Кирил Манчевски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Кирил Манчевски
Родено име Зоран Маџиров
Роден(а) 8 ноември 1935
(Долно Косоврасти, Дебарско
Починал(а) 8 август 1974
Занимања музичар

Кирил Манчевски (Долно Косоврасти, Дебарско, 8 ноември 1935 - 8 август 1974) бил еден од великаните на градската, лирска народна песна[1].

[уреди] Биографија

Роден е во Долно Косоврасти, Дебарско. Иако по занимање всушност беше металски работник, во текот на неговиот кус живот тој и се посвети на народната песна, која беше неговиот најверен сопатник. Како човек беше едноставен и искрен, исклучително духовит, вистински професионалец - велат за него оние кои го имаа задоволството лично да го познаваат. Неговиот музички талент е откриен во 1950-тите години. Оттогаш тој стана и сценски презентатор на народната песна, во и надвор од Македонија. Заедно со разните македонски фолклорни ансамбли тој имаше можност да ја отвори својата "лирска душа" и на светската јавност, која е љубител на македонските музички бисери. Најчесто настапувал како солист, а многу ретко во дует. Неговиот репертоар ги вклучувал најубавите бисери на македонската староградска музика. Меѓу нив, доминантно место имаат лирските песни, со поетски стихови и широко распеани мелодии, но и печалбарските, патриотските и други. Тој изградил единствен интерпретаторски стил, кој се одликува со широки и богати мелизми, вкусни и издржани каденци, карактеристнични и особено прецизни мелодиски орнаменти. Колку само внимателно, преполн со емоции, гази по секој од тоновите на мелодијата! Неговиот глас ѕвони во бавните и широки, рубато песни, од кои блика сиот лиризам на срцето. Долгите издржано каденци на крајот како да се претопуваат во тишината, толку природно и нежно, како снегулката што при допирот со дланката се топи и исчезнува.

[уреди] Наводи

  1. (на македонски) „Makedonski folklor“ (23 издание). Institut za folklor. 1979. 
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник