8 август

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

8 август е 220-иот ден во годината според григоријанскиот календар (221-и во престапна година). Остануваат 145 денови до крајот на годината. Шаблон:Август 2014


Слика од комплексот и околината за време на истрагата по повод Аферата Вотергејт

Настани:

1786  Мишел-Габриел Пакар и Жак Балма се првите луѓе кои го искачиле врвот Монблан.
1918  Прва светска војна: Започнала Битката кај Амјен во Франција, која била серија на континуирани победи на сојузниците во текот на 100-дневната офанзива, со кои завршила војната.
1938  Започнала изградбата на концентрациониот логор Матхаузен во Австрија, тогаш анектирана од Нацистичка Германија.
1945  Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх. Овој суд ќе го спроведе познатиот Нирнбершки процес.
1966  Битлси“ го издаваат албумот „Револвер“, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според мрежното место Rate Your Music.
1969  Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица Зонд-7 со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа.
1974  Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон соопшти дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател - Џералд Форд.
1976  Американската рок-групаБостон“ го издава истоимениот албум, кој до денес е најпродаван дебитантски албум во историјата.
2001  Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово.

Родени:

1748  Јохан Фридрих Гмелин — германски природонаучник.
1790  Ференц Келчеи — унгарски поет.
1809  Људевит Гај — хрватски лингвист.
1879  Емилијано Запатамексикански револуционер.
1901  Ернест О. Лоренсамерикански физичар и Нобелов лауреат.
1919  Дино де Лаурентиситалијански филмски продуцент.
1925  Алија Изетбеговиќпретседател на Босна и Херцеговина.
1936  Илхами Емин — македонски поет и раскажувач.
1937  Дастин Хофман — американски глумец.
1943  Есма Реџепова — македонска пејачка.
1944  Борис Апостолов — македонски поет и раскажувач.
1950  Кемал Комина — македонски поет и раскажувач.
1950  Димитрије Бужаровски — истакнат македонски композитор и музиколог.
1964  Клаус Ебнер — австриски писател.
1961  Неџмедин Сулејмани — член на ОНА.
1980  Борут Божич — словенечки велосипедист.
1981  Роџер Федерершвајцарски тенисер.
1983  Џонатан Тафра — чилеански спринт-кануист.
1987  Питер Стетина — американски велосипедист.

Починале:

117  Марко Улпиј Трајан, римски император.
1171  Хенри Блоа, епископ на Винчестер.
1295  Отоне Висконти, архиепископ на Милано.
1879  Имануел Херман Фихте, германски философ.
1919  Руџеро Леонкавало, италијански композитор.
1944  Хаим Сутин, руски експресионистички сликар.
1973  Никос Захаријадис, генерален секретар на Комунистичката партија на Грција.
1974  Кирил Манчевски, македонски музичар.
1996  Невил Мот, британски физичар и Нобелов лауреат.
2007  Душко Малевски, македонски новинар.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември