Обем (геометрија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Периметар е растојанието околу дадена геометриска слика. Зборот е со старогрчко потекло и значи „обиколна мерка“.

Содржина

Практична примена [уреди]

Периметарот и плоштината играат голема улога во денешниот свет. При поставувањето на огради и други граничници, луѓето пресметуваат периметар на просторот. Плоштината пак се користи кога извесен простор е исполнет со нешто, како да речеме двор со ѓубриво.

Формули [уреди]

Многуаголници [уреди]

По правило, периметарот на многуаголник се пресметува со собирање на должините на сите страни. Така, формулата за триаголници е P=a+b+c, каде a, b и c се неговите страни. За четириаголници равенката е P=a+b+c+d. За рамнострани многуаголници, P=na, каде n е бројот на страни, а a е должината на страна.

Кружници [уреди]

За кружници равенката е


  P = 2 \cdot \pi \cdot r

или


  P = d \cdot \pi

(Точката означува множење)

Видете исто така [уреди]