои се потпирале блиску една до друга , скриени катчиња и ќошеви , исто така и жителите со нивните квалитети достојни за восхит , нивните чудни страни и нивните посебности . Измислениот град Гербесау е псевдоним за Калв , кој го имитира името на еден град кој е близу до Калв , Hirsau . Изведен е од германските зборови gerber што значи кожар , и aue што значи ливада . Калв имала кожна индустрија стара со векови и за време на детството на Хесе влијанието на кожарите ( работилниците ) врз градот сеуште било многу присутно . Омиленото место на Хесе во Калв бил мостот Св . Николас поради што во 2002 година таму бил подигнат споменикот на Хесе направен од скулпторот Курт Тасоти.

Дедото на Херман Хесе , Херман Гундерт , магистер на филозофија кој зборувал многу јазици го охрабрувал момчето на чита многу , давајќи му пристап до неговата библотека која била исполнета со делата од светската литература . Сето ова предизвикало чувство кај Хесе дека е граѓанин на светот . Хесе забележал дека неговиот семеен живот станал “ основата на изолација и отпор на било каков национализам за која може да се каже дека го дефинираше мојот живот ” Младиот Хесе ја делел љубовта кон музиката со неговата мајка . И музиката и поезијата биле важни во неговата фамилија . Мајка му пишувала поезија , а татко му бил познат по неговата употреба на јазик во неговите проповеди и во пишувањето на религиозни трактати . Неговиот прв пример за да стане уметник бил негоиот полубрат Тео , кој се бунтувал против фамилијата при што се приклучил на музички конзерваториум во 1885 . Хесе покажал неверојатна способност за римување и до 1889 – 90 одлучил дека сака да биде писател .

Образование[уреди]

'Во 1881 , кога Хесе имал 4 години , семејството се преселило во Базел , Швајцарија каде што останало 6 години и потоа се вратило во Клав . По успешно завршување на Училиштето по Латински во Гопинген ( Göppingen ) Хесе бил примен во Евангелиската Богословија на опатијата Маулброн есента 1891 година . Учениците живееле и учеле во опатијата , која била една од најубавите и зачуваните во Германија , и таму присуствувале не 41 часа на часови неделно. Иако Хесе поминал добро за време на првите месеци , пишувајќи во писмо дека посебно уживал пишувајќи есеи и преведувајчи класична Грчка поезија на германски , неговото време во Маулброн било почетокот на сериозна лична криза . Во март 1892 година Хесе го покажал својот бунтовен карактер и во една прилика избегал од Богосовијата и бил пронајден во поле еден ден подоцна. Хесе започнал патување низ различни институции и училишта и искусил силни конфликти со неговите родители . Во мај , по обид за самоубиство , поминал некое време во институција во Бад Бол згрижен од теологистот и свештеник Кристоф Фридрих Блмхардт . Подоцна бил сместен во ментална институција во Стетен им Ремстал (Stetten im Remstal ) а потоа во институција за момчиња во Базел . На крајот од 1892 година , тој одел во гимназијата во Канстат. Во 1893 ја поминал едната година на испитување , со која го завршил неговото школување. Истата година тој започнал да се дружи со постари другари и започнал со пиење и пушење .

По ова , Хесе започнал книжевско школување во Еслинген на Некар но по три дена се откажал . Тогаш во раното лето во 1894 година , тој започнал 14 месечно механичко школување во фабрика за саат кули во Калв. Монотонијата на лемењето и завршувањето на работата го натерала да се одлучи да се одаде на подуховни активности. Во октомври 1895 година , тој со цело срце бил спремен да започне со ново школување кај продавач на книги во Тубинген . На ова искуство од неговата младост , посебно тоа време кое го поминал во Богословијата во Маулброн ,се навраќа подоцна во неговиот роман Под тркалото.

Кога станал писател[уреди]

На 17ми Октомври 1895 Хесе започнал да работи во книжара во Тубинген која имала специјализирана колекција за теологија , филологија и право . Задачите на Хесе се состоеле од организирање , пакување и архивирање на книгите. По крајот на секој 12 часовен работен ден , Хесе се знаимавал со негова сопствена работа и ги поминувал неговите долги , идилични недели со книги наместо со пријатели. Хесе проучувал теолошки ракописи и / а подоцна Гете , Лесинг , Шилер и неколку текстови за Грчка митологија .Исто така започнал да го чита Ниче во ’95 и идеите на тој филозоф за “ дуалитет .... импулси на страст и ред ” во човештвото многу влијаеле на повеќето негови новели .

До 1898та година , Хесе имал доста добри примања кои му овозможиле да биде финансиски независен од неговите родители . Во ова време, тој се сконцентрирал на делата на германските романтичари , вклучувајќи голем дел од делата на Клеменс , Брентано , Џозеф Фрејхер фон Ишендорф , Фридрих Холдерин и Новалис .Во писмо до неговите родители тој искажал уверување дека “ моралот на уметниците се заменва со естетиката . ”

Во овој период , тој бил воведен во домот на Фраулајн фон Реутерн , пријателка на неговото семејство . Таму се запознал со млади луѓе на негова возраст . Неговите односи со современиците биле “ проблематични ” поради тоа што повеќето од нив во тоа време биле на факултет. Поради ова обично се чувствувал непријатно во социјални ситуации . Во 1896 , неговата поема “ Мадона ” се појавила во Виенскиот весник (кој го издавало Виенското друштво на уметници ) . Есента , Хесе го издал неговиот прв мал том поезија , Романтични песни . Во 1897 , негова објавена поема “ Grand Valse ” привлекла писмо од обожавател . Било напишано од Хелен Воигт , која следната година се омажила за млад издавач Еуген Диедрикс . За да ја задоволи својата жена , Диедрикс се согласил да ја објави прозната колекција на Хесе која била насловена “ Еден час по полноќ ” во 1898 година ( иако пишува дека е издадена 1899година) . И двете дела биле неуспешни за бизнисот . За две години , само 54 од 600те печатени примероци на Романтични песни биле продадени , и “ Еден час по полноќ ” добила само еден примерок кој бил продаден многу тешко . Исто така Хесе “ претрпел голем шок ” затоа што мајка му не го одобрила делото “ Романтични песни ” поради тоа што песните биле премногу секуларни и дури “ нејасно грешни ” .

Од есента 1899та година , Хесе работел во истакната книжара за антиквитетни ( ретки ) книги во Базел . Преку семејни контакти , тој останал со интелектуалните семејства во Базел . Во оваа околина со богат стимул да ги оствари своите цели тој продолжил да се развива духовно и уметнички . Во исто време , Базел му пружал на самотникот Хесе многу можности за повлекување во приватен живот на уметничко самоистражување , патувања и талкања . Во 1900та година , Хесе бил ослободен од задолжителна воена служба поради очни проблеми . Ова заедно со нервните нарушувања и константните главоболки , го погодувале во текот на целиот живот. Во 1901 , Хесе се обврзал да си го исполни долгопосакуваниот сон и за прв пат отпатувал за Италија . Истата година , Хесе си ја сменил работата и започнал да работи во антиквариумот ( антикварница ) Ватенвил во Базел. Хесе имал повеќе можности да објавува поеми и мали литературни текстови во весници . Овие објавувања сега му овозможувале да добива хонорари . Неговата нова книжара се согласила да го објави неговото следно дело Постхумни Дела и Поеми на Херман Лошер . Во 1902та година , мајка му починала по долга и мачна болест . Тој не можел да присуствува на нејзиниот погреб поради тоа што бил исплашен дека тоа ќе ја влоши неговата депресија. Поради добрите критики кои ги добил за Лошер издавачот Самуел Фишер се заинтересирал за Хесе и со новелата Питер Камензинд , која најпрвин се појавила како пре – публикација во 1903та година и потоа како регуларен примерок испечатен од Фишер во 1904та година , се пробил : од тогаш Хесе можел да заработува за живот како писател . Новелата се прочула во Германија . Сигмунд Фројд го пофалил делото Питер Камензинд како едно од неговите омилени дела за читање .

Помеѓу езерото Констанца и Индија[уреди]

Со литературната слава Хесе се оженил со Марија Бернули ( од славната фамилија математичари ) во 1904та година , се преселил заедно со неа во Гаенхофен на Езерото Констанца и основал семејство , каде што евентуално имал три сина . Во Гаенхофен ја напишал неговата втора новела , Под Тркалото која била објавена во 1906та година .Во понатамошниот период , најмногу пишувал кратки приказни и поеми . Неговата приказна “ Волкот ” која ја напишал во 1906 – 07 “ сосема веројатно ” била предзнак за Степскиот Волк . Неговата следна новела Гертруда , која била објавена во 1910та година , открила производствена криза со која тој морал да се бори додека ја пишувал и која подоцна ја опишал како неуспех . Гаенхофен било местото каде повторно се разгорел неговиот интерес за будизам.По писмото до Капф насловено Нирвана Хесе престанал да алудира на будистички референци во неговата работа . Сепак во 1904та година Артур Шопенхауер и неговите филозофски идеи почнале повторно да привлекуваат внимание , и Хесе ја открил теософијата. Шопенхауер и теософијата го обновиле интересот на Хесе за Индија . Иако тоа било многу години пред објавувањето на Сидарта ( 1992 ) на Хесе , ова ремек дело настанало од овие нови влијанија .

Во тоа време исто така се засилиле несогласувањата меѓу него и Марија и во 1911та година Хесе заминал долго патување до Шри Ланка и Индонезија . Исто така ги посетил Суматра , Борнео и Бурма но “ физичкото искуство го депримирало ”. Неговата потрага по било каква духовна или верска инспирација била неуспешна , но патувањето оставило силен впечаток врз неговото литературно дело . По враќањето на Хесе , семејството се преселило во Берн (1912) но промената на средина не била решение за брачните проблеми , како што и сам признал во неговата новела Рошалде од 1914та година.

За време на втората светска војна[уреди]

На почетокот на Првата Светска Војна во 1914та година , Хесе се регистрирал како доброволец во Кралската Армија , велејќи дека не може мирно да седи покрај топлото огниште додека млади автори умираат на бојното поле . Сепак , бил прогласен / го прогласиле за непогоден за борбена должност , но бил назначен да служи при што се грижел за воени затвореници . Додека повеќето поети и автори од земјите кои учествувале во војната набргу биле вовлечени во тирада на меѓусебна омраза , Хесе во тоа време навидум имун на општиот воен ентузиазам напишал есеј со наслов “ О пријатели , не овие тонови ” кој бил објавен во NZZ (Neue Zürcher Zeitung – Весникот Нов Цирих ) на 3ти Ноември . Во овој есеј тој апелирал до неговите колеги интелектуалци да не потпаднат под националистичкото лудило и омраза . Повикувајќи на покорените гласови и признавање на Европското заедничко наследство Хесе напишал : ..” Дека љубовта е посилна од омразата , разбирањето над гневот , мирот поблагороден од војната , и дека тоа е токму она поради што оваа несвета Светска Војна треба да ги запали овие спомени , повеќе отколку некогаш сте почувствувале “ .Тоа што следело по ова , како што навел подоцна Хесе , било голема пресвртница во неговиот живот : за прв пат тој се нашол во средината на сериозен политички конфликт , го нападнал германскиот печат кој примал заканувачки писма и го дистанцирале старите пријатели .

Тој добил континуирана поддршка од неговиот пријател Теодор Хеус и францускиот писател Ромаин Роланд , кој го посетил Хесе во Август 1915та година . Во 1917та година , Хесе му напишал на Роланд , “ Обидот ... да се примени љубов во политички работи не успеа . ” Оваа јавна контроверзија сеуште не била разрешена кога Хесе доживеал подлабока животна криза со смртта на неговиот татко на 8ми март 1916 година , сериозната болест на неговиот син Мартин и шизофренијата на жена му . Тој бил присилен да ја напушти воената должност и започнал да оди на психотерапија . Ова за Хесе било почеток на долго занимавање со психоанализа , преку кое лично го запознал Карл Јунг бил предизвикан на нови креативни нивоа . Во текот на три неделен период во септември и октомври 1917та година , Хесе го напишал романот Демиан кој бил објавен по примирјето во 1919та година под псевдонимот Емил Синклер .

Куќата Камузи[уреди]

До периодот кога Хесе се вратил во цивилизираниот живот во 1919та година , неговиот брак се разнишал . Неговата сопруга доживеала сериозен напад на психоза и дури и по нејзиното заздравување Хесе не гледал можност за иднина со неа . Нивниот дом во Берн бил поделен , нивните деца биле сместени кај роднините и обезбедени со парична помош , и Хесе се преселил сам во средината на април во Тичино . Тој зафатил мала фарма близу до Минусио ( близу Локарно ) , живеејќи таму од 25 Април до 11 Мај во Соренго . На 11 Мај , се преселил во градот Монтањола и измајмил мали соби во зграда со изглед на замок , куќата Камузи .Таму тој продолжил да ги истражува неговите книжевни проекти ; почнал да слика , активност која се прикажала во неговата голема приказна “ Последното лето на Клингсор ” која била објавена во 1920 година . Овој нов почеток во различни опкружувања му донел среќа , и Хесе подоцна ја нарекол неговата прва година во Тичино најисполнетото , најплодното , најтрудољубивото и најстрасното време од мојот живот . Во 1922та година се појавила Сидарта , новелата на Хесе која ја покажала љубовта за индиската култура и будистичката филозофија што веќе била развиена порано во неговиот живот . Во 1924та година , Хесе се оженил со пејачката Рут Вегнер, ќерка на швајцарската писателка Лиза Вагнер и тетката на Мерет Опенхајм . Сепак овој брак никогаш не се здобил со никаква стабилност .

Во 1923та година , Хесе добил швајцарско државјанство . Неговите следни големи дела , Кургаст ( 1925 ) и Патувањето до Нинберг ( 1927 ) биле автобиографски раскази со иронични нијански и ја најавиле следната новела на Хесе , Степскиот волк која била објавена во 1927 . Во годината на неговиот 50ти роденден , се појавила првата биографија на Хесе , напишана од неговиот пријател Хуго Бол . Набрзо по неговата нова успешна новела тој се оддалечил од осаменоста на Степскиот волк и се оженил со историчарка на уметност Нинон Долбин , родена како странец / имигрант . Оваа промена на заедништвото се одразило во романот Narcissus and Goldmund ( објавена како Смртта и Љубовникот ) кој се појавил во 1930ва година . Во 1931та година , Хесе ја напуштил Куќата Камузи и се преселил со Нинон во голема куќа ( Куќа Хесе ) , во близина на Монтањола , која била изградена според неговите желби .

Во 1931ва година , Хесе започнал да го планира она што станало неговото последно големо дело Игра на Смртта . Во 1932ва година тој ја објавил новелата Патување до Истокот во вид на прелиминарна студија . Играта на смртта била испечатена во 1943та година во Швајцарија . Тој ја добил Нобеловата награда за литература во 1946та година.

Подоцнежен живот и смрт[уреди]

Хесе во 1946та година со загриженост го набљудувал подемот на нацистичката власт во Германија . Во 1933та година , Бертолт Брехт и Томас Ман побегнале во азил и и во двата случаи биле потпомогнати од Хесе . На овој начин , хесе се обидел да работи против поттиснувањето на Хитлер на уметноста и литературата што пртставувало протест против Нацистичката идеологија . “ Неговата трета жена била Еврејка и неговото спротиставување на антисемитизмот било јавно изразено долго пред тоа . ” Хесе бил критикуван поради тоа што не ја осудувал Нацистичката партија , но неговиот неуспех да критикува или поддржува било каква политичка идеjа произлегувало од неговата “ политика на одделување ” . Во ниеден момент тој не ги осудил ( Нацистите ) отворено иако неговото омразување на нивната политика не се доведувало во прашање . Од крајот на 30те , германските списанија престанале да ја објавуваат работата на Хесе која евентуално била забранета од страна на нацистите.

Последната новела на Хесе била Играта на смртта . Во текот на последните дваесет години од својот живот , Хесе напишал многу раскази главно сеќавања од детството и поеми најчесто на тема природа Хесе напишал иронични есеи за неговото отуѓување од пишувањето на пример пародичните автобиографии : Кратко раскажана животна приказна и Од преписот на еден поет и поминал долго време следејќи го својот интерес за акварели . Хесе исто така се занимавал со постојаниот прилив на писма кои ги добивал како резултат од Нобеловата награда и од новата генерација германски читатели кои ја истражувале неговата работа . Во еден есеј , Хесе го гледал иронично негоивот доживотен неуспех да се здобие со талент за безделничење и шпекулирал дека неговата просечна дневна преписка била повеќе од 150 страници . Тој починал на 9ти август 1962ра година и бил погребан на гробиштата во Сан Абондио во Монтањола , каде што е погребан и Хуго Бол .

Влијание[уреди]

Во неговото време , Хесе бил популарен и влијателен автор во германското говорно подрачје , светската слава дошла малку подоцна . Првата позната новела на Хесе , Питер Камензинд , била примена со ентузијазам од страна на младите германци кои сакале да имаат различен и “ поприроден ” начин на живот во времето на големиот економски и технолошки напредок во земјата. Демијан имала силно и трајно влијание на генерацијата која се враќала дома од Првата Светска Војна . Слично на тоа , Играта на смртта со дисциплинираниот интелектуален свет на Касталија и моќта на медитација / посредување и човештво / хуманост ги привлекле Германците кои копнееле по нов поредок по хаосот од срушена нација по поразот во Втората Светска Војна.

Почнувајки од 1950те години , популарноста на Хесе драстично опаднала поради тоа што литеатурните критичари и интелектуалци го свртеле своето внимание кон други субјекти . Во 1965та година , продажбата на книгите на Хесе од страна на неговиот издавач Сукамп била најлоша на сите времиња . По смртта на Хесе во 1962ра година , постхумно објавените дела , вклучувајќи писма и прозни дела кои претходно не биле познати , придонеле за разбирање и вреднување на неговите дела на ново ниво . Во времето на смртта на Хесе во 1962ра година , неговите дела сеуште биле релативно непознати во Соединетите Држави . Во Меморандум објавен во Тајмс ( New York Times ) тие отишле толку далеку што тврделе дека делата на Хесе биле во голема мера “ недостапни ” за американските читатели . Ситуацијата се променила во средината на ‘60те кога делата на Хесе одеднаш станале бестселери во САД .

Популарноста на делата на Хесе била оживеана поради нивната поврзаност со некои од популарните теми на контракултурното (хипи ) движење од 60те . Особено темата за потрагата по просветлување во Сидарта , Патување до Истокот и присвоените котракултурни идеали во Narcissus and Goldmundresonated ( Смртта и Љубовникот ) .Некои луѓе ги толкувале секвенците / епизодите / продолженијата на “ волшебниот театар ” во Степскиот волк како последици од халуциогени наркотици иако немало доказ дека Хесе ги примал ниту пак ги препорачувал . Голема улога во прославувањето на Хесе во Соединетите Држави имале ентузијастичните дела на двајца контракултурни писатели : Колин Вилсон и Тимоти Лири .( Причините за прославувањето на Хесе во САД во голем дел можат да се пронајдат уште во ентузијастичните ракописи на двајца влијателни контракултурни мажи : Колин Вилсон и Тимоти Лири. ) Од Соединетите Држави ренесансата на Хесе се проширила во другите делови на светот па дури и назад во Германија : повеќе од 800 000 примероци се продале во германското говорно подрачје во 1972 -73та година . Во период од само неколку години , Хесе станал најчитаниот и најпреведуваниот европски автор на 20 век . Хесе бил особено популарен кај младите читатели , тенденција која продолжува и денес .

Сидарта е еден од најпопуларните западноевропски новели чие дејство се одвива во Индија . Овластен превод на Сидарта бил објавен на јазикот малајалам ( Дравидски јазик во индијската држава Керала ) во 1990 година , јазикот кој во поголемиот дел на животот го опкружувал дедо му на Хесе , Херман Гундерт. Исто така во Индија била формирана заедница Херман Хесе . Таа имала за цел да ја преведе Сидарта во сите индиски јазици . Заедницата веќе подготвила превод во Санскрит Еден траен споменик на постојаната популарност на Хесе во Соединетите Држави бил Волшебниот Театар во Сан Франциско . Тој се однесувал на “ Волшебниот театар само за лудаци ” во Степскиот Волк ( еден вид на духовно и малку кошмарно кабаре каде што присуствувале некои од ликовите , вклучувајќи го и Хари Халер ), и бил основан во 1967та година со цел да ги изведува делата на нови драматурзи . Основан од Џон Лав , Волшебниот театар ја исполнил таа мисија за многу години , вклучувајќи ги и светските премиери на многубројните пиеси на Сем Шепард .

Исто така, во Чикаго , има театар именуван по новелата Театар Степски Волк . Многу училишта низ цела Германија се именувани по него . Во 1964та година во Калв била основана / воведена наградата Херман Хесе , која се доделува на секои две години наизменично , на литературен весник на германски јазик или на преведувач на делата на Хесе на странски јазик . Исто така има награда Херман Хесе поврзана со градот Карлуше.

Награди[уреди]

  • 1906 – Bauernfeld-Preis ( Награда Бауернфелд )
  • 1928 – Mejstrik-Preis of the Schiller Foundation in Vienna ( Награда Мејестрик од Фондацијата Шилер во Виена )
  • 1936 – Gottfried-Keller-Preis ( Награда Готфрид - Келер)
  • 1946 – Goethe Prize ( Награда Гете )
  • 1946 – Nobel Prize in Literature ( Нобелова награда за литература )
  • 1947 – Honorary Doctorate from the University of Bern (Почесен докторат од Универзитетот во Берн )
  • 1950 – Wilhelm-Raabe-Preis ( Награда Вилхем Раб )
  • 1954 – Pour le Mérite ( За заслугите )
  • 1955 – Peace Prize of the German Book Trade ( Мировна награда од Германската трговија со книги )

Библиографија[уреди]

  • (1899) Eine Stunde hinter Mitternacht. Novella. ( Еден час по полноќ )
  • (1900) Hermann Lauscher (Херман Лошер )
  • (1904) Peter Camenzind ( Питер Камензид )
  • (1906) Unterm Rad (Beneath the Wheel also published as The Prodigy) ( Под тркалото )
  • (1908) Freunde. Novella. ( Пријатели )
  • (1910) Gertrud ( Гертруда )
  • (1914) Roßhalde ( Рошалд )
  • (1915) Knulp. (“Three Tales from the Life of Knulp”) ( Кнулп – Трите приказни од животот на Кнулп )
  • (1916) Schön ist die Jugend. Novella. ( Прекрасна е младоста )
  • (1919) Demian (published under the pen name Emil Sinclair) ( Демијан )
  • (1919) Klein und Wagner ( Малиот и Вагнер )
  • (1920) Klingsors letzter Sommer (Klingsor's Last Summer) ( Последното лето на Клингсор)
  • (1922) Siddhartha ( Сидарта )
  • (1927) Der Steppenwolf ( Степскиот Волк )
  • (1930) Narziß und Goldmund (Narcissus and Goldmund) (also published as Death and the Lover ) ( Смртта и љубовникот )
  • (1932) Die Morgenlandfahrt (Journey to the East) ( Патување до Истокот )
  • (1943) Das Glasperlenspiel (The Glass Bead Game) (also published as Magister Ludi) ( Игра на смртта )

Наводи[уреди]

  •  "Hermann Hesse autobiography". Nobelprize.org. Retrieved 2007-07-16.
  •  Gundert, Adele, "Marie Hesse: Ein Lebensbild in Briefen und Tagebuchern," as quoted in Freedman (1978) pp. 18–19.
  •  Freedman (1978) p.21
  •  Freedman (1978) p.23
  •  Freedman (1978) p. 38
  •  Weltbürger – Hermann Hesses übernationales und multikulturelles Denken und Wirken. An exhibition of the Hermann-Hesse-Museum of the City of Calw from 2. July 2009 to 7. February 2010
  •  a b c Hermann Hesse: Briefe. Frankfurt am Main: Verlag Suhrkamp, 1964. p. 414.
  •  Volker Michels (ed.): Über Hermann Hesse. Verlag Suhrkamp, Frankfurt am Main, vol 1: 1904–1962, Repräsentative Textsammlung zu Lebzeiten Hesses. 2nd ed., 1979, ISBN 3-518-06831-8, p. 400.
  •  Freedman, p. 30
  •  An English equivalent would be "Tannersmead."
  •  Siegfried Greiner Hermann Hesse, Jugend in Calw, Thorbecke (1981), ISBN 3799520090 p. viii
  •  Freedman (1978) pp. 30–32
  •  Freedman (1978) p. 39
  •  Zeller, pp.26–30
  •  Freedman (1978) p. 53
  •  J. J. Heckenhauer. heckenhauer.de
  •  Freedman (1978) p. 69
  •  Freedman (1978) p. 111
  •  Freedman (1978) p. 64
  •  Freedman(1978) pp. 78–80
  •  Freedman(1978), p. 79
  •  Freedman(1978) p. 97
  •  Freedman(1978), pp. 99–101
  •  Freedman (1978) p. 107
  •  Freedman (1978) p. 108
  •  Freedman (1978) p. 117.
  •  Gustav Emil Müller, Philosophy of Literature, Ayer Publishing, 1976.
  •  Freedman (1978) p. 140
  •  Freedman (1978) p. 149
  •  "Hermann Hesse Schriftsteller" (in German). Deutsches Historisches Museum. Retrieved 15 January 2008.
  •  a b Zeller, p. 83
  •  a b Mileck, Joseph (1977). Hermann Hesse: Biography and Bibliography. Vol.1. Berkeley, Los Angeles, London:University of California Press. p. 42. ISBN 0-520-02756-6. Retrieved 11 October 2010.
  •  Freedman (1978) p. 166
  •  Zeller, pp. 83–84
  •  Freedman (1978) pp. 170–71.
  •  Freedman (1978) p. 189
  •  Zeller, p. 93
  •  Zeller, p. 94
  •  Galbreath (1974) Robert. "Hermann Hesse and the Politics of Detachment", p. 63, Political Theory, vol. 2, No 1 (Feb 1974).
  •  Galbreath (1974) Robert. "Hermann Hesse and the Politics of Detachment", p. 64, Political Theory, vol. 2, No 1 (Feb 1974)
  •  Prinz, pp. 139–142
  •  Zeller, p. 90
  •  Zeller, p. 186
  •  Zeller, pp. 180–181
  •  a b Zeller, p. 185
  •  Zeller p. 189
  •  Zeller, p. 188
  •  Zeller p. 186
  •  Hermann-Hesse-Preis award. Hermann-hesse.de (2012-09-18). Retrieved on 2012-09-23.
  •  Hermann-Hesse-Preis 2003. karlsruhe.de

Извори[уреди]

  • Freedman, Ralph, Hermann Hesse: Pilgrim of Crisis: A Biography, Pantheon Books, NY 1978
  • Prinz, Alois, Und jedem Anfang wohnt ein Zauber inne. Die Lebensgeschichte des Hermann Hesse, Suhrkamp Verlag, Frankfurt am Main, 2006. ISBN 9783518457429.
  • Zeller, Bernhard: Hermann Hesse, Rowohlt Taschenbuch Verlag, Reinbek bei Hamburg, 2005. ISBN 3499506769.

Надворешни врски[уреди]

  • Complete bibliography at Nobelprize.org
  • Works by Hermann Hesse on Open Library at the Internet Archive
  • Works by Hermann Hesse at Project Gutenberg
  • Hermann Hesse Page – in German and English, maintained by Professor Gunther Gottschalk
  • Hermann Hesse Portal
  • Hesse-Film.de, German Documentary about his life – in German
  • Community of the Journeyer to the East – in German and English
  • Concise Biography – originally published by the Germanic American Institute, by Paul A. Schons
  • Article at Books and Writers
  • The painter Hermann Hesse Galerie Ludorff, Düsseldorf, Germany
  • Audio recording in English of Siddhartha from Librivox.org
  • Lajos Kovács. "Erziehung in Hermann Hesses "Glasperlenspiel" – Diplomarbeit". GRIN.