Сена
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Сена | |
Поглед на Сена од Понт Неф |
|
| Извор | Бургундија |
|---|---|
| Устие | Англиски каналl 49°26′5″N 0°7′3″E / 49.43472°N 0.1175°EКоординати: 49°26′5″N 0°7′3″E / 49.43472°N 0.1175°E |
| Земји во сливот | Франција |
| Должина | 776 km (482 mi) |
| Надм. вис. на изворот | 471 m (1,545 ft) |
| Прос. истек | 500 m³/s (17,660 ft³/s) |
| Сливно подрачје | 78,650 km² (30,367 mi²) |
Сена (изговор [sɛn] на француски) е најголемата река и трговски пат меѓу регионите Ил-де-Франс и Горна Нормандија во Франција. Таа исто така е и туристичка атракција, со бродски екскурзии кои нудат разгледувачки тури на туристите на Десниот брег и на Левиот брег во градот Париз.
Има над триесеттина мостови на Сена во Париз и десеттина други надвор од градот. Највпечатливи во Париз се Мостот Луј-Филип и Понт Неф, кој датира од 1607. Надвор од градот, такви примери се Мостот на Нормандија, еден од најдолгите висечки мостови на светот, кој го поврзува Ле Авр со Онфлер.
[уреди] Потекло на името
Името "Сена" на латински е Sequana. Тоа доаѓа од галскиот назив (келтски) Sicauna, за кој се верува дека значи "света река".