7 август

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

7 август е 219-иот ден во годината според григоријанскиот календар (220-и во престапна година). Остануваат 146 денови до крајот на годината. Шаблон:Август 2014

Настани:

1816  Францускиот лекар Рене Ленак го измисли стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања стана составен дел на инструментите на секој лекар.
1888  Џек Мевосек го извршува првото од своите убиства во Лондон.
1895  Во Венеција, Италија е отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.
1960  Се осамостојува Брегот на Слоновата Коска.

Родени:

1876  Маргарета Гертруда Целе — попозната како Мата Хари, германски шпион од Првата светска војна со холандско потекло.
1932  Абебе Бикилаетиопски атлетичар, познат како „Босоногиот тркач“, освојувач на два златни олимписки медали во дисциплината маратон.
1947  Софија Ротару — советска пејачка.
1954  Антонио Ресинес — американски глумец.
1958  Брус Дикинсонанглиски пејач, член на Iron Maiden.
1960  Дејвид Духовни — американски глумец.
1961  Елена Давидовасоветска гимнастичарка, освојувачка на два златни медали на Олимпијадата во Москва во 1980 г.
1966  Џими Велс — основач на Википедија.
1982  Јана Клочковаукраинска пливачка, освојувачка на пет олимписки медали, од кои четири - златни.
1983  Андриј Гривко — украински велосипедист.
1987  Фелипе Алисте Лопес — бразилски фудбалер.

Починале:

1890  Вилхелм Либкнехт, германски револуционер. Тој е еден од основачите на Втората Интернационала во 1869 година. Роден е во 1826 година.
1616  Винченцо Скамоци, италијански ренесансен архитект.
1938  Константин Сергеевич Алексеев, руски режисер.
1987  Михаило Апостолски, македонски генерал.
1989  Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог.
2001  Рефик Иљази, член на ОНА.
2001  Лефтер Коџај, член на ОНА.
2005  Милчо Ристов, македонски физичар.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември