10 август

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

10 август е 222-иот ден во годината според григоријанскиот календар (223-и во престапна година). Остануваат 143 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Полиптих 3, 1969 - темпера и злато на панел, слика на Димитар Кондовски

Настани:

Поделбата на Македонија помеѓу окупаторските сили согласно одредбите на Букурешкиот договор од 1913 г.
1675  Поставен е камен-темелникот на Кралската опсерваторија во Гринич, денес местото кајшто минува нултиот меридијан.
1792  Француска револуција: Револуционерите во Париз навлегле во палатата Тилери (подоцна запалена и урната во текот на Париската комуна), со што ја окончале монархијата.
1913  Потпишан Букурешкиот мировен договор, со катастрофални последици по Македонија и македонскиот народ. По Втората балканска војна, која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.
1969  Само еден ден по шесте брутални убиства, членовите на култот Чарлс Менсон напаѓаат уште еднаш: овој пат жртви се Лено и Роузмари Лебјанка.
1977  Во Њујорк уапсен е Дејвид Берковиц, попознат како Синот на Сем, сериски убиец кој досега има признаено дека извршил шест убиства.
2000  Според следачот на промената на светското население на www.ibiblio.org, светската популација ја достигнува бројката од 6 милијарди.
2005  Ли Сунг Сеп од Јужна Кореја умира поради преголем замор предизвикан од непрестано 49-часовно играње на World Of Warcraft и StarCraft.

Родени:

1865  Александар Петрович Глазунов, руски композитор, последен претставник на руската национална школа. Умре во Париз, на 21 март 1936 година.
1888  Кристофер, принц на Грција.
1902  Арне Тиселиус, шведски хемичар и Нобелов лауреат.
1937  Јован Павловски, македонски поет.
1939  Вера Сојчевска - Антиќ, македонски историчар.
1960  Антонио Бандерас, шпански актер.
1966  Хајрула Мисини, поранешен член на ОНА.
1967  Ридик Боу, американски боксер и поранешен неспорен светски шампион во тешка категорија.
1971  Рој Кин, поранешен ирски фудбалер и легенда на Манчестер Јунајтед, моментален менаџер на Сандерленд.

Починале:

1870  Жил Пјер Рамбир, француски ентомолог.
1896  Ото Лилинтал, германски пионер во областа на летањето, првиот човек кој летал со едрилица, поради што е познат како Кралот на едрилиците.
1903  Јордан Пиперката, македонски револуционер.
1912  Паул Валот, германски архитект.
1915  Хенри Мозли, англиски физичар.
1954  Роберт Годард, американски професор по физика.
1967  Димитар Кондовски, македонски академик.
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември