Капетинска династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Семеен грб

Капетите биле благородничко фрацуско семејство и владејачка династија на земјата од 987 до 1328.

Династијата името го добила по нејзиниот основач Иго Капет. Тој имал посед на територија што се простира меѓу реките Сена и Лоара, вклучувајќи ги градовите Париз и Орлеан. Припадниците на династијата се бореле против велможите, моќните грофови и војводи. Тие исто така војувале и против надворешните непријатели на земјата, како што била Англија, особено династијата Плантагенет, во чие време делови од Франција, како Нормандија, Анжуј и Аквитанија биле под англиска власт. Францускиот крал Филип II Август го победил англискиот крал Јован без земја во 1214. Власта на династијата се зацврстувала со години, а кралот Луј IX, дури спровел и судски реформи. СО зацрвстувањето на државата, заопочнале да се создаваат сталежи, кои имале голема улога во управувањето со државата. По смртта на кралот Карло IV во 1328, немало машки наследник којшто можел да го наследи на престолот, па власта преминала во рацете на династијата Валоа.

Кралеви на Франција од Капетинската династија[уреди]