30 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
30 август е 242-иот ден во годината според григоријанскиот календар (243-и во престапна година). Остануваат 123 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1721 | Со склучувањето на Ништанскиот мир помеѓу Шведска и Русија по завршувањето на Северната војна (1700-1721 г.), Русија доби пространи територии на Балтикот од Финскиот до Ришкиот Залив со градовите Рига, Равела и Нарва. |
| 1918 | Во екот на офанзивата на здружените сили на внатрешната и на меѓународната контрареволуција против Советска Русија извршен е атентат врз Ленин за време на неговата посета на Михелсоновата фабрика. По атентатот советското водство донесе одлука за воведување на „црниот терор“ над контрареволуционерната буржоазија и на нејзините агенти. |
| 1922 | Силите на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк однесоа решавачка победа над интернационалистичките западни сили. По тој повод овој датум се прославува како национален празник на Република Турција. |
| 1990 | Во селото Радишани, скопско, се поставени и осветени темелите на манастирот „Свети Наум Охридски“. |
| 1994 | Во Скопје е отворен Информативниот центар на Јапонија. |
Родени:
| 1489 | Антонио Алегри Кореџо, италијански сликар. |
| 1748 | Жак-Луј Давид, француски сликар. |
| 1852 | Јакоб Хенрик вант Хоф, холандски хемичар - добитник на Нобеловата награда за хемија (1901). |
| 1870 | Александра, принцеза на Грција. |
| 1907 | Џон Мокли, aмерикански физичар . |
| 1924 | Ката Лахтова, претседател на собранието на СРМ. |
| 1951 | Беџет Пацоли, косовски политичар. |
| 1958 | Ана Политковскаја, руска новинарка. |
| 1961 | Елена Скриник, руски политичар. |
| 1972 | Павел Недвед, чешки фудбалер. |
| 1973 | Атанас Ботев, македонски ликовен уметник. |
| 1977 | Константин Формичев, руски кану-спринтер. |
| 1979 | Хуан Игнасио Чела, аргентински тенисер. |
| 1982 | Енди Родик, американски тенисер. |
| 1983 | Симоне Пепе, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1181 | Папа Александар III, римски папа. |
| 1483 | Луј XI, француски крал. |
| 1533 | Атахуалпа, последниот владател на големото царство на Инките. |
| 1940 | Џозеф Џон Томсон, британски физичар. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |