Ромбоид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ромбоид
Rhomboid.png
Ромбоид е паралелограм кој не ниту ромб ниту правоаголник
Тип Четириаголник
Рабови и темиња 4
Симетриска група C2
Плоштина h·a
Својства конвексен

Во геометријата, ромбоид е четириаголник кој има два пара паралелни страни (т.е. е паралелограм), но соседните страни не се исти (т.е. не е ромб) и нема внатрешен агол од 90° (т.е. не е правоаголник). [1]  Од друга страна, поимот паралелограм вклучува и ромбоиди, ромбови, правоаголници (и квадрати).

Romboid not.png
Ромбоид е паралелограм кој не е ромб, ниту правоаголник, ниту квадрат.


Формули и особини на ромбоид[уреди]

Види и паралелограм.

  • Ромбоид е паралелограм
    • Спротивни страни се складии (со иста должина).
    • Спротивни (внатрешни) агли се складии (со иста големина).
    • Соседни агли се суплементни (се собираат до 180°).
  • Ромбоид не е ромб.
    • Соседни страни на ромбоид не се складни.
    • Дијагоналите на ромбоид не ги преполовуваат внатрешните агли.
  • Ромбоид не е правоаголник.
    • Соседни агли на ромбоид не се складни. (Бидејќи ромбоид е паралелограм, соседни агли се собираат до 180°. Доколку беа складни би биле по 90° и фигурата би била правоаголник.)
    • Дијагоналите на ромбоид не се складни.


Симетрија[уреди]


Впишана и опишана кружница[уреди]


Наводи[уреди]

  1. Weisstein, Eric W. (2013). „Rhomboid“ (на англиски). Math World- A Wolfram Web Resource. http://mathworld.wolfram.com/Rhomboid.html. конс. Септември 2013. 
  2. Andreescu, Titu; Enescu, Bogdan (2006). „Mathematical Olympiad Treasures“. Birkhäuser. стр. 64–68. ISBN 978-0817682521. .
  3. Usiskin, Zalman; Griffin, Jennifer; Witonsky, David; Willmore, Edwin (2008). „10. Cyclic quadrilaterals“. „The Classification of Quadrilaterals: A Study of Definition“. Research in mathematics education. IAP. стр. 63–65. ISBN 978-1-59311-695-8. 


Поврзани теми[уреди]