Луј XIV

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Луј XIV
Крал на Франција и Навара
Louis XIV of France.jpg
Луј XIV (1638–1715), од Ијасент Риго (1701)
Владеење 14 мај 16431 септември 1715
Крунисување 7 јуни 1654, Ремс
Полно име Луј-Дидон познат како величествен или кралот-сонце
Титули Престолонаследник на Франција (1638-1643)
Крал на Франција и на Навара (1643-1715)
Роден(а) 5 септември 1638
Дворец Сен Жермен ан Ле, Франција
Починат(а) 1 септември 1715
Версај, франција
Погребан(а) Во базиликата Сен-Дени, Франција
Претходник Луј XIII
Наследник Луј XV
Придружба Марија Терезија Шпанска
Франсоаз д'Обињ Мантенон
Потомци Луј Велики Дофин
Ана-Елизабета Француска
Марија-Ана Француска
Принцеза Марија-Терезија Француска
Филип-Шарл Анжујски
Луј-Франсоа Анжујски
Кралска династија Бурбони
Татко Луј XIII
Мајка Ана Австриска

Луј XIV (роден на 5 септември 1638 во дворецот Сен Жермен ан Ле - починал на 1 септември 1715 во Версај) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Тој бил син на кралот Луј XIII и Ана Австриска. Станал крал на 14 мај 1643, на само 4 години. Во негово име како регент владеела неговата мајка, Ана, која власта ја пренела во рцаете на кардиналот Жил Мазарен. По смртта на Мазарен, во 1661, Луј XIV ја презел контролата над владата. Владеењето на Луј XIV, познат и како „крал-сонце“ и „Луј Велики“ траело 72 години. Тоа е најдолгото владеење во историјата на Европа. Успеал да ја зголеми моќта и влијанието на Франција во Европа. Војувал во три големи војни (Француско-холандската војна, Војната на големата алијанса и Војната за шпанското наследство) и две помали (Деволуционата војна и Војната за повторно соединување).

Претходник
Луј XIII
Крал на Франција
1643-1715
Следбеник
Луј XV