Беџет Пацоли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Беџет Пацоли
Pacolli final.jpg

Во служба
22 февруари 2011 – 4 април 2011
Премиер Хашим Тачи
Претходник Фатмир Сејдиу
Наследник Атифете Јахјага
Лични податоци
Роден(а) 30 август 1951 (1951-08-30) (63 г.)
СФРЈ (денес Косово)
Партија независен (2011–денес)
Др. политички
врски
Алијанса за Ново Косово (Before 2011)
Сопружник Ана Окса (1999–2002)
Марија Пацоли
Вероисповед Ислам

Беџет Пацоли[1] (албански:) (роден на 30 август 1951 година во Маревце) е косовски политичар и поранешен претседател на Косово[2].

Пред да се вклучи во политиката, тој бил претседател и генерален директор на Мабетекс, швајцарска градежна компанија, која го реконструирала Московскиот Кремљ. Тој е познат како донатор и спонзор на голем број спортски клубови на Косово.

Пацоли пред да биде избран за претседател бил лидер на Алијанса за Ново Косово[3]. Освен ова, тој се смета за еден од најбогатите Албанци во светот[4].

Тој бил избран во третиот круг на гласање од страна на Косовското Собрание. Така, на тајното гласање во третиот круг, од присутните 67 пратеници, „за“ изборот на Пацоли се изјасниле 62 народни избраници, односно еден повеќе од неопходните 61.

На 4 април 2011 Пацоли престанал да ја врши функцијата на претседател, и таа му припаднала на Јакуп Красниќи, во својство на вршител на должноста. На 7 април 2001 на претседателското место доаѓа Атифете Јахјага, фотогашен Генерал мајор на Косовската полиција.

Наводи[уреди]


Претходник
Фатмир Сејдиу
Претседател на Косово
2011–2011
Наследник
Атифете Јахјага