Предраг Мијатовиќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Предраг Мијатовиќ
Predrag Mijatović 2007 b.jpg
Лични податоци
Полно име Предраг Мијатовиќ
Роден во    Титоград
Положба Надад
Младинска кариера
Будучност Титоград
Сениорска кариера1
Години Клуб Наст. (гл-ви)*
1987-1989
1989-1993
1993-1996
1996-1999
1999-2002
2002-2004
Будучност Титоград
ФК Партизан
ФК Валенсија
Реал Мадрид
ФК Фјорентина
Леванте
72 (10)
104 (45)
104 (56)
90 (30)
42 (4)
21 (3)   
Репрезентација
1989-2003 Србија 73(28)

1 Настапи и постигнати голови како сениор
се брои само домашна лига г.)
* Настапи (Голови)

Предраг „Пеџа“ Мијатовиќ (роден на 19 јануари 1969 во Титоград -денешна Подгорица, СР Црна Гора, Југославија) е поранешен црногорски фудбалер и поранешен спортски директор на Реал Мадрид. Во текот на неговата кариера неговата позиција на игралиштето беше напаѓач, но тој често пати беше разместуван на други позиции, особено на крајот на неговата кариера, како играч за врска.

На клубско ниво, Мијатовиќ играше за шест различни клубови: Будуќност Подгорица, ФК Партизан, Валенсија, Реал Мадрид, Фјорентина и Леванте. Меѓународно, Мијатовиќ има настапено 73 пати, постигнато 28 гола (настапите се поделени помеѓу СФР Југославија и националните тимови на СР Југославија). Во 1998 година, играше за светско првенство и во 2000-тата година за европско првенство.

Многу талентиран техничар, познат по своите извонредни вештина и видик како и неговата способност за постигнување на многу голови, Мијатовиќ е добро запомнат по постигнувањето гол за Реал Мадрид во 1998-та година во финалето на лигата на шампиони за враќање на европската титулата во Мадрид по 32 години. Исто така тој имал многу незаборавни моменти на големите натпреварувања, во двата клуба и на меѓународните нивоа. Во сезоната 1995/1996-та година во шпанското фудбалско првенство (Примера) тој постигна 28 гола за Валенсија што доведе до контроверзен трансфер во Реал Мадрид.

Клубска кариера[уреди]

Будучност[уреди]

Откако помина неколку години во младинскиот тим, 18 годишниот Мијатовиќ дебитираше во првиот состав во 1987-та година во завршетокот на сезоната 1986/87 година во југословенската лига, а негов тренер беше Милан Живадиновиќ.

Во наредната сезона 1987/88 година тој стана стандарден играч во тимот кој беше под закрила на новопристигнатиот тренер Шапцо Поклеповиќ. Во октомври 1987 година како дел од југословенската младинска репрезентација кој се натпреваруваше и освои прво место во светското првенство за младински репрезентации во Чиле, Мијатовиќ блескаше на тоа првенство. Играњето во Чиле значеше дека тој беше надвор од клубот цел октомври. Враќајќи се во клубот како херој, местото на младиот Мијатовиќ беше сугурно заедно со Дејан Савичевиќ, Драгољуб Брновиќ и Бранко Брновиќ. Младото момче настапи на 31 лигашки натпревари и придонесе 4 гола со тоа што будучност ја заврши сезоната на 9-тото место.

За време на зимскиот преоден рок 1989/90-та година, талентираниот 20- годишник беше блиску до потпишување договор со Хајдук Сплит по преговарањето со спортскиот директор Јурица Јарковиќ во вредност од 50 илјади гермаски марки дадени на играчот, но пред тој да се оствари претседателот на партизан Мирко Марјановиќ настапи на сцена и го убеди да премине во Белград. Партизан му исплати еден милион германски марки на Будучност за купувањето на Мијатовиќ во декември 1989-та година. Во подоцнешните интервјуа Мијатовиќ изјави дека застрашувачката политичка и безбедносна ситуација во Југославија беше клучен фактор во неговата одлука, да не премине во хрватски клуб.

ФК Партизан[уреди]

Иако тој постигна гол на неговото деби во Партизан против неговиот поранешен клуб Будучност, дебитанската полусезона на Мијатовиќ во новиот клуб кој го предводеше Иван Голак беше најмногу насочена на проба на нови позиции што придонесе за тоа тој да не постигне гол наредните 14 натпревари до крајот на лигашката сезона 1989/90 година. Партизан беше исклучен од трката за лигачка титула, и ја заврши сезоната на 4-тото место што дојде до замена на Голак со поранешниот тренер Ненад Бејковиќ.

Наредната лигашка сезона (прва Замијатовиќ како првотимец во Партизан) му обезбеди мал пробив и тој стана значаен играч во тимот со постигнати 14 голови на 33 лигашки натпревари под водство на новиот тренер Милош Милутиновиќ. Сепак, неуспехот да освојат било каква шампионска титула покрај јуришот на Црвана ѕвезда Белград во југословенската лига и во Европа значеше дека целиот тим на Партизан беше постојано во сенка од нивниот градски ривал. На негова сметка, Мијатовиќ продолжи да напредува, и стана непобедлив лидер на тимот во сезоната 1991/92 година под водство на тренерот Ивица Осим, и го предводеше Партизан до победа на југославенскиот куп во 1992-рата година со победа на тогашните европски шампиони Црвена ѕвезда. Тој исто така и ја понесе титулата за фудбалер на годината во Југославија.

Пред почетокот на сезоната СФРЈ се подели што значеше дека новата југословенска лига ќе се состои само од тимови од Србија и [[[Црна Гора]]. Мијатовиќ имаше уште една импресивна сезона, и му помогна на Партизан да го надмине нивниот баксуз, Црвена ѕвезада и да ја освои титулата на југословенската лига.

Откако тој си обезбеди место во Партизан, Мијатовиќ беше поврзуван со разни европски клубови – Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Јувентус и други. Сепак, никој од нив не покажа доволен интерес и тој на крајот заврши во Валенсија во летото 1993-та година. Тогаш претседателот на Реал Мадрид, Рамон Мендоза призна дека неуспехот на трансферот на Роберт Просинечки го направија клубот да има потреба од задоволителни млади југословени.

Вaленсија[уреди]

Мијатовиќ го имаше неговото деби во Ла Лига на 5-ти септември 1993 година против Реал Овиедо и веднаш стана важен дел од тимот на тренерот Гус Хидинг. Тој во дебитанската сезона имаше 35 лигачки натпревари и постигна 16 голови.

По големиот напредок тој ја доби титулата за најдобар фудбалер во Шпанија за сезоната 1995/96 година и тој ја предводеше Валенсија до второт место во Ла Лига со 28 погодоци на 40 лигашки натпревари, навистина импресивен резултат, ако се земе предвид дека најчесто му беше дадно обврска да игра како среден играч за врска.

Брилијантните успеси не останаа незабележани од шпанскиот гигант Реал Мадрид кој тогаш под раководство на новиот претседател на клубот, Моренцо Санц, побуди предрасуди за Мијатовиќ по неуспешниот трансфер пред три години.

Реал Мадрид[уреди]

Конечно Мијатовиќ пристигна во главниот град на Шпанија со големи реклами како 27-годишник во летниот преоден рок во 1996 година. Во Реал, играјќи како повлечен напаѓач/креатор на играта, Мијатовиќ беше поврзан со Давор Шукер (исто така нов играч купен од Севиља) и Раул Гонзалез и така тие создадоа напаѓачко трио. И покрај тоа што беше познат по неговите екстремно одбрамбени тактитки ФК Милан, менаџерот Фабијо Капело играше со три напаѓачи, Шукер и Мијатовиќ заедно учествуваа во постигнување на 38 лигашки натпревари во сезоната 1996/97 година каде ја освоија титулата, со 24 голови на Шуќер и 14 голови на Мијатовиќ исто така учествувајќи во многу од другите погодоци. Рау кој имаше 19 години ги изигра сите 42 лигашки натпревари и постигна 21 гол.

За време на наредната 1997/98 сезона лично за Мијатовиќ присуството во Реал не беше многу успешна, но сепак имаше многу моменти за памтење. Покрај повредите и неконстантната форма, тој сепак успеа да постигне 10 погодоци на 24 лигашки натпревари, добро поврзувајќи се со надежниот 21-годишен напаѓач Фернандо Мориентез кој пристигна од Реал Сарагоса на почетокот на сезоната и успеа да го надмине Шуќер и да допринесе за негова продажба на крајот на сезоната. Иако ФК Барселона предводена од Сони Андерсон, Луис Фиго и Луис Енрике помеѓу другите ги победи во трката за шпанската титула, сезоната сеуште беше сметана за успешна бидејќи недофатливиот европски трофеј беше повторно вратен на Бернабе по 32 години. Реал го победи Јувентус во мај 1998 година на Амстердам арената каде Мијатовиќ го постигна единствениот гол, кој исто така беше прв гол во таа сезона во лигата на шампионите. Откако, беше на врвот на светот во мај, Мијатовиќ се врати во Реал Мадрид во август со рамнодушни чувства по неговите лоши настапи на светското првенство во 1998 година. Наредната сезона 1998/99 беше последна за него во кралскиот клуб. И покрај победата во лигата на шампионите договорот на менаџерот Јоп Хенкес не беше продолжен. Како нов менаџерски тим беа вработени на прво место Хозе Антонио Камачо, а на второ Гус Хидинк кој често го користеа Мијатовиќ на крилната позиција, додека Рау и Мориентез најчесто беа на напаѓачките позиции. И покрај тоа што тој на моменти покажуваше брилијантност, настапите на Мијатовиќ во најголем дел беа незадоволувачки за тим од браншата на Реал. Иако кога Хидинк доби отказ на полусезона, сепак не беа на повидок подобри денови на Мијатовиќ, и тој јавно кажуваше за недоразбирањата со новиот тренер Џон Тошак.

Откако испаднаа во четврт финалето на лигата на шампионите од Динамо Киев предводен од Шевченко (за жал два натпревари каде Мијатовиќ одигра одличен фудбал) и неуспехот да ја освојат титулата во лигата двапати по ред, јасно беа видливи промените особено занејќи ја дрскоста на Реал често да менува играчи. Тие се подготвуваа да направат место за младежниот 20-годишен играч Николас Ањелка од Арсенал. Управниците одлучија дека најдобрите денови на 30-годишниот Мијатовиќ поминаа и го продадоа во Фјорентина на крајот на сезоната.

Фјорентина[уреди]

Во летото 1999-тата година, тој пристигна во клубот кој претходната сезона од серија А ја заврши на третото место (тоа придонесе за квалификување во Лигата на шампионите) што беше голем предизвик за титулата по подолго време, очекувањата беа од големо значење. Во исто време кога Мијатовиќ беше донесен, друг напаѓач, 20-годишниот Енрико Кјеза пристигна во клубот од ФК Парма. Нивното доаѓање беше дел од напорите на претседателот на клубот Виторио Кечи Гори да ја направи екипата покомпетентна за освојување на титулата, исто така да го направи среќен легендата на клубот Габриел Батистута, бидејќи светски познатиот напаѓач кој неодамна имаше наполнето 30 години почна да ја зема во предвид опцијата за напуштање на клубот со цел да го освои Скудетото што го одбегнуваше него со години.

Во Фиренца, Мијатович на почетокот играше под искусниот главен тренер Џовани Трапатони, со Батистута и Чиеза и доведе до борба за предните позиции. За среќа на сите тројца Џовани Трапатони таа сезона претпочиташе напаѓачка формација, дозвојувајќи му на секој напаѓач да сподели од времето на теренот. Тоа исто така значеше дека Мијатовиќ беше малку повлечен кон средината што претставуваше улога на која тој многу брзо се навикна. Вкупно, тој настапи на 16 натпревари таа сезона, постигнувајќи два погодоци, но исто така тој се бореше со повредите што придонесе тој да пропушти голем број на натпревари. Од гледна точка на екипата, сезоната беше сметана за разочарувачка бидејќи Фјорентина не беше во мешаницата за титула во лигата и покрај добрите резултати на почетокот на Лигата на шампионите, тие стигнаа до втората групна стаза.

Трапатони замина во клубот на крајот на сезоната 1999/2000 и беше заменет од Фатих Терин кој пристигна како победник на УЕФА купот со Галатасарај. Исто така среќната амајлија напаѓачот Батистута беше продаден во Рома, што даваше знаци на крај на една ера на клубот по многу години . Користејќи некои од огромните добиени средства што Рома ги плати за Батистута, Чечи Гори го купи младиот напаѓач Нуњо Гомеш од Бенфика за 17 милиони евра. Сезоната започна одлично со победи против Јувентус, и нерешено со Милан, но формата не траеше долго. Се вратија проблемите со повреди на Мијатович што тоа го стави на страна. Терим си замина на средината од сезоната по несогласувањата со претседателот во врска со купувањето на играчи во иднина, при што за негова замена беше донесен Роберто Манчини. Клубот сезоната ја заврши на 9-тото место додека неверојатно го освои трофејот во Купот на Италија. Мијатовиќ настапи само 13 пати во лигата ( некои од нив како резерва), постигнувајќи само еден гол.

Летото во 2001-та година, откако заврши сезоната следеше продажба на други големи имиња бидејќи Фјорентина западна во тешка финансиска криза, голманот Франческо Толдо и средишниот напаѓач Мануел Руи Коста беа продадени во Интер и Милан, со големи почести. Мијатовиќ, кој имаше 32 години остана, но беше јасно дека неговата форма и физичка способност брзо опаѓаа. Клубот имаше катастрофална сезона, отпадна од лигата и влезе во административен банкрот.

Настапи за репрезентација[уреди]

Мијатовиќ ја започна неговата кариера во младинската репрезентација на Југославија. Тој беше во составот што настапуваше на светското младинско првенство на ФИФА во 1987-та година заедно со соиграчот од Хрватска, Давор Шукер и соиграчот од Црна Гора, Бранко Брновиќ. „Еџа“ постигна два погодоци, а Југославија го освои првото место.

Во исто време кога беше направен трансферот на Мијатовиќ од Валенсија во Реал Мадрид, Југославија се врати во официјалните натпревари по 4-годишната казна што се должеше на ембаргото на ОН. Секако, Мијатовиќ во тоа време беше вистинска ѕвезда во европскиот фудбал, исто така играше клучна улога за Југославија. Играјќи на истурената напаѓачка позиција за неговата земја изгледаше како да постигнува погодоци кога ќе посака. На крајот од 1997-та година, за време на квалификациите за светското првенство на двата натпревари против Унгарија, тој постигна 7 голови ( хед-трик во првиот натпревар во Будимпешта и 4 голови на домашен терен на Маракана). Југославија го растргна противникот и со вкупен резултат 12-1 се квалификува за светското првенство во Франција во 1998 година.

Светско првенство 1998 година[уреди]

Очекувањата на светското првенство во Франција беа несомнено значителни. Во многу кругови Југославија се сметаше за репрезентација од сенка со полн состав играчи со сериозни улоги во врвните европски клубови. Тогаш на 29-годишна возраст, Мијатовиќ беше на врвот од неговата кариера и исто така на првенството доаѓаше со висока форма од успехот во финалето на Лигата на шампионите. Натаму, со 14 погодоци од квалификацискиот поход на негово име, од него се очекуваше да обезбеди најголем дел од погодоците. Тој покажа самодоверба, дури предвидуваше дека репрезентацијата на Југославија ќе оди далеку на првенството.

Сепак неговите настапи беа под очекувањата, тој успеа да погоди само еднаш во 4 натпревари, погодокот беше постигнат во групната фаза против Германија и му беше доделен нему по видео истрагата, бидејќи на прв поглед изгледаше дека последен контакт со топката пред да влезе во мрежата имаше Дејан Станковиќ. Да се прости од неговата одлична форма, Мијатовиќ на клучниот пенал ја погоди пречката на елиминацискиот натпреварот во осмина финалето против Холандија, со што Југославија подоцна загуби во продолжението со гол што го постигна Едгар Давидс.

Патот до Европското првенство во 2000 година[уреди]

На почетокот за наредните квалификации за европското првенство во 2000 година, Мијатовиќ продолжи да биде автоматски избор за репрезентацијата на Јулославија, што ја водеше новиот тренер Милан Живадиновиќ. Истото продолжи кога Вујадин Бошков го презеде местото на Живвадиновиќ на средина од квалификациите. За себе, Мијатовиќ одговори со неколку солидни настапи. Повторувајќи ја гол-формата од квалификациите за светското првенство тој докажа дека е неостварлив, сепак тој најде начин да биде корисен со неколку клучни асистенции и целокупно подобрена игра.

Натпреварот што зависеше беше во октомври 1998-та година, против Хрватска и во целосно изменета атмосфера, Мијатовиќ настапи со блескав момент, постигнувајќи акробатски гол со глава во првото полувреме за да го израмни резултатот на 1-1. Крајниот резултат 2-2 значеше дека Југославија директно се квалификува на европското првенство во Белгија и Холандија.

Европско првенство 2003 година[уреди]

Влегувајќи во првенството, Мијатовиќ, со 31 година и со солидна форма од клубот Фјорентина, беше ослободен од притисокот и неговите лични очекувања што го следеа за време на светското првенство од пред две години. Сепак тој ги изигра сите 4 натпревари за Југославија, но со не толку сигурна позиција откако одненадеж новопокажаниот Саво Милошевиќ се покажа како главен човек во нападот. Мијатовиќ не успеа да покаже ниту еден гол во сите 4 натпревари и целокупно имаше слаба изведба на првенството.

По играчката кариера[уреди]

Откако се пензионира во 2004 година, Мијатовиќ продолжи да живее во Валенсија и кратко после тоа стана агент за играчи.

Фудбалски директор во Реал Мадрид[уреди]

Во јуни 2006 година, Мијатовиќ се поврза со Рамон Калдерон како дел од конкурирањето како адвокатски кандидат за позицијата претседател на Реал Мадрид. Кога Калдерон победи на озборуваните избори на 2-ри јуни 2006-тата година, Мијатовиќ беше назначен за нов фудбалски директор на Реал.

На 16-ти јануари 2009-тата година, Калдерон си даде оставка и до средината на февруари излезе дека Мијатовиќ исто така го напушта клубот. Сепак тој ја продолжи неговата улога под новиот претседател Висенте Болуда, кратко после тоа беше јасно дека е само прашање на време за заминувањето на Мијатовиќ. На 20-ти мај 2009-тата година, Реал Мадрид го објави заминувањето на Мијатовиќ.

На крајот Калдерон и Мијатовиќ оставија измешано наследство од нивното време на раководење во седиштето на Реал. Од една страна тие беа на чело и освоија две титули во Ла Лига со дополнение на купувањето на веќе докажаниот крилен напаѓач од светска класа Арјен Робен, но повеќе ќе бидат запомнати по неуспехот да ги донесат супер ѕвездите од највисок ред кои што ги ветија како што се Цеск Фабрегас, Кака и Кристијано Роналдо.

Други угледни играчи кои Мијатовиќ ги купи беа Руд Ван Нистелрој од Манчестер Јунајтед, дефанзивниот среден играч Махмаду Дијара од Лион, 19-годишниот напаѓач Гонзало Игуаин од Ривер Плата, 18 годишниот лев бек Марсело Виеира од Фулминенсе, покажаниот 23-годишен креатор на играта од средниот ред, Весли Снајдер од Ајакс и напаѓачкиот среден играч, Рафаел Ван Дер Вард од ФК Хамбургер.

Во мај 2011 година Мијатовиќ беше поврзан со позицијата спортски директор во Челзи што следеше по заминувањето на Френк Арнсен.

Приватен живот[уреди]

Тој потекнува од кланот Цуце. Приватниот живот на Мијатовиќ беше добро следен од медиумите поради бурната врска со џет-сет трката од Блеград Елена Кариќ. Тие беа во брак една и пол година на почетокот од 90-тите години, имаа два сина пред да се разведат. За време на процедурата на разводот, тој често носеше капа од бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс со иницијали „ЛА“ посветувајќи ги на неговите синови Лука и Андреја. На 3-ти јуни 2009-тата година официјалната интернет страна на Реал Мадрид објави дека Андреја, на 15-годишна возраст, почина по долго боледување, и искажа „длабоко сочувство од страна на целиот клуб и неговите членови“.

Наредните години по неговиот развод, Мијатовиќ повторно стапи во брак со срспскиот топ модел Анета Миличевич. Парот има три ќерќи Наџа (родена во 1999 година), Нина и Лола.