28 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
28 август е 240-иот ден во годината според григоријанскиот календар (241-и во престапна година). Остануваат 125 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1929 | Рударите од рудникот Лојане, кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија. |
| 1963 | Пред околу 200.000 поддржувачи во Вашингтон Мартин Лутер Кинг го одржал познатиот говор за правата на црнците „Имам еден сон“. |
| 1991 | Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на неделниот спортски магазин „Скок“. |
| 1996 | На православниот христијански празник Успение на Света Богородица во црквата „Света Богородица“ кај Берово, од громовите што удрија во масата 10-15 илјади луѓе, загинаа девет лица, а 40-мина беа повредени. |
| 1996 | Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија. |
Родени:
| 1749 | Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу книжевни струења и правци. |
| 1796 | Ирене-Жил Биенаме, француски математичар. |
| 1851 | Иван Тавчар, словенечки писател и политичар. |
| 1917 | Сотир Гулески, македонски раскажувач и романсиер. |
| 1925 | Аркади Стругацки, руски писател. |
| 1925 | Борис Стругацки, руски писател. |
| 1936 | Радомир Ивановиќ, српски и црногорски есеист. |
| 1957 | Виктор Христенко, руски политичар. |
| 1960 | Нона Караџова, бугарски политичар. |
| 1977 | Тодор Гечевски, македонски кошаркар. |
| 1978 | Мирко Енглих, германски борач. |
Починале:
| 1968 | Антон Панов, македонски писател. |
Празници:
| ٭ | Ден на рударите на Македонија. |
| ٭ | Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |