Баба Ванѓа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Баба Ванѓа
Vanga.jpg
јасновидка од Бугарија
Родена 31 јануари 1911
Струмица, Отоманска империја, денес Македонија Македонија
Починала 11 август 1996
Петрич,  Бугарија


Вангелија Пандева Димитрова попозната како Баба Ванѓа (31 јануари 1911, Струмица11 август 1996, Петрич) била позната наводна јасновитка од Бугарија, родум од Македонија.[1] По нејзиниот брак, таа го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава. Инаку, многу ја сметале и за лажна. Денес, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни, можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.

Таа ја знаела точната дата на својата смрт и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.

Исцелителски способности

Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт. „После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање? Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден човек од театарот.[се бара извор]

Баба Ванѓа сметала дека човекот се раѓа за да прави добри дела. Според неа ниедна лоша работа која ја направил човекот, не останува неказнета. Секогаш следува казна, ако не на оној кој сторил лошо, се одразува на неговите деца.[се бара извор]

Претскажувачки способности

Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.

Нејзината дарба како јасновидец и претскажувач била посебна.[2] Таа видела многу работи и покрај тоа што била слепа, можела да зборува со цвеќињата и да посетува различни места на земјата. Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта.

Многу познати политичари, меѓу кои и Хитлер, ја имаат посетено. Тој излегол видно вознемирен од нејзината куќа, а таа сепак останала жива.[се бара извор] Најстрашните предвидувања на Баба Ванѓа се за руската нуклеарна подморница Курск која потона во август 2000 година, за која таа уште во 1980 година предвиде дека ќе предизвика катастрофа. Таа ги предвидела и нападите на Кулите-Близначки во Америка уште во 1989 година каде рекла дека невина крв ќе биде пролеана.

Таа зборувала за иднината иако не сакала. Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со браќа по умот од други светови. Дури велела и дека многу вонземјани живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.

Извори

  1. Красимира Стоянова, "Ванга", Издателство "Български писател", София, 1989, стр. 32.
  2. Ванѓа бие претседателот Медведев за ТВ-рејтинг во Русија

Галериjа

Надворешни врски