Јохан Фридрих Гмелин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јохан Фридрих Гмелин
Johann Friedrich Gmelin.jpg
Портрет на Гмелин
Роден 8 август 1748(1748-08-08)
Тибинген, Свето Римско царство
Починал 1 ноември 1804(1804-11-01) (на 56 год.)
Гетинген, Свето Римско царство
Националност Германец
Полиња природонаучник, ботаничар и ентомолог
Установи Гетингенски универзитет
Тибингенски универзитет
Образование Тибингенски универзитет
Докторски ментор Филип Фридрих Гмелин
Фердинанд Кристоф Етингер
Докторанти Георг Фридрих Хилдербрант
Фридрих Штромајер
Карл Фридрих Килмајер
Вилхелм Август Лампадиус
Познат по учебници
Авторска кратенка (бот.) J.F.Gmel.
Белешки
најстар син на Филип Фридрих Гмелин и татко на Леополд Гмелин

Јохан Фридрих Гмелин (германски: Johann Friedrich Gmelin; 8 август 17481 ноември 1804) бил германски природонаучник, ботаничар, ентомолог, херпетолог и малаколог.

Education[уреди]

Гмелин е роден во 1748 г. во Тибинген како син на професорот Филип Фридрих Гмелин. Студирал медицина кај татко му[1] на Тибингенскиот универзитет и магистрирал во 1768 г. со тезата Irritabilitatem vegetabilium, in singulis plantarum partibus exploratam ulterioribusque experimentis confirmatam., која ја одбранил пред комисијата на чело со Фердинанд Кристоф Етингер,[2]

Кариера[уреди]

Во 1769, Гмелин вонреден професор по медицина на Тибингенскиот универзитет, а во 1773 станал шпрофесор по философија и професор по медицина на Гетингенскиот универзитет. Во 1778 бил назначен за шеф на катедрата по медицина и професор по хемија, ботаника и минералогија in 1778. Починал во 1804 г. во Гетинген.

Издал неколку учебници од областа на хемијата, фармацевтиката, минералогијата и ботаниката. Во 1788 г. го изготвил и издал XIII издание на делото „Систем на природата“ од Карл Линеј.

Оставнина[уреди]

Меѓу студентите на Гмелин се вбројуваат истакнати научни дејци како што се Георг Фридрих Хилдебрант, Карл Фридрих Килмајер Friedrich Kielmeyer, Фридрих Штромајер и Вилхелм Август Лампадиус. Татко на хемичарот хемичарот Леополд Гмелин.

Гмелин е откривач на американската штука (Esox americanus) во 1789 г.

На полето на херпетологијата опишал многу нови видови на водоземци и влекачи. Во малакологијата опишал и именувал бројни видови на полжавите.

Во негова чест е наречено растението Гмелинов пелин (Artemisia gmelinii).


Дела[уреди]

  • Gmelin, Johann Friedrich; Ferdinand Christoph Oetinger (1768). „Irritabilitatem vegetabilium, in singulis plantarum partibus exploraam ulterioribusque experimentis confirmatam“. Thesis Tübingen. OCLC 10717434. 
  • Allgemeine Geschichte der Gifte (два тома, 1776/1777)
  • Allgemeine Geschichte der Pflanzengifte (1777)
  • Allgemeine Geschichte der mineralischen Gifte (1777)
  • Einleitung in die Chemie (1780)
  • Beyträge zur Geschichte des teutschen Bergbaus (1783)
  • Ueber die neuere Entdeckungen in der Lehre von der Luft, und deren Anwendung auf Arzneikunst (1784)
  • Grundsätze der technischen Chemie (1786)
  • Grundriß der Pharmazie (1792)
  • Geschichte der Chemie (1799)
  • Allgemeine Geschichte der thierischen und mineralischen Gifte (1806)
Гробот на Јохан Фридрих Гмелин во Гетинген

Наводи[уреди]

  • Vane-Wright, R. I., 1975. The butterflies named by J. F. Gmelin (Lepidoptera: Rhopalocera).Bulletin of the British Museum (Natural History),Entomology, 32: 17-64.

Надворешни врски[уреди]