Албанци
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Aлбанци Shqiptarë |
|
|---|---|
| Скендербег, Папа Климент XI, Мехмет Али и Крал Зогу | |
| Вкупен број на населението | 6.700.000 |
| Региони каде што живее етничката група | Албанија: 3.385.000 [1] Косово: |
| Јазик | Албански |
| Религија | Ислам, Албански Христијани, Католици и Атеисти |
Албанците (албански: Shqiptarë) се етничка група која често се поврзува со Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора. Повеќе од половината од денешните Албанци живеат на територијата на Албанија и го користат албанскиот јазик како мајчин. Втората по големина група на Албанци живее на Косово, а потоа следуваат Македонија, Црна Гора, Грција и други. Албанците живеат и како имигранти во неколку западноевропски земји и САД. Друго име за албанците е „Шиптари“, термин кој потекнува од нивното име на албански, и кој во македонскиот јазик се смета за навредлив и омаловажувачки.
Содржина |
[уреди] Етнички подгрупи
Постојат две етнички подгрупи на Албанците. Тоа се Гегите, кои го населуваат северот на Шкумбин реката и Тоските, кои се на југ. Косовските Албанци се Геги. Постои голем географски простор помеѓу двата региона, којшто го вклучува и главниот град на Албанија - Тирана.
Гегите, кои претставуваат две третини од популацијата, се помалку мешани со неалбанците од Тоските, кои низ историјата потпаѓале на разни влијанија. Во минатото Гегите биле организирани во кланови а Тоските во полу-феудално општество. Пред Втората светска војна Гегите доминирале со Албанската политика, но по војната многу од Тоските доаѓаат на власт, заедно со новата комунистичка влада.
За време на владеењето на Енвер Хоџа, културните разлики помеѓу Гегите и Тоските се потиснати. Во граѓанските немири во 1997 во Албанија, оваа разлика станува јасно видлива, со тоа што Гегите го поддржуваат националистот Сали Бериша, а Тоските се спротивставуваат.
[уреди] Потекло на Албанците
Албанците се потомци на старите балкански народи, но точна идентификација не е утврдена до денешен ден. Поголемиот број историчари и лингвисти, претпоставуваат дека Албаницте се потомци на Илирите или на Дако-Тракијците.
Тезата за илирското потекло на Албанаците, служела за истакнување на природното право за проширување на албанската држава на целата територија на која некогаш живееле Илирите. Оваа теза е изградена само врз база на лингвистичка шпекулација. Имено, Птоломеј на територијата на денешна Круја, на својата прочуена географска карта го обележува градот Албанополис, во чија околина живеее племето Албани. А илјада години подоцна, на таа територија се појавува област Арбана, и народ Арбанаси, т.е. Албанци - се зема здраво за готово дека Птоломеј не ги разликувал „р“ од „л“. Науката би можела да прифати теорија за континуитет на име, но нема никакви докази за континуитет на народ. Без разлика на сè, албанските теоретичари се држеле и сѐ уште се држат до својата лингвистичка теорија. Дури ни неспорно утврдениот факт дека албанскиот јазик нема илирско потекло, туку тракиско, односно дакомезијско, едноставно е - игнориран. Зато што докажува дека Албанците не се староседелци, туку потекнуваат од источниот дел на Балканот.
Теоријата за илирското потекло денес е една од темелите на албанската национална идеологија. Постанокот на оваа нова национална идеологија почнува за време на препородот („Рилиндја“) во минатиот век, под мотото: „Религијата на Албанија е албанството!“. Албанството во таа идеологија е бог, а албанската држава „катедрала за вечна молитва кон тоа божество“. Довршување на таа идеологија, под плаштот на марксо-ленинизмот направено е во кабинетот на Енвер Хоџа, каде религиозната реторика е ублажена па мислите се упатени кон „Мајка Албанија“ додека за најголем празник се прославува „Денот на националното знаме“, 28. Ноември, кој се повикува на „светото правило на Илирите“ и албанската нација „која ја чува традицијата и карактерот на Илирите“.
Како ентитет прв пат се споменуваат во 1043. Исламот го заменил христијанството кога Отоманската империја ја зазела територијата на Албанија, во 15 век, па сè до 1912.
[уреди] Јазик
Поголемиот број на Албанци го зборуваат шиптарскиот јазик, којшто е од индоевропската група на јазици. Постојат неколку варијации на албанскиот. Двете главни се Гег и Тоск дијалекти.
[уреди] Етнички обележја
Албанското знаме претставува орел на црвена позадина, користен од Скендербег во востанието против Осмалниите. Албанците се нарекуваат себе „Shqiptarët“ (оригинално шиптари), што на албански значи „Синови на Орлите“ во слободен превод).
[уреди] Религија
Албанците претежно се со исламска вероисповест, односно околу 75%, но исто така има и православни со 15%, и католици со околу 6%.