Руан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Rouen

Rouen montage.jpg
Грб на Rouen
Rouen се наоѓа во Франција
Rouen
Управа
Земја Франција
Регион Горна Нормандија
Департман Приморска Сена
Округ Rouen
Општ. заедница CREA
Градоначалник Yvon Robert (PS)
(2012–2014)
Статистики
Површина1 21,38 км²
Население2 111.000 жит.  (2007)
 - Ранг 36th in France
 - Густина 5192 жит/км²
Урбана област 448 km2 (173 sq mi)
 - Население 494,382 (2010)
Метро. област 1.800 km2 (690 sq mi) (2010)
 - Население 650,000 (2010)
Часовен појас CET (UTC +1)
Мреж. место www.rouen.fr
1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат езера, бари, ледници и речни утоки поголеми од 1 км².
2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш.

Руан (фр. Rouen) — пристанишен град на северозападниот дел на Франција.

Градот лежи на реката Сена. Седиште е на департманот Приморска Сена и регионот Горна Нормандија. Според податоците од 2006 година, бројот на жители изнесувал 107,904.

Историја[уреди]

Првите остатоци од човечко население на овие предели потекнуваат од периодот од 9000 до 6000 години п.н.е.

Околу 100 година, Римјаните го основале градот Ротомагус на местото на денешниот Руан. Од 4 век, град бил седиште на бискупот (прв бискуп бил Св. Виктрис 385-410).

Во 841 година, Викинзите по прв пат навлегле во градот. Судејќи по хрониките од временот на викиншките инвазии, во 911 година градот станал престолнина на Нормандиско Војводство. Во 1066 година, нормандскиот војвода Вилијам Освојувачот, ја освоил и Англија.

Во 1204 година војската на францускиот крал Филип II го освоиле Руан.

На 19 јануари 1419 година, за време на стогодишната војна, кралот на Англија Хенри V го освоил Руан и цела Нормандија. Јованка Орлеанка е запалена на клада во Руан на 30 мај 1431 година.

Карло VII во 1449 година повторно го освоил Руан за Франција.

Во 1843 година била отворена железничка пруга од Руан до Париз.

За време на француско-пруската војна Руан ја окупирала војсната на Прусија (од декември 1870 до јуни 1871 година).

Во втората светска војна, Руан од јуни 1940 година до август 1944 бил под германска окупација. Градот во овој период бил тешко бомбардиран, посебно мостовите на Сена и железничката станица.

Знаменитости[уреди]

  • Виктор Иго, Руан го нарекол „град на стотици црквени кули“. Многу градби се уништени од бомбардирањето во втората светска војна.
  • Импозантна готичка базилика Сен-Уен, долга 130 метри.
  • Готичка Катедрала во Руан, која била инспирација на Клод Моне. Нејзиното звоно е високо 151 метар.
  • Палата на правдата (Le Palais de Justice) е најголемата европска готичка профана градба.
  • Голем астрономски часовник (Le Gros Horloge) од 14 век.
  • Кула на Јованка Орлеанка.

Познати личности[уреди]

Пристаниште[уреди]

Руан се наоѓа на стратешка положба меѓу Париз и Атлантикот. Пристаништето е оддалечено околу 80км од сливот на реката Сена, што претставува околу 6 часа пловидба. Градот истовремено е и речно и морско пристаниште. На пристаништето можат да му се доближат бродови со приближна носивост од 150,000 тони.

Руан е 28-то пристаниште на Европа според количина на транспортна стока, и петто по ред во Франција. Тоа е најголемато пристаниште за транспорт на жито во Европа, и најголемо француско пристаниште за транспорт на брашно и ѓубрива.