Скендербег

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ѓорѓија „Ѓерѓ“ Кастриот - Скендербег
Gjergj Kastrioti.jpg
На престол 1443-1468
Претходник Ѓон Кастриоти
Сопружник Доника Комнени
Династија Кастриоти
Татко Ѓон Кастриоти
Мајка Воисава Трипалда
Почивалиште Црква Свети Никола во Леж, Албанија
Вероисповед Христијанство
→преминал во ислам
→ повторно преминал во христијанство

Ѓорѓија „Ѓерѓ“ Кастриот (6 мај 140517 јануари 1468), попознат како Скендербег (бег Александар)[1], е една од најпроминентните личности во историјата на Албанија и на албанскиот народ.

Биографија[уреди]

Споменик на Скендербег во Скопје

Скендербег е роден како „Ѓерѓ Кастриоти“ во Круја, денешна Албанија. Син на Ѓон Кастриоти, тој потекнувал од феудалното христијанско семејство „Кастриоти“. Според англискиот историчар Гибон, Ѓон Кастриот бил кнез на Епир[2], кој ги вклучуваше денешните албански области Мата, Круја, Мирдита и Дебар.[3]. Неговата мајка Воисава, била кнегиња[4], од полошкото семејството „Трибалда“[5] или од благородното семејство „Музака“.[6] Неговите родители имале девет деца, од кои Ѓерѓ бил најмалиот син, неговите браќа се викале Станиша, Репош и Костандин, а неговите сестри Мара, Јелена, Анѓелина, Влајка и Мамица.

Црквата „Св. Никола“ во Леж претставува почивалиште на Скендербег

Ѓон Кастриоти, за да задржи поседи во средна Албанија и во дебарската област, ги дал своите синови како заложници кај султанот. Таму Скендербег ја сменал својата вера во Ислам[7] и завршил воена школа во Одрин, како и војувал во турска војска и однесол многу победи за Отоманското царство.

За своите воени заслуги, го добил званието „Искендер Беј“ („бег Александар“ — тур. İskender Bey, алб. Skënderbeg) споредувајќи ја воената умешност на неговото семејство со Александар Македонски.[2] Користејќи ги слабостите во Отоманската Империја, тој се отцепил од турската власт и кренал востание во Дебарско. По низа драматични пресврти востанието на Скендербег конечно било задушено, и тоа токму од неговиот сонародник Балабан–Паша, кој раководел со османската војска.

Меѓутоа, кога војсководецот Јанош Хуњади ги поразил Турците кај Ниш во 1443 г., Скендербег ја напуштил турската војска[8], се вратил во Албанија и повторно прифатил христијанство. Оттогаш водил беспоштедна борба против Османското царство.

Извори[уреди]

  1. За своите воени заслуги, го добил звањето „Искендер Беј“ (бег Александар; тур. İskender Bey, алб. Skënderbeu) споредувајќи ја воената умешност на неговото семејство со Александар Македонски.
  2. 2,0 2,1 Edward Gibbon, 1788, History of the Decline and Fall of the Roman Empire, Volume 6, Дел за Скендербег на англиски
  3. Edwin E. Jacques, The Albanians: An Ethnic History, 1994, p. 179
  4. Marin Barleti, 1508, Historia de vita et gestis Scanderbegi Epirotarum principis
  5. Camille Paganel, 1855, "Histoire de Scanderbeg, ou Turcs et Chrétiens du XVe siècle"
  6. Hodgkinson, Harry. Scanderbeg: From Ottoman Captive to Albanian Hero. I. B. Tauris. ISBN-13: 978-1850439417
  7. Rendina, Claudio (2000). La grande enciclopedia di Roma. Rome: Newton Compton. ISBN 88-8289-316-2.
  8. James Emerson Tennent, 1845, The History of Modern Greece, from Its Conquest by the Romans B.C.146, to the Present Time