6 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
6 јануари е 6-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 359 денови до крајот на годината (360 во престапна).
Настани:
| 1392 | Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад. |
| 1838 | Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор. |
| 1896 | Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер. |
| 1916 | Нa Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ. |
| 1945 | Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања. |
| 1992 | По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава. |
Родени:
| 1367 | Ричард II, крал на Англија. |
| 1412 | Јованка Орлеанка (Жан Д' Арк), француска национална хероина од Стогодишната војна (1337 - 1453.). |
| 1848 | Христо Ботев, револуционер револуционер. |
| 1850 | Едуард Бернштајн, германски социјалдемократски теоретичар. |
| 1903 | Валтер Ниг, швајцарски теолог. |
| 1941 | Милутин Бебековски, македонски поет. |
| 1942 | Јанис Бутарис, градоначалник на Солун. |
| 1956 | Џастин Велби, Архиепископ Кантербериски - поглавар на Англиканската црква. |
| 1961 | Шабан Салиу, македонски политичар. |
| 1973 | Христина Андоновска, македонски професор. |
Починале:
| 1693 | Мехмед IV, отомански султан. |
| 1882 | Ричард Хенри Дана, американски писател. |
| 1884 | Грегор Мендел, австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар. |
| 1904 | Александар Малинов, македонски револуционер. |
| 1949 | Виктор Флеминг, американски филмски режисер. |
| 1983 | Д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар. |
| 1987 | Маргарет Лоренс, канадска писателка. |
Празници:
| * | Бадник |