6 мај
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | мај | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
6 мај е 126-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (127-и во престапна година). Остануваат 239 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1682 | Луј XIV го преселил својот двор од Лувр во новиот замок Версај. |
| 1889 | Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула во рамките на Универзалната изложба од 1889. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена во парискиот парк Шан де Марс и е висока 320 метри. |
| 1937 | Цепелинот „Хинденбург“ се запалил и изгорел при слетувањето во близина на Њујорк при што загинале 36 луѓе. Оваа несреќа го означила крајот на цепелинот како редовно воздушно превозно средство. |
| 1991 | Во Сплит е убиен Сашко Гешовски, прва македонска жртва во конфликтот во поранешна СФРЈ. Тој ден Гешовски бил на должност стражар во командата на воено-поморската област во Сплит каде на протести излегле околу 30.000 демонстранти. |
| 1994 | Во Мексико на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК. |
| 1994 | Кралицата Елизабета II и претседателот Франсоа Митеран свечено го отвориле тунелот под Ламнанш, железничка врска помеѓу Обединетото Кралство и Франција. |
| 2007 | Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција. |
Родени:
| 1501 | Папа Марцелиј II, римски папа. |
| 1848 | Васил Апостолов Икономов, македонски учител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач и калиограф. |
| 1856 | Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. |
| 1868 | Николај II, руски цар (убиен 1918.). |
| 1869 | Апостол Петков, македонски револуционер. |
| 1953 | Тони Блер, британски политичар. |
| 1954 | Дора Бакојани, грчка јавна личност. |
| 1961 | Џорџ Клуни, американски актер и режисер. |
Починале:
| 1910 | Едвард VII, британски крал. |
| 1945 | Џемаил Хасани, лидер на Бали Комбетар за Западна Македонија. |
| 1949 | Морис Метрлинк, белгиски писател од фламанско потекло. |
| 1991 | Сашо Гешовски, првата жртва од Македонија во воените конфликти во Југославија. |
| 1992 | Марлен Дитрих, прочуена американска филмска актерка од германско потекло. |
| 1993 | Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. |
Празници:
| * | Ѓурѓовден, денот кога во 303 година според традицијата е погубен Светиот великомаченик Георгиј. |
| * | Ерделез, традиционален празник на Ромите. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |