19 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
19 јануари е 19-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 346 денови до крајот на годината (347 во престапна).
Настани:
| 1419 | Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија. |
| 1806 | Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж. |
| 1853 | Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим. |
| 1861 | Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД. |
| 1899 | Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет. |
| 1915 | Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето. |
| 1945 | Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900. |
| 1966 | Индира Ганди станала премиер на Индија. |
| 1969 | Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на плоштадот Вацлавски Намести во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет. |
Родени:
| 1544 | Франсоа II, Крал на Франција. |
| 1736 | Џејмс Ват, англиски физичар и пронаоѓач. |
| 1798 | Огист Конт, француски философ. |
| 1809 | Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. |
| 1839 | Пол Сезан, француски сликар. |
| 1871 | Дамјан Груев, македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО. |
| 1879 | Симеон Радев, публицист и новинар. |
| 1925 | Кирил Македонски, македонски композитор. |
| 1941 | Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник. |
| 1960 | Момчило Грошев, македонски фудбалер. |
| 1969 | Предраг Мијатовиќ, фудбалер. |
| 1980 | Влатко Илиевски, македонски кошаркар. |
| 1980 | Џејсон Батон, возач во Формула 1. |
| 1986 | Клаудио Маркизио, италијански фудбалер. |
Починале:
| 1526 | Изабела, данска кралица. |
| 1938 | Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар. |
Празници:
| * | Водици, Богојавление. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |