Хемија

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Хемијата претставува наука која се занимава со изучување на интеракциите помеѓу хемиските супстанци.

Хемијата (на грчки: χημεία) е природна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата, како и промените кој настануваат при хемиските реакции[1]. Хемијата претставува физичка наука која ги изучува различните типови на атоми, молекули, кристали и други типови на агрегати изолирани или во меѓусебни интеракции кој во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиските процеси. Модерната хемија еволуирала од алхемијaта.

Различните дисциплини во рамките на хемијата се групираат според видот на материја кој се изучува во нивни рамки.

  1. неорганската хемија се занимава со изучување на неорганските материи;
  2. органската хемија се занимава со изучување на органските материи;
  3. биохемијата се занимава со изучување на супстанците кои се наоѓаат во живите организми;
  4. физичката хемија е поврзана со изучување на енергетските промени кои настануваат во хемиските системи на макро ново, на молекуларно и субмолекуларно ниво;
  5. аналитичката хемија се занимава со анализа на примероци за да се добијат сознанија за хемискиот состав и за структурата на материјата.

Брзиот развој на науката се почесто доведува до развој на гранични дисциплини помеѓу хемијата и други науки (физика, медицина и др.).

Содржина

[уреди] Основни концепти во хемијата

[уреди] Атом

Главна статија: Атом.
Елементарни честички во атом од хелиум: два електрона (жолти) кои се околу јадрото, во електронската обвивка; протони (црвени) и два неутрона (зелени), кои се наоѓаат во јадрото на атомот.

Во физиката и хемијата, атомот претставува најмалата структурна честичка на секој хемиски елемент (со тоа и на материјата) што ги има неговите карактеристични својства. Секој атом се состои од атомско јадро и електронска обвивка. Атомот се состои од неколку типови на елементарни честички. Во јадрото се наоѓаат неутралните неутрони и позитивно наелектризираните протони (или позитрони), додека во електронската обвивка се наоѓаат негативно наелектризираните електрони. Елементарни честички од кои е изграден атомот играат голема улога при дефинирањето на својствата на атомите, како и при нивното поврзување со други атоми од ист или различен хемиски елемент.

[уреди] Хемиски елемент

Главна статија: Хемиски елемент.

Хемиски елемент претставува тип на атоми кои поседуваат ист атомски број - односно кои поседуваат ист број на протони во јадрото на атомот. Хемиските елементи, исто така, поседуваат и ист број на електрони во електронската обвивка.

[уреди] Соединение

Главна статија: Соединение.

Хемиските соединенија (или накусо само соединение) се супстанции во чиј состав влегуваат најмалку два различни атоми[2][3]. Хемиските соединенија можат да се разложат на елементарни супстанции со одредена хемиска реакција или процес.

[уреди] Супстанца

Главна статија: Супстанца.

[уреди] Молекула

Главна статија: Молекула.

Во хемијата под поимот молекула се подразбира доволно стабилна, електронеутрална група која се состои од најмалку два атоми кои на точно определен начин се поврзани меѓу себе со хемиска врска[4][5].

[уреди] Јони и соли

Главна статија: Јони и соли.

[уреди] Хемиска врска

Главна статија: Хемиска врска.

[уреди] Хемиска реакција

Главна статија: Хемиска реакција.

[уреди] Енергија

Главна статија: Енергија.

[уреди] Литература

  1. Chemistry. (n.d.). Merriam-Webster's Medical Dictionary. пристапено на: 19 август, 2007.
  2. The Free Dictionary Online "Chemical compound."
  3. Elements and Compounds
  4. Шаблон:GoldBookRef
  5. Pauling, Linus (1970). General Chemistry. New York: Dover Publications, Inc.. ISBN 0-486-65622-5. 
    Ebbin, Darrell, D. (1990). General Chemistry, 3th Ed.. Boston: Houghton Mifflin Co.. ISBN 0-395-43302-9. 
    Brown, T.L. (2003). Chemistry – the Central Science, 9th Ed.. New Jersey: Prentice Hall. ISBN 0-13-066997-0. 
    Chang, Raymond (1998). Chemistry, 6th Ed.. New York: McGraw Hill. ISBN 0-07-115221-0. 
    Zumdahl, Steven S. (1997). Chemistry, 4th ed.. Boston: Houghton Mifflin. ISBN 0-669-41794-7. 


Други јазици