Монблан
Од Википедија, слободната енциклопедија
- За други значења видете: Мон Блан (појаснување).
Монблан (француски: Mont Blanc = Бела Планина, италијански: Monte Bianco = Бела Планина) е планина во Алпите со највисок врв во Западна Европа од 4.808м.
Планината се протега помеѓу регионите на долината Аоста во Италија и Високи Савои во Франција. Врвот Монблан се наоѓа на границата помеѓу двете земји, иако и едната и другата сакаат да го цртаат на картите како свој. Последен договор за границата е оној помеѓу Франција и Кралството Сардинија кајшто границата е определена на највисоката точка на Монблан[1].
Планината е популарна за планинарење, алпинизам и скијање. Најпознати центри се Шамони и Курмајер.
Врвот Монблан први го освоиле Жак Балма и Мишел Габриел Пакар на 8 август 1786.
Наводи [уреди]
|
|||||||||||||||||||||||
| Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
