Огист Конт

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Огист Конт
Западна филозофија
Филозофија на 19 век
Цело име Isidore Cullen Marie Tyler Auguste Christine-Renee François Xavier Olivia Griffin Comte
Роден 17 јануари, 1798
Монпелије, Франција
Починал септември 5, 1857 (возраст 59)
Париз, Франција
Училиште/традиција Социологија
Позитивизам
Значителни идеи Закон низ три етапи,
Енциклопедиски закон

Огист Конт (француски: Auguste Comte) (19 јануари 1798 - 5 септември 1857) бил француски филозоф и еден од основачите на социологијата и позитивизмот. Тој е одговорен за воведување на поимот алтруизам.[1]

Содржина

[уреди] Биографија

Огист Конт се родил во Монпелије. Се запишал на студии за политехника во Париз кој во тоа време бил еден од најпрестижните и познат по приврзаноста кон идеалите на републиката и нејзиниот прогрес. Но, во 1816 училиштето било затворено поради реорганизација, па Конт се запишал на медицина во Монпеље, а кога политехничкото училиште повторно било отворено, тој не барал нов прием.

Со враќањето во Монпеље, Конт наишол на спротивставување со своето семејство кое било приврзано за католицизмот и монархијата. Поради тоа, повторно се вратил во Париз каде заработувал работејќи незначителни работи. Во август 1817, Конт станал студент и секретар на грофот Сен Симон кој го внел во интекектуалното општество. Но, во 1824 година, Конт бил во разидување со Симон поради неможноста да се надминат нивните спротивставени размислувања.

Тогаш, Конт сфатил дека сака да работи на философскиот позитивизам. Тој план го издал во 1822, под наслов „План на научни проуувања на реорганизација на општеството“. Не станал академик, па преживувал од секојдневната помош на неговите спонзори и пријатели. Се оженил со Каролин Масен, но со неа се разделил во 1842. Во 1826, бил во болница за душевно болни. Од 1830 до 1842, го пишувал шесттомното дело „Курс по позитивистичка философија“, а од 1851 до 1854 четиритомниот „Систем на политиќки позитивизам“.

[уреди] Учење

Мото -{Ordem e Progresso}- („Ред и прогрес“) на знамето на Бразил е запишано позитивистичкото мото на Огист Конт: -{L'amour pour principe et l'ordre pour base; le progrès pour but}- („Љубовта како принцип и редот како база. Прогресот како цел“). Неколку луѓе кои извршиле државен удар во Бразил и го прогласиле за република биле следбеници на Конт

При своите научни учења, Огист Конт се сретнал со еден закон кој го нарекол закон на 3 фази:теолошка, метафизичка и научна. На последната научна фаза ја нарекол и позитивна фаза. Теолошката фаза од перспектива на француското општество во 19. век се сметала за претходна на просветителството и во која Бог го одредува местото на човекот во друштвото. Метафизичката фаза воопшто не била поврзана со метафизиката на Аристотел, туку таа била базирана на Големата француска револуција од 1789. Оваа физа вклучувала универзални права кои биле над авторитетот на кое било човечко суштество иако за нив не може да се каже дека биле свети. За она што го сметал за научна фаза се случувањата по неуспехот на Наполеон. Тоа била можност за луѓето да најдат и спроведат решенија за социјалните проблеми. Овој закон на Конт претставува една од првите теории на социјалната еволуција.

Останатите закони на Конт му овозможиле да направа систематизацција и соодветна хиерархија на неорганската физика (астрономија, геологија, хемија и сл.) и органската физика (биологија и социјална физика од која подоцна настанала социологијата).

Идејата на Огист Конт била да се создаде науката социологија која ќе ги вклучува сите останати науки и која ќе ги интегрира наодите во кохезивна цеина.

Објаснувањето на Конт на позитивистичката философија довело до значаен однос помеѓу теоријата, праксата и човечкиот разум.

Конт ја смислил и кованицата алтруизам, која се однесувала на моралните обврски на поединецот да ги стави интересите на останатите над сопствените што довело до спротивставување во поглед на зачувувањето на индивидуалните права.

За време на неговиот живот, на неговиот труд за позитивизмот многумина гледале со скептицизам, бидејќи позитивизмот го издигнувал на ниво на религија, а себеси се нарекувал папа на позитивимот. Конт прв го употребил зборот социологија како кованица на латинскиот збор societas (општество) и старогрчкиот logos (наука).

Огист Конт се смета за основоположник на западната социологија, но сепак на исток пред него тоа го сторил Ибн Калдун.

[уреди] Користена литература

[уреди] Белешки

  1. Oxford English Dictionary: altruism. 2nd ed. 1989“. http://dictionary.oed.com/cgi/entry/50006618. 

[уреди] Надворешни врски