Кристал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кварцен кристал
Бизмутен кристал
Инсулин кристали
Галиум, метал што лесно формира единечни крупни кристали
Голем артефактен монокристал

Кристалите се супстанции во тврда агрегатна состојба со правилна внатрешна градба. Кристалите се ограничени со рамни и мазни површини кои се сечат под различни агли. Ограничувачките површини имаат најразлични геометриски форми (квадрат, правоаголник, ромб, ромбоид, многуаголник и друго).

Основната структурна честичка на кристалот е кристалната решетка. Со детални рендгенографски и други испитувања на кристалите е утврдено дека структурните честички им се правилно подредени. Правилно распоредените места во кристалот околу кои осцилираат атомите, молекулите или јоните се јазли на кристалната решетка. Ако се поврзат со прави линии сите јазли, ќе се добие формата на идеалната кристална решетка.

Просторната кристална решетка на секој кристал е составена од кристални клетки. Елементарна кристална клетка е најмалиот дел од кристалната решетка (група соседни честички) со чие транслаторно поместување, паралелно на нејзините рабови, а во сите насоки, може да се добие целата просторна кристална решетка на идеален кристал. За време на кристализацијата (време на создавање на кристалот), елементарните клетки на извесен начин спонтано правилно се подредуваат една до друга, а со тоа кристалот расте. Кога ќе се натрупаат доволно голем број вакви клетки ќе се добие видливо парче кристал.

Кај реалните кристали надворешната форма е дефинирана со формата на елементарната кристална клетка и со условите при кои течела кристализацијата. Реалните кристали се најчесто деформирани, односно со дефекти во однос на идеалната геометриска форма што би требало да ја имаат.

Воопшто, елементарната кристална клетка на секој кристал е дефинирана со најмалите можни вредности на нејзините рабови (a, b и c) и со определени вредности на аглите меѓу нив.

Кај кристалите има елементи на симетрија, од кои најзастапени се следниве:

  • Центар на симетријата е точка во кристалот околу која се распоредени граничните елементи (врвови, рабови, плоштини), така што правите линии што поминуваат низ неа ги пресекуваат рабовите или ги прободуваат спротивните плоштини под 90o, а притоа пресечените или прободени точки се еднакво оддалечени од тој центар.
  • Оски на симетријата се замислени прави линии, околу кои кога ќе се заврти кристалот за определен агол, идентично ќе се повторат наредени сите гранични елементи. Кристалот може да има повеќе оски на симетрија.
  • Рамнини на симетрија се сите замислени рамнини кои го делат кристалот на два наполно еднакви делови кои се распоредени во однос на нив како предметот и ликот во рамно огледало.

Според геометриската форма на кристалната клетка, сите кристали се распоредени во седум кристалографски системи: кубичен, ромбоедарски, ромбичен, тетрагонален, моноклиничен, триклиничен и хексагонален.

Во зависност од природата на силите меѓу структурните елементи во кристалната решетка, има: