Хрвати

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хрватите се европски и јужнословенски народ кои претежно се населени во западниот дел на Балканскиот полуостров. Нивната бројност се движи околу 9,2 милиони луѓе. Најголемиот дел се населени во Хрватска, а големи хрватски заедници има и во Босна и Херцеговина (Херцеговина), Србија (Војводина), Словенија, Австрија (Бургенланд - Градишче), САД, Германија, Австралија, а помала бројка на Хрвати има и во Македонија.

Хрватите зборуваат на хрватски јазик, кој е доста близок и сличен со српскиот јазик.


Потекло на Хрватите[уреди]

Хрватите се од словенско национално потекло.Има неколку теории во врска со Хрватскиот етноним,кој ја поврзува денешната Хрватска нација со старо иранските племиња, Готите, Прабугарите, Хуните и Словените.

Хрватите се доселиле на Балканот во почетокот на VII век (пред 626. година), при владеењето на Ираклиј од својата прататковина наречена Бела Хрватска која се наоѓала меѓу Бела Србија и Франките. Царот ги повикал за да ги исфрлат Аварите од Далмација за да се населат место нив. Од тогаш со сигурност може да зборуваме за нивната историја

Потеклото на називот и етноним Хрват не е тотално разјаснето, но се смета дека има корен од западнословенските зборот hrbat - брдо, што значело дека оние кои живеat vo брдa тн. брдјани кои биле во спротивност од Пољаците тн. полјани кои живееле во поле односно во рамнина. Оваа теза добива на значење ако се зема предвид дека Бела Хрватска се наоѓала на просторот на денешна Пољске.

Историја[уреди]

Иако првиот пишан документ од почетокот на 12. век, едно хрватско име (кнез Бранимир) е запишано веќе во 880тата. година. Хрватскиот језик во Средниот век бил еден од петте јазици на којшто низ европските универзитети се одвивала настава: италијански, латински, германски, хрватски и полски.

Бројот на Хрватите во странство[уреди]

Нивниот број во странство може само да се процени. Најголемите емигрантски групи живеат во западна Европа, прво во Германија, а потоа во Швајцарија, Шведска и Велика Британија. Од останатите континенти, Северна Америка има најбројна хрватска емиграција, и тоа во Соединетите Американски Држави (Охајо, Калифорнија) и Канада (Мисисага), како и во Аргентина, Чиле, Перу, Бразил и Боливија. Во Чиле најмногу Хрвати живеат во најјужниот град на светот Пунта Аренас, во кој живеат 146.000 жители (2008.), од кои 50% Хрвати [1]

И во Северна и во Јужна Америка бројноста се проценува на околу милион луѓе со хрватско потекло. Постојат и важни хрватски малцинства во Австралија (Перт, Сиднеј) и Нов Зеланд, како и во Јужна Африка.

Наводи[уреди]

Видете уште[уреди]