Робер II Побожниот
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Робер II Побожниот (роден на 27 март 972 во Орлеан - починал на 20 јули 1031 во Мулон) бил крал на Франција од Капетинската династија. Тој бил син на Иго Капет. Во 987, Иго Капет ги убедил благородниците, неговиот син Робер да стане совладетел, со што се потврдило преземањето на власта на династијата Капети. Кога Робер станал крал, тој веднаш го крунисал својот син Иго Магну за негов наследник. Сепак поради раната смрт на Иго Магнус, Робер II го наследил неговиот втор син Анри. Тој бил Католик и голем верник, па го добил прекарот „побожен“. Неговата религиозност не ја дозволувало ереста, па Еретиците ги казнувал со жестоки казни. Папата Григур V не му допуштал да се ожени со припадничка од иста етничка заедница, па поради непочитувањето на ова, Робер бил екскомунициран. Имал големи афинитети кон музиката, па бил композитор, пејач, а и поет. Не го наследил целото кралство, па кога некој феудален имот ќе останел без својот сопственик, тој се обидувал да го присвои имотот, па поради тоа често влегувал во конфликти. Во 1003, извршил инвазија на Бургундија, која завршила без успех, па морал да чека до 1016 за од страна на црквата да биде прогласен за војвода на Бургундија. Како и владеењето на енговиот татко, така и владеењето на Робер II се одликувало со несигурност и долготрајни немири. Тој имал многу пријатели, но и непријатели, но особено го загрижувало тоа што негови најголеми непријатели биле неговите синови. Иго Магнус, кој бил поставен за негов наследник умрел во конфликт со својот татко. И Робер II умрел во конфликт со останатите два сина на 20 јули 1031. На престолот го наследил неговиот втор син Анри. Потомците на Робер, продолжиле да владејат не само со Франција, туку и со Англија, бидејќи неговата внука, Матилда Фландријска била мажена за англискиот крал Вилијам I Освојувачот.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
