Винченцо Скамоци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Винченцо Скамоци од Паоло Веронезе

Винченцо Скамоци (итал. Vincenzo Scamozzi), (2 септември 1548 - 7 август 1616) — италијански архитект и архитектонски писател, главно активен во Виченца и Венеција во втората половина на XVI век. Тој е најважната фигура во регионот, заедно со Андреа Паладио и Балдасаре Лонгена, единствениот ученик на Скамоци.

Скамоци е роден во Виченца. Татко му, Џан Доменико Скамоци, бил геометар и градежен изведувач; тој бил воедно и неговиот прв учител, задојувајќи го со принципите на Себастијано Серлио. Во периодот од 1579-1580, Винченцо го посетил Рим, а потоа во 1581 се преселил во Венеција. Во 1600 ја посетил и Франција и таму оставил книга на скици со неговите впечатоци од француската архитектура, откриена дури во 1960 г.[1]

Влијанието на Скамоци земало огромен замав, многу поширок и подалечен од самите нарачки во Италија кои го добивал преку неговото дело „Идејата за универзална архитектура“ (L'Idea della Architettura Universale), која претставува последно ренесансно дело во полето на теоријата на архитектурата. Делото било издадено во 1615 во Венеција, и содржело гравурни илустрации. За делови од неговиот осврт кон Витрувиј, Скамоци се потпирал на коментарите на Даниеле Барбаро, објавени во 1556 со илустрации од Паладио;[2] тој исто така расправал и за градежната практика. Ваквите дела станаленачин на самопромовиање, па затоа Скамоци во своето дело вклучил и многубројни свои планови и елевации, како што биле изградени, како што требало да бидат изградени, и како идеализирани проекти. На Скамоци му била јасна користа од ширење на публицитет низ утврдените канали на книжарството.

Пред тоа, неговото прво дело се состоело од набрзина сковани илустрирани коментари за рушевините во Рим, „собрани за неколку дена“ (според воведот на книгата), а гравурите биле преземени од веќе постоечки гравури на лагер. Над половината биле копии на Хиеронимус Кок, објавени во 1550-тите.

Неговото најгажно дело изглегло предоцна за повлијае врз неговиот сопствен успех; Скамоци починал следната година. Неговите дела се подеднакво важен извор на неопаладијанската архитектура на англискиот архитект Иниго Џонс, колку и самиот Андреа Паладио. Историчарот на уметност Рудолф Витковер го нарекол „интелектуален татко на неокласицизмот“.[3]

Хронологија на дела[уреди]

Сите дела освен едно се наоѓаат во Италија:

Белешки[уреди]

  1. Franco Barbieri, уредн. Taccuino di Viaggio da Parigi a Venezia (Венеција/Рим:Istituto per la Collaborazione Culturale).
  2. Иниго Џонс во својата библиотека го имал Паладио, Скамоци и Барбаро за Витрувиј.
  3. Витковер, рецензија на Франко Барбиери, „Винченцо Скамоци“ (Верона/Виченца:Каса ди Риспармио) во The Burlington Magazine 95 Бр. 602 (мај, 1953), стр. 171.

Библиографија[уреди]