9 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
9 август е 221-иот ден во годината според григоријанскиот календар (222-и во престапна година). Остануваат 144 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани [уреди]
Настани:
| 681 | По победата над Византиските војски на императорот Константин IV, Аспарух го формирал канството Бугарија на јужниот брег од делтата на Дунав, со престолнина во Плиска. |
| 1173 | Започнала изградбата на ѕвоникот на катедралата во Пиза, кој подоцна ќе стане Кривата кула во Пиза. |
| 1842 | Потпишан е договорот за источниот дел од границата помеѓу САД и Канада, односно помеѓу државата Мејн од САД и провинциите Квебек и Њу Бранзвик од Канада, со што се окончани долгогодишните погранични судири. |
| 1930 | Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Чинии со вртоглавица (англ. Dizzy Dishes). |
| 1942 | Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!. |
| 1945 | Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија. |
| 1969 | Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената актерка Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански. |
| 1986 | Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури. |
Родени:
| 1386 | Хенри V, англиски крал. |
| 1631 | Џон Драјден, англиски поет. |
| 1776 | Амадео Авогардо, италијански хемичар. |
| 1883 | Панко Брашнаров, македонски комунист |
| 1938 | Род Лејвер, легендарен австралиски тенисер, единствениот двократен освојувач на календарски Гренд Слем. |
| 1938 | Леонид Кучма, вториот украински претседател. |
| 1939 | Романо Проди, италијански премиер, поранешен претседател на Европската Комисија. |
| 1945 | Ваит Насуфи, македонски писател. |
| 1963 | Витни Хјустон, американска пејачка и актерка. |
| 1971 | Андреј Кабанов, руски кануист-спринтер . |
| 1972 | Хуанес, колумбиски поп пејач. |
| 1973 | Филипо Инзаги, италијански фудбалер. |
Починале:
| 916 | Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и на црковното беседништво, прв оргинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година. |
| 1048 | Папа Дамасиј II, римски папа. |
| 1919 | Руџеро Леонкавало, италијански композитор. |
| 1921 | Јован Атанацковиќ, српски генерал. |
| 1962 | Херман Хесе, германски писател и нобеловец. |
| 2008 | Махмуд Дарвиш, палестински поет. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |