Лоара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лоара
реката Лоара
Земја Франција
Притоки
 - леви Алије, Шер, Ендр, Вијен, Севр Нантез
 - десни Мен
Извор Централен Масив
 - место Сент-Елали, Ардеш
 - височина 1.408 м
 - координати 44°49′48″ СГШ 4°13′20″ ИГД / 
Утока Атлантски Океан
 - местоположба Сент Назер, Атлантска Лоара
 - височина м
 - координати 47°16′09″ СГШ 2°11′09″ ЗГД / 
Должина 1.012 км
Слив 117.000 км²
Истек во Монжан сур Лоара
 - просечен 835,3 м3 [1]
 - максимален 4.150 м3
 - минимален 60 м3
Мапа на Франција, на која се гледа течението на реката Лоара
Мапа на Франција, на која се гледа течението на реката Лоара

Лоара (француски: Loire) — најдолга река во Франција. Извира меѓу вулканските врвови на планината Севен, на југоисточниот раб на Централниот Масив. Нејзиниот извор е оддалечен само 160 км од Средоземното Море и утоката на Рона. Почнувајќи го својот тек а север, по должината на повеќе разделени вдлабнатини во рамките на масивот, Лоара потоа кривули низ централна Франција по должината на плитка долина со стрмни падини. Реката свртува кон запад во близина на градот Орлеан, минувајќи покрај градовите Тур и Анже. Под градот Нант, Лоара се проширува во естуар и кај Сен Назер се влева во Бискајскиот Залив. Текот на оваа река е многу неправилен, а делови од средниот тек, со препреки од повеќе песочни ади, во текот на летото пресушуваат. Наесен и напролет обилните врнежи дожд предизвикуваат поплави, што особено важи за долниот тек на реката.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Loire River at Montjean“. „River Discharge Database“. Center for Sustainability and the Global Environment. 13 февруари 2010. http://www.sage.wisc.edu/riverdata/scripts/station_table.php?qual=32&filenum=1247. конс. 30 јуни 2011.