Дастин Хофман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Дастин Хофман
Dustin Hoffman cropped.jpg
Роден(а) Dustin Lee Hoffman
8 август 1937
Лос Анџелес, Калифорнија,
САД САД
Сопруг(а/и) Ен Берн Хофман (1969-1980)
Лиса Готсеген (1980-)

Дастин Ли Хофман (англиски: Dustin Lee Hoffman) е американски филмски глумец, прославен со филмовите од крајот на шеесеттите и седумдесеттите години: Дипломец, Пеперутка, Маратонец и Крамер против Крамер, за кого добил Оскар во 1979 година како најдобар главен глумец.

Биографија[уреди]

Дастин Хофман е роден на 8 август, 1937 година во Лос Анџелес, Калифорнија, од еврејско-американски родители Хари Хофман и Лилијан Голд. Мајка му му го дала името по глумецот од немите филмови Дастин Фарнум. По завршувањето на средното училиште, го посетува Конзерваториумот во Лос Анџелес со намера да стане пијанист. Потоа се запишал на колеџот „Санта Моника“, но не успеал таму заради многу лошите оценки. Подоцна се запишува на часови за глума и почнува да се занимава со глума. Неговиот прв филм е „The Tiger Makes Out“ (1967), а во истата година игра и во филмот Дипломец (The Graduate), за кого е номиниран за Оскар. Подоцна глумел во многу филмови како: Полноќен каубој (Midnight Cowboy) (1969), Крамер против Крамер (Kramer vs. Kramer) (за кого го добива својот прв Оскар во 1979 година), Тутси (Tootsie) (1982) и Дождовен човек (Rain Man) (1988) (за кого го добива својот втор Оскар како најдобар главен глумец).

Приватен живот[уреди]

Хофман има две деца (Карина и Џена) со бившата сопруга Ен Берн и уште четири (Џејкоб, Максвел, Ребека и Александра) со сегашната сопруга Лиса Готсеген, и уште два внука. Добар пријател е со глумците Џин Хекман и Роберт Дувал со кои ја учел глумата.

Награди[уреди]

  • Оскар за најдобра главна улога во филмот Крамер против Крамер, 1979.
  • Оскар за најдобра главна улога во филмот Дождовен човек, 1988.
  • Златен глобус за најдобра главна улога во филмот Крамер против Крамер, 1980.
  • Златен глобус за најдобра главна улога во филмот Тутси, 1983.
  • Златен глобус за најдобра главна улога во филмот Дождовен човек, 1988.

Филмографија[уреди]

Надворешни врски[уреди]