14 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
14 август е 226-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (227-и во престапна година). Остануваат 139 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани:
| 1457 | Гутенберговата печатница во Мајнц ја издава првата печатена книга во боја - „Мајнцишки псалтир“ (на сликата) отпечатена во црвена и црна боја. |
| 1784 | На островот Кодијак покрај Аљаска основана е првата руска колонија. Во 1867 година САД ја купуваат Аљаска од Царска Русија за 7,2 милиони долари. |
| 1893 | Франција воведува регистрација на моторните возила. |
| 1941 | Втора светска војна: Официјално е објавен текстот на Атлантската повелба потпишана од британскиот премиер Винстон Черчил и американскиот претседател Франклин Рузвелт . |
| 1945 | Јапонија ги прифаќа условите за предавање на сојузниците во Втората светска војна. |
| 1947 | Пакистан добива независност од британската Индиска империја под администрација на Велика Британија и се приклучува на Британскиот Комонвелт. |
| 1949 | Формиран е Македонскиот фудбалски сојуз. |
| 2009 | За 7 часа 42 минути и 32 секунди македонскиот пливачки маратонец Томи Стефановски го преплива каналот Ла Манш. По Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година, тој е третиот Македонец што го препливал каналот кој го дели Британскиот остров од останатиот дел од Европа. |
Родени:
| 1714 | Клод Вернер, француски сликар. |
| 1740 | Папа Пиј VII, римски папа. |
| 1777 | Ханс Кристијан Ерстед, дански физичар. |
| 1867 | Џон Голсворди, англиски писател и Нобелов лауреат, автор на познатата трилогија Сага за Форсајтови. |
| 1868 | Петар Поп Арсов, македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација. |
| 1876 | Алекандар Обреновиќ, српски крал. |
| 1912 | Френк Опенхајмер, американски физичар. |
| 1915 | Видое Смилевски - Бато, македонски народен херој, истакнат револуционер и општествено-политички работник. |
| 1919 | Раде Јовчевски - Корчагин, македонски народен херој. |
| 1945 | Елена Кожухарова, македонски поет. |
| 1983 | Мила Кунис, американски филмска актерка. |
| 1984 | Џорџо Кјелини, италијански фудбалер . |
| 1986 | Робин Седерлинг, шведски тенисер. |
Починале:
| 1464 | Папа Пиј II, римски папа. |
| 1484 | Папа Сикст IV, римски папа. |
| 1941 | Пол Сабатје, француски хемичар и добитник на Нобелова награда. |
| 1942 | Алексеј Троицки, руски шаховски композитор. |
| 1956 | Бертолт Брехт, германски писател. |
| 1958 | Фредерик Жолио-Кири, француски физичар и Нобелов лауреат. |
| 1977 | Александар Лурија, руски невролог и психолог. |
| 1988 | Енцо Ферари, италијански конструктор на спортски автомобили. |
| 2004 | Чеслав Милош, полски писател и нобеловец. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |