Комунистичка партија на Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Комунистичка партија на Грција
Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας
Водач Алека Папарига
Основана 17 ноември 1918
Весник Ризоспастис
Младина Комунистичка младина на Грција
Идеологија комунизам,
макрсизам-ленинизам
Политичка положба левица
Меѓународна припадност порано Коминитерната,
сега учесник на Меѓународниот собир на комунистички и работнички партии.
Европски парламент Европска обединета левица - Нордиска зелена левица
Бои црвена
Парламент
21 / 300
Европски парламент
2 / 22
Периферии [1]
42 / 725
Мреж. место
http://www.kke.gr/
Политика на Грција
Партии
Избори

Комунистичката партија на Грција (КПГ) (на грчки, Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας) е најстарата и историски најактивната партија во Грција. Активна е од 1918, се до денешен ден.

Основање и идеологија[уреди]

Република Грција
Coat of arms of Greece.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Република Грција



други земји
 Портал „Политика“

Основана е во Солун на 4 ноември 1918 година, од страна на солунскиот Евреин Аврам Бенароја под името Социјалистичка работничка партија на Грција. Во 1920 година е преименувана во Социјалистичка работничка партија на Грција - комунисти, а во 1924 година го добива денешното име, Комунистичката партија на Грција.

На својот трет вонреден конгрес во 1924 година, КПГ го прифаќа марксизмот-ленинизмот како официјална идеологија, втемелен врз принципот на демократски централизам. Партијата до ден денес се раководи од овие принципи.

Весник “Ризоспастис“, официјалниот печатен орган на КПГ.

Дејност[уреди]

До 1941[уреди]

Уште од своето формирање партијата се бори за правата на работните маси, и е единствена партија во Грција која застанува во заштита на етничките малцинства.

КПГ Грчко-турската војна 1919-1922 ја оквалификува како империјалистичка и ги повикува грчките војници да дезертираат.

КПГ и нејзиниот печатен орган „Ризоспастис“ е единствената партија која го заштитува правото на етничките Македонци од Егејска Македонија на самоопределување, користење на мајчин јазик и други културни права.

Дури во 1934 година, КПГ потпишува декларација со која ја подржува идејата за создавање на независна република Македонија обединета во нејзините етнички и географски граници. Но во 1937 се откажува од оваа декларација, заради сменетите услови во Северна Грција, кадешто Македонците не се веќе предоминантно население.

Партијата е забранета во 1936 година од страна на грчкиот фашистички диктатор Јоанис Метаксас, и голем дел од нејзините членови се или ликвидирани или заточени по островите.

Втора светска војна и Граѓанската војна[уреди]

По фашистичката окупација на Грција, КПГ го организира отпорот против окупаторите, и го формира ЕАМ, и нејзината партизанска армија ЕЛАС. По завршувањето на Втората светска војна, КПГ го потишува Договорот од Варкиза со кој ветува разоружување на ЕЛАС, а привремената влада во Атина потпомогната од британската интервенција ветува учество на КПГ во политичкиот процес. Откако увидуваа дека е изиграна, ЦК на КПГ ја формира Демократската Армија на Грција и започнува преговори со претставниците на Народно-ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија (кој по неговото формирање во 1945, се претвора во моќен фактор) за обединување на силите.

Маркос Вафијадис, водачот на ДАГ од 1946-1948.

По обединувањето на ДАГ со НОФ, започнува Грчката граѓанска војна, која трае 4 години. Иако првите три години ДАГ, под раководство на генерал Маркос Вафијадис успева да нанесе огромни жртви на монархо-фашистите и да создаде слободни територии, во 1948 доаѓа до смена на раководството на Демократксата армија и на нејзино чело доаѓа генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис, кој герилската тактика ја заменува со фронтална. Во 1949 ДАГ е поразена во втората битка за Вичо, и со целиот свој состав ја напушта Грција.

Повоениот период[уреди]

КПГ иако во прогон, постои да постои и да функционира. Челниците на КПГ се населени на територијата на Советскиот Сојуз, и во Казахстан до 1957 година одржуваат 4 конгреса. Во Грција пак, за тоа време, КПГ останува забранета, а од 1950 до паѓањето на владата на хунтата во 1973, стотици активисти на КПГ се стрелани и интернирани.

Денес[уреди]

Во 1974 со акт на грчката влада, КПГ е легализирана, и влкучена во политичкиот живот на Грција. Од тогаш, до денес КПГ активно учествува на изборите, притоа на изборите во 2004 година добивајќи скоро 10% од гласовите.

Никос Захаријадис, водачот на КПГ, за време на Граѓанската Војна во грција, кој го призна правото на Македонците за самоопределување.

КПГ и Македонија[уреди]

Голем е и бројот на македонските членови на КПГ кои својот живот го даваат за заедничките идеали на демократскиот македонски и грчки народ - Лазо Ангеловски, Мирка Гинова, Лазо Трповски и други.

Комунистичката партија на Грција е единствената организација во Грција која ги признала правата на самобитноста на Македонците. Тоа го прави во 1934, и во историскиот петти пленум кога тогашниот водач Никос Захаријадис го признава правото на Македонците за самоопределување и формирање на обединета македонска држава. Во својата изјава тој рекол: „... поради невидената храброст на борецот Македонец, како и заради натчовечката саможртва на целиот македонски народ, утре во една слободна демократска Грција управувана од КПГ, Славомакедонците сами ќе си го решат националното прашање“.

И денес, КПГ е единствената партија која го подржува решавањето на спорот со името на поволен начин за Македонците. Според КПГ, државата има право да се вика Република Македонија, додека народот да се вика Славомакедонци.

Наводи[уреди]

  1. Советниците на перифериите.

Надворешни врски[уреди]