Клеопатра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клеопатра VII
Кралица на Египет

Биста на Клеопатра VII
Владеење 51 п.н.е. - 12 август 30 п.н.е.
Птоломеј XIII (51 п.н.е. - 47 п.н.е.)
Птоломеј XIV (47 п.н.е. - 44 п.н.е.)
Цезарион (44 п.н.е. - 30 п.н.е.)
Полно име Клеопатра VII Теја Филопатор
Претходник Птоломеј XII Аулет
Наследник нема (римска провинција)
Придружник Птоломеј XIII Тео Филопатор
Птоломеј XIV
Јулиј Цезар (дефакто)
Марк Антони (де факто)
Деца Птоломеј Цезар (Цезарион)
Клеопатра Селена II
Александар Хелиос
Птоломеј Филаделфиј
Династија Птоломаиди
Татко Птоломеј XII Аулет
Мајка Клеопатра V Египетска

Клеопатра VII Филопатор (69 п.н.е.[1] – 12 август, 30 п.н.е.) — македонска кралица на Египет која владеел како фараон. Позната е како последен независен владетел на земјата бидејќи по нејзината смрт Египет станал римска провинција.

Клеопатра била припадничка на Птоломејската династија која владеела со Стариот Египет, т.е. наследничка на еден од генералите на Александар Македонски кој ја презел контролата врз Египет после неговата смрт.

Клеопатра на почетокот владеела заедно со нејзиниот татко Птоломеј XII Аулет а подоцна заедно со нејзините браќа, Птоломеј XIII и Птоломеј XIV, со кого и се омажила согласно со Египетските обичаи.

Биографија[уреди]

Прочуената египетска кралица од династијата Птоломеј е родена во 69. г.пр.н.е., а умрела во 30.г.пр.н.е. Владеела од 51.г.пр.н.е., најнапред како совладетел на својот брат и маж Птоломеј XIII кој наскоро завладеал сам, но мошне кратко. Имено, Јулиј Цезар го победува и ја враќа Клеопатра на престолот. Потоа таа се омажила за својот втор брат Птоломеј XIV, кому му го препуштила владеењето зашто во меѓувреме му станала љубовница на Цезар, кој ја повел во Рим (од 46.г.пр.н.е. до 44.г.пр.н.е.).

Враќајќи се во Египет, наредила да го убијат Птомолеј XIV за да го земе за совладетел својот син Цезарион, кому татко му бил, како што тврдела, Цезар.

Потоа му била љубовница на Марко Антониј, кому му родила три деца- близнаците Клеопатра Селена II и Александар Хелиос, како и синот Птомолеј.

Во војната помеѓу Октавијан и Антониј Клеопатра на страната на Антониј со египетска флота во битката кај Акциј (31.г.пр.н.е.), римска колонија на јонскиот брег на Грција. Пред да одлучи да го напушти боиштето и да избега во Александрија, не успевајќи да го придобие Октавијан, а кој и го убил Цезарион, како и од страв тој да не ја поведе како заробеничка во триумфот во Рим, заедно со Антониј си го одзема животот со труење, според преданието со каснување на змија отровница. По смртта за децата се грижела жената на Марко Антониј, инаку сестра на Октавијан.

По Клеопатра изумрела династијата Птоломеј, а Египет станал римска провинција.

Клеопатра и нејзиниот живот се честа тема во ликовните уметности и литературата. Во европската книжевност влегла преку Плутарх, Хорациј, Проперциј и Вергилиј. Од ренесансната и барокната драма, која Клеопатра ја довела на сцената (Шекспировата „Клеопатра и Антониј"), нејзиниот лик се до денес во литературата е прототип на демонска жена која за мажите станува фатум („Ноќта на Клеопатра" од Т. Готје, „Цезар и Клеопатра" од Џ. Б. Шо, „Клеопатра" од В. Алфиери и др.). Музички таа тема ја обработиле, меѓу другите, Д. Кимарос и Ж. Масне во опери, како и Х. Берлиоз во ораториум, а сликарите (претежно драматскиот момент на смртта на Клеопатра) преку мајсторите од Ј. ван Скорел и Тицијан, Гверцино, Рение, Рубенс, Лорен и Тиепол, до Делакроа и Макарт. Сепак, најпознат е филмот од 1963. година, во кој Клеопатра и Антониј ги играат Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

Постојат непотврдени сознанија дека Клеопатра VII Филопатор, како што и било официјалното име, била роднина на Александар Велики, најголемиот војсководач во историјата на светот. Сигурно се знае дека нејзин далечен предок бил Птомолеј I, генерал на Александар и, како што веруваат многумина, полубрат по татко му Филип Македонски.

Потекло на името[уреди]

Името за кое викаат дека е Хеленско, мора да го прифатиме со резерва, бидејќи Хелените ги преведувале на нивен јазик топонимите..па и личните имиња(пр. Египет кој се викал КМТ..Кеопс кој се викал КУФУ и живеел пред Хелените да дојдат во Европа..)..веројатно коренот на името и доаѓа од античко Македонскиот збор АТА кој значи Татко...но иако името е извртено на Хеленски со додатоците оС и иС..сепак се препознава коренот АТА..Така, на пример, францускиот историчар Ламартин во своето дело " Vie d'Alexander le Grand" (Париз, 1859, стр. 54), во врска со ова ќе запише:

"Грците ги испревертувале дури и имињата на владетелите и војсководците со кои војувале. Tиe на ce давале хеленски изглед, дури и во Индија и Персија..."..па веројатно цел свет не бил Хелени пред Хелените и да стапнат во Европа...

Таа била втората ќерка на Птоломеј XII Аулет. На смртта на татко и 51 п.н.е. на само 18 години таа станала ковладетел со нејзиниот брат Птоломеј XIII кој подоцна и станал маж. До август 51 п.н.е. таа го испуштала неговото име од официјалните документи што се носело со дотогашните египетски традиции. Понатаму на монетите се појавувало лицето на Клеопатра.

Можеби поради овој напад на независност, Потиниус ја тргнал од власта и откако таа неуспешно кренала востание отпловила со нејзината помала сестра. Есента 48 п.н.е. Птоломеј ја зацврстил својата власт мешајќи се во работите на Рим. Кога Помпеј го победил Цезар и пристигнал во Александрија барајќи прибежиште, Птоломеј наредил да го убијат за да се обедини тој со Цезар. Но, Цезар бил толку многу згрозен од ваквото предавство што го конфискувал целиот египетски капитал и станал арбитер меѓу Птоломеј и Клеопатра (треба да се спомене дека Помпеј бил маж на Ќерката на Цезар, која умрела раѓајќи го синот). По кратка војна Птоломеј XIII бил убиен и Цезар ја вратил Клеопатра на тронот со нејзиниот помлад брат Птоломеј XIV како ковладетел. Цезар престојувал во Египет во зимата 48-47 п.н.е. и Клеопатра ги зацврстила своите позиции станувајки му љубовница. Египет останал независен, но биле оставени три римски легии да го штитат. Врската меѓу овие двајца резултирала со син кој бил наречен Птоломеј Цезар (Цезариус) но самиот Цезар одбил да го назначи за наследник, и за таков го ставил внук му Октавијан. Клеопатра и син и го посетиле Рим помеѓу 46 и 44 п.н.е. и биле присутни кога Цезар бил убиен. Пред или по враќањето во Египет, Птоломеј XIV умрел мистериозно (можно е да бил отруен од Клеопатра) по што синот на Клеопатра станал ковладетел и наследник.

Во 42 п.н.е. Марко Антониј еден од триумвирите кои владееле со Рим по смртта на Цезар ја замолил Клеопатра да се сретнат во Тарсус за да ја потврди лојалноста, Клеопатра пристигнала доста привлечно и Антониј решил да ја помине зимата 42-41п.н.е. со неа во Александрија. За време на зимата таа останала бремена со близнаците Клеопатра Селен и Александар Хелиос. 4 години подоцна во 37п.н.е. Антониј ја посетил Александрија додека се подготвувал за војна со Партијаните. Ја обновил врската со Клеопатра и од тогаш па натаму Александрија станала негов дом. Можно е да се оженил за Клеопатра иако во тоа време бил венчан со сестрата на Октавијан. Тој и Клеопатра имале уште едно дете Птоломеј Филаделфус. По освојувањата на Антониј секое од овие деца добило територија со која владеело: Клеопатра и Цезарион - Египет и Кипар, Александар Хелиос - Ерменија, Медија и Партија, Клеопатра Селен - Тунис и Либија и Птоломеј Филаделфус - Феникија, Сирија и Сицилија. Клеопатра го зела прекарот “кралица на кралевите”. Има многу приказни за Клеопатра како на пример таа дека на една вечера со Антониј се обложила со него дека може да потроши 10 милиони сестерци за да организира вечера. Утредента таа нарачала чаша со оцет и во неа ставила еден од своите бисери и ја испила смесата. Однесувањето на Антониј не било прифатливо за Римјаните па Октавијан го убедил Сенатот да кренат војна против него. Во 31 п.н.е. силите на Антониј се соочиле со Римјаните во поморска битка на брегот на Актиум. Клеопатра била пристуна со сопствената флота. Легендата вели дека кога таа ги видела сиромашно опремените бродови на Антониј како губат се повлекла, а тоа го направил и Антониј, но нема дополнителни докази за тоа. По оваа битка Октавијан го заседнал Египет. Како што се доближувал до Александрија, војниците на Антониј дезертирале. Клеопатра и Антониј се самоубиле таа го направила тоа користејќи отров од змија и се отровила на 12 Август, 30 п.н.е.. Синот на Клеопатра со Цезар бил погубен, а другите 3 деца со Антониј биле одведени кај жената на Антониј, Октавија. Често се вели дека Клеопатра користела асп за нејзиното самоубиство. Тоа се однесува на отров од различни змии, но првенствено од египетска кобра. Постои и друга теорија која вели дека Клеопатра не се самоубила туку била убиена од Октавијан, но ова не било толку веродостојно.

Смртта на Клеопатра го означила крајот на Египетската монархија. Римските владетели дошле во Египет да владеат со него. Птоломеидите биле Македонци во суштина, но тие владееле како Египјани, фараони. Клеопатра била последниот фараон на Египет. Нејзината посветеност на државата била огромна,Плутарх запишал дека мајчин јазик на Клеопатра бил "македонскиот јазик"!..Плутарх пишува: "Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа преоѓаше од еден јазик во друг, така што имаше само неколку барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека со поголемиот број од нив таа директно разговараше. Такви беа: Етиопјаните, Троглодите, Евреите, Арапите, Сиријците, Медите, Партијците и многу други, чии јазици таа ги научи. Тоа беше повеќе изненадувачки затоа што повеќето од нејзините предци кралеви едвај се мачеа да го научат египетскиот јазик, а некои од нив прилично го запоставија и македонскиот јазик".(на англиски "Macedonian", a во оригиналот на грчки: Μακεδονιζειν) (Antony by Plutarch, Translated by John Dryden) ,но исто така зборувала течно 9 јазици но не и латинскиот, била одлична во матекатика и особено го ценела Цезар како многу паметен човек, за разлика од него Антониј бил помалку интелегентен. http://classics.mit.edu/Plutarch/antony.html

Се верува дека една од најпознатите двојки на светот, Марко Антониј и Клеопатра, не биле ниту приближно толку убави колку што се прикажуваат на холивудското платно.

Имено, на паричката од 32-та година пред новата ера, Клеопатра не изгледа воопшто убаво - остар нос, тенки усни и шилеста брада. Ниту малку не наликувала на познатата глумица во филмот Клеопатра од 1963 година, Елизабет Тејлор. Марко Антониј, пак, чиј лик го играл познатиот глумец Ричард Бартон, имал сплескан нос и премногу дебел врат.

Во секој случај нивниот изглед не бил многу далеку од оној кој го опишал Шекспир во 1608 година.

"Римските писатели ја опишувале Клеопатра како многу интелигентна и харизматична жена со заводлив глас, но никаде не се споменува нејзината убавина", вели Линдсеј Алисон- Џонс , директорка на археолошкиот музеј.

Стручњаците велат дека сребрената пара што е изложена во Универзитетот во Њукасл не е премногу вредна, но е многу интересна за колекционерите.

Предци[уреди]

Високиот степен на inbreeding кај птоломаидите може да се види од претците на Клеопатра VII. Според стемата прикажана подолу, таа имала само четири great-grandparents и шест (од можни 16) great-great-grandparents (уштеповеќе, четири од овие шест биле потомци на другите два).

Белешки[уреди]

  1. Walker, стр. 129.

Наводи[уреди]

  • Hegesippus, Historiae i.29–32.
  • Lucan, Bellum civile ix.909–911, x.
  • Macrobius, Saturnalia iii.17.14–18.
  • Orosius, Historiae adversus paganos vi.16.1–2, 19.4–18.
  • Pliny, Naturalis historia vii.2.14, ix.58.119–121, xxi.9.12.
  • Suetonius, De vita Caesarum Iul i.35.52, ii.17.
  • Syme, Ronald (1962), „The Roman Revolution“, Oxford University Press .
  • Walker, Susan; Higgs, Peter (2001), „Cleopatra of Egypt, From History to Myth“, British Museum Press, ISBN 978-0714119434 .

Литература[уреди]

  • Bradford, Ernle Dusgate Selby (2000), „Cleopatra“, Penguin Group, ISBN 9780141390147 
  • Burstein, Stanley M., „The Reign of Cleopatra“, University of Oklahoma Press 
  • Flamarion, Edith; Bonfante-Warren, Alexandra (1997), „Cleopatra: The Life and Death of a Pharoah“, Harry Abrams, ISBN 9780810928053 
  • Foss, Michael (1999), „The Search for Cleopatra“, Arcade Publishing, ISBN 9781559705035 
  • Roller, Duane W. Cleopatra: A Biography (Oxford University Press; 2010; 252 pages; $24.95). scholarly biography

Надворешни врски[уреди]

  • penelope.uchicago.edu Cleopatra VII (VI) at LacusCurtius – Chapter XIII of E. R. Bevan's House of Ptolemy, 1923 (англиски)