Франсоа II

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Франсоа II
Крал на Франција
FrancoisII.jpg
Франсоа II
Владеење 10 јули 1559 - 5 декември 1560
Крунисување 21 септември 1559
Роден(а) 19 јануари 1544
Место Фонтенбло, Франција
Починал(а) 5 декември 1560
Место Орлеан, Франција
Погребан(а) Во базиликата Сен-Дени, Франција
Претходник Анри II
Наследник Шарл IX
Придружба Мери Стјуарт
Семејство Валоа-Ангујем
Татко Анри II
Мајка Катерина Медичи

Франсоа II (роден на 19 јануари 1544 во Фонтенбло - починал на 5 декември 1560 во Орлеан) бил крал на Франција од династијата Валоа-Ангујем. Тој бил син на кралот Анри II и Катерина Медичи. На престолот дошол на 16 години, по смртта на неговиот татко, кој несреќно бил усмртен од копје на витешка забава.

Уште во 1548 година, бил договорен неговиот брак со шкотската кралица Мери Стјуарт, која била испратена во Франција и порасналча заедно со него. Се венчале во 1558, но немале деца. Се смета дека роднините на Мери, браќата Гиз имале најголемо влијание во краткото владеење на кралот Франсоа II. Тој бил католик и бил против пртестантството.

Франсоа бил болеслив и умрел на 16 години од воспаление на увото или до менингитис. На престолот го наследил неговиот брат Шарл IX.


Претходник
Анри II
Крал на Франција
1559-1560
Наследник
Шарл IX
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици