Иван Мажураниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Иван Мажураниќ
Ivan Mažuranić
Ivan Mažuranić drawing.jpg
Роден 11 август 1814
Нови Винодолски, Хрватска
Починал 4 август 1890
Загреб, Хрватска
Занимање хрватски поет


Иван Мажураниќ (хрватски: Ivan Mažuranić) е најголемиот претставник на романтизмот во хрватската литера. Заедно со Петар Петровиќ Његош и Григор Прличев претставува едно од врвните поетски имиња во литературите на јужнословенските народи. Тој е еден од водечките творци во периодот на романтизмот, на територијата на јужнословенските народи, во време на економско-социјални и политички тешки ситуации на Балканот.

Животен пат[уреди]

Мажураниќ е роден 1814 година во Нови Винодолски (Хрватско Приморје), во средноимотна селска фамилија. Дел од Хрватското Приморје и Далмација по паѓањето на Наполеон не биле присоединети кон Хрватска, туку директно потпаднале под управа на Виена. Во тие краишта се чувствувало силно влијание на Виенскиот двор, кој настојувал да го германизира хрватското население. Германизацијата била спроведувана преку училиштата(основните и средните училишта биле германски). Така и школувањето на Мажураниќ било туѓинско. По завршување на основното училиште во родното место, отишол да учи гимназија во Риека, во која ги совладал германскиот и унгарскиот јазик (самостојно учел англиски и француски). Школувањето го продолжил во Сомботхељ – Унгарија, каде студирал филозофија и во Загреб, каде студирал право. Мажураниќ најдобро ќе биде запаметен поради тројното остварување, на полињата на економија, лингвистика и политика. Ликот на Мажураниќ е поставен на банкнотата од 100 хрватски куни издадени во 1993 и 2002 година. [1]Мажураниќ умрел во Загреб 1890 година.[2]

Политика и економија[уреди]

Како завршен правник една година работел во загребската гимназија, а потоа добива адвокатското место во Карловац. По пропаѓањето на феудализмот во Хрватска (1848), станал пратеник во хрватскиот собор. Брзо почнал да напредува во својата политичка кариера и станал бан на Хрватска(1873). Тој бил првиот бан по потекло селанец. Како бан, во Хрватска го унапредил школството и придонесол за подобра организција на административниот апарат.[3]

Неговиот реална проценка на силните и слабите страни на позицијата на Хрватска меѓу чеканот на австриската бирократијата и наковалната на унгарскиот експанзионистички национализам служеше на својата земја и во време на политички превирања. Мажураниќ бил член на Народната партија. Ја постигнал и водел модернизацијата на Хрватска во преминот од феудалниот систем во модерно општество слично на она што се појавува во останатите земји од централна Европа. Го постигнува и модернизирањето на хрватскиот образовен систем со поставување мрежа од јавни училишта и намалување на бројот на деноминалните училишта што се смета како важен чекор во намалување на влијанието на српската идеологија во Хрватска.

Литературна дејност[уреди]

Мажураниќ почнал да пишува стихови уште како ученик во риечката гимназија. Во трети клас ја напишал песната Винодолски Долче да си здраво. Во времето на Илирското движење, кога почнал да излегува весникот Даница, ја објавил песната Приморецот до Даница(1853). Во Даница, освен песни, објавувал афоризми, статии, реферати и преводи. Во нив ја покажал својата одушевеност и приврзаност кон Илиризмот.[4]

Со литературната дејност Мажураниќ се занимавал дванаесетина години, од 1835 – 1847 година. Тоа е времето кога Илирското движење било најактивно и кога во Хрватска се ширеле идеите за национална, политичка и економско-социјална слобода. Покрај песните што ги објавил во Даница, Мажураниќ на покана од Матица Хрватска, го дополнил Гундулиќевиот еп „Осман“ со две пеења и дал коментар и речник за целиот еп. По неколку години во Карловац, го напишал и го објавил во алманахот Искра своето најзначајно дело, поема Смртта на Смаил-ага Ченгиќ (1846). Со ново настанатите прилики во Хрватска по сломот на феудализмот и замирањето на Илирското движење, Мажураниќ се оддал на општествено-политичка активност и ја запоставил литературната дејност. До крајот на животот напишал уште неколку песни но со помали уметнички квалитети од претходните дела.

Стилот и јазикот на Мажураниќ[уреди]

Стилот на Мажураниќ во поемата Смртта на Смаил-ага Ченгиќ и неговите други дела е едноставен раскажувачки и збиен. Секој збор е употребен на место и не би можел да се изостави затоа што би се нарушила јасноста на кажувањето. Својот стил Мажураниќ го градел под влијание на народната песна и со употреба на многу стилски фигури: симболи, метафори, контрасти, паралелизми и други. Тие кај него не се цел сами за себеси туку ги користел да му даде поголема збиеност и силина на својот израз. Многу честа стилска фигура во стиховите на Мажураниќ е епитетот со која тој на кажувањето му дава едноставна живост. За да одреди одредена психолошка состојба на личностите Мажураниќ упоребува адекватни изразни средства. Како што расте возбудата и бесот во душата на агата против рајата така во стиховите се редат се посилни изрази. Стилот на пишување му е на народен јазик од штокавско наречје, со примеси од јазикот на дубровничките поети и со некои јазични особини на чакавското наречје.

Смртта на Смаил-ага Ченгиќ[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Смртта на Смаил-ага Ченгиќ.

Смртта на Смаил-ага Ченгиќ е поема составена од пет епски песни Агување, Ноќен патник, Чета, Арач и Прокоба. Раскажувањето е проткаено со лирски дигресии преку кои Мажураниќ искажал свои мисли и чувства.[5] Предмет на поемата е еден современ историски настан од животот на Црногорците – убиството на Смаил-ага Ченгиќ во 1840 година. Мажураниќ ги прикажал злосторствата и насилствата што ги вршел турскиот поробувач врз рајата и борбата на Црногорците за уништување на тиранијата.[6][7]

Мажураниќ отстапил од историската вистина затоа што имал за цел на настанот да му додаде широко значење и во главниот лик не толку да го прикаже вистинскиот Смаил-ага колку во него да претстави тип на тиранин во времето на турското ропство.

Идеите во поемата[уреди]

Преку фабулата за злосторствата на Смаил-ага неговото убиство од страна на Црногорците, Мажураниќ ни окрива едно сознание дека светата должност на човекот е да се бори против тиранијата и да ја уништи. Борбата против поробувачите е единствениот пат да им се стави крај на насилствата и угнетувањето. Само со борба може да се стекне и да се брани слободата.

Од односот на Смаил-ага кон Дурак и син му Новица, кон кој бил безмилосен иако се Турци, Мажураниќ открил дека во основа на судирите на луѓето освен национални и верски причини лежат и социјални. Новица го мрази Смаил-ага иако се Турци. Тој кова завера против агата, затоа што Ченгиќ е феудалец кој угнетува, а тој е слуга којшто мора да трпи. Со оваа идеја за класниот карактер на судирите во феудалното општество, Мажураниќ и дал поширока социјална основа на својата поема.

Во последната песна од поемата Прокоба, Мажураниќ ја изразил филозовската идеја за непостојаноста во животот. Ништо не е вечно, што ќе рече дека ниту ропството, тиранијата и насилството не можат да бидат вечни. Оваа идеја на Мажураниќ во време коа поголемиот дел од јужнословенските народи беа под ропство претставуваше искра надеж и верба во доаѓањето на слобода. Слично на Његошевиот Горски Венец и поемата Смртта на Смаил-ага Ченгиќ е химна на борбата за слобода.

Користена литература[уреди]

  • "Литература за прва година" - Љубен Андреев, Невена Исакова, Лазо Каровски, Бранко Пендовски;17 издание, Просветно Дело, 2000 година
  • Иван Мажураниќ, биографија

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]