23 август

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024

23 август — 235-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (236-и во престапна година).

Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак девица.

Остануваат 130 денови до крајот на годината.

Настани:

1839  Велика Британија на почетокот на Опиумската војна против Кина го зазеде Хонгконг кој од 1942 година стана независна колонија.
1866  Завршува Австриско-пруската војна
1914  Јапонија ѝ објави војна на Германија во Првата светска војна. На Версајската конференција во 1919 година на победничката Јапонија и се доделени многу германски колонии во Тихиот Океан како награда за учествувањето во војната на страната на силите на Антантата.
1927  Во Бостон се погубени анархистите Сако и Ванцети, по судскиот процес кој предизвикал доста контроверзии
1939  Министрите за надворешни работи на Германија и на СССР, Јоаким Рибентроп и Вјачеслав Молотов во Москва потпишаа спогодба за ненапаѓање. Во документот двете сили се обврзаа за „запирање“ на секој акт на насилство. Меѓутоа, две години подоцна Германија ја прекрши спогодбата и го нападна Советскиот Сојуз на 22.06.1941 година.
1948  Основан е Светскиот совет на црквите.
1952  Основана е Арапската Лига.
1962  Американскиот телекомуникациски сателит „Телстар“ за првпат емитуваше телевизиски пренос на линијата САД - Европа.
1975  Комунистите ја освојуваат власта во Лаос по долга граѓанска војна.
1990  Ерменија прогласува независност од СССР.

Родени:

1740  Иван VI — руски цар.
1754  Луј XVI — француски крал.
1761  Готлоб Ернст Шулцегермански скептички филозоф.
1811  Огист Браве — француски физичар.
1849  Вилијам Хенли Ернест — англиски поет.
1864  Елефтериос Венизелос — грчки револуционер и политичар.
1878  Едмон Бушје Де Бел — француски писател.
1880  Александар Грин — руски писател.
1887  Алвин Хансен — американски економист.
1910  Џузепе Меаца — италијански фудбалер.
1924  Роберт Солоу — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1924  Ефраим Кишон — израелски писател, сценарист и режисер.
1926  Ана Липша - Тофовиќ — југословенска и македонска оперска пејачка.
1929  Золтан Цибор — унгарски фудбалер.
1929  Вера Мајлс — американска глумица.
1946  Кит Мун — англиски рок-музичар, член на групата „Ху“.
1952  Сантилјана — шпански фудбалер.
1954  Филип Емегвали — нигерски инженер.
1959  Едвин Колинс — шкотски рок-музичар, продуцент и телевизиски глумец.
1962  Шон Рајдер — британски поп-рок-музичар, член на групата Хепи Мандис (Happy Mondays).
1966  Марко Брачи — италијански одбојкар.
1970  Ривер Феникс — американски глумец.
1971  Деметрио Албертини — италијански фудбалер.
1977  Јелена Розга — хрватска поп-пејачка.
1984  Андреана Чекиќ — српска пејачка.
1990  Стефан Спировски — македонски фудбалер.
1994  Јусиф Нуркиќ — босански кошаркар.

Починале:

1806  Шарл Кулон — француски физичар.
1832  Јохан Георг Ваглер — германски зоолог.
1926  Рудолф Валентино — американски глумец.
1987  Дидје Пирони — француски автомобилист во трките на „Формула 1“.
2006  Магдолна Хас — унгарска македонистка.
2018  Екрем Хусеин — македонски балетан.