11 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
11 август е 223-иот ден во годината според григоријанскиот календар (224-и во престапна година). Остануваат 142 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани:
| 480 п.н.е. | Персијците под водство на Ксеркс извојувале победа над Спартанците под водство на кралот Леонид во битката кај Термопилите. Спартанците се бореле до последниот војник. |
| 1918 | Прва светска војна: Завршува Битката кај Амјен. |
| 1929 | Бејб Рут станува првиот безбол играч во историјата со повеќе од 500 претрчувања. |
| 1934 | Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија. |
| 1941 | Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атланска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата. |
| 1960 | Чад прогласува независност. |
| 1966 | Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека Битлси се попопуларни од Исус. |
| 1972 | Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам. |
| 1999 | Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија. |
| 2003 | НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО. |
Родени:
| 1814 | Иван Мажураниќ, хрватски писател. |
| 1858 | Кристијан Ејкман, холандски доктор и Нобелов лауреат. |
| 1883 | Ернст Штадлер, германски поет. |
| 1926 | Арон Клуг, британски хемичар. |
| 1928 | Риза Идризи, учесник во НОВ. |
| 1931 | Фимчо Муратовски, македонски диригент. |
| 1933 | Божидар Тодоровски - Бодле, македонски поет. |
| 1946 | Милан Гутовиќ, српски глумец. |
| 1947 | Јоргос Караџаферис, грчки политичар. |
| 1949 | Ѓорѓи Спасов, македонски политичар. |
| 1950 | Стив Возњак, сметачки пионер и основач на фирмата „Apple“ заедно со Стив Џобс. |
| 1957 | Жарко Башески, македонски скулптор. |
| 1964 | Сашо Пижевски - Пиже, македонски шоумен. |
| 1971 | Лидија Димковска, македонски поет. |
Починале:
| 1578 | Педро Нуњес, португалски математичар. |
| 1844 | Јернеј Копитар, словенечки преродбеник. |
| 1898 | Никола Филипчев, македонски револуционер. |
| 1919 | Ендрју Карнеги, шкотски индустријалист и филантроп. |
| 1939 | Џаноберто Бугати, италијански автоконструктор. |
| 1956 | Џексон Полок, американски уметник - претставник на апстрактниот експресионизам. |
| 1987 | Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. |
| 1996 | Баба Ванѓа, македонско-бугарска јасновитка. |
| 2010 | Хорас Лант, американски славист и македонист. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |