Валерио Ањоли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Валерио Ањоли

Ањоли на Гран при Монтреал 2012
Лични податоци
Цело име Валерио Ањоли
Роден 6 јануари 1985 (1985-01-06) (29 г.)
Алатри, Италија
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови

2004
До. Ва. Педале Фермано
Домина Ваканце (стажант)
Професионални клубови
2005–2006
2007
2008–2012
2013–
Натурино-Сапоре ди Маре
Аурум Хотели
Ликвигас
Астана
Последна промена
14 јануари 2014

Валерио Ањоли (италијански: Valerio Agnoli; р. 6 јануари 1985) — италијански друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана.[1] Ањоли бил еден од клучните помошници за Ликвигас и често придонесувал во победите на Иван Басо и Винченцо Нибали на Џиро д’Италија. Ањоли имал многу успешна јуниорска и аматерска кариера, освојувајќи победи на многу престижни италијански трки, вклучувајќи ја познатата Џиро дела Луниџана.

Ањоли ја носел белата маичка за најдобар млад возач на Џиро д’Италија 2010, пред да учествува во падот со неговиот колеги Иван Басо и Винченцо Нибали по што ја изгубил маичката.

Ањоли го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Астана на двегодишен договор од сезоната 2013 па натаму.[1]

Достигнувања[уреди]

2003
1. Краен пласман Џиро дела Линуџана под 19 години
2004
10. Џиро дела Ромања
2005
3. Краен пласман Трка околу езерото Чингхај
1. Етапа 8
2006
5. Сетимана Ломбарда
7. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2008
1. Етапа 1 Вуелта а Еспања (ТТТ)
4. Јапонски куп
2009
3. Меморијал Марко Пантани
7. Јапонски куп
7. Џиро дел Венето
2010
1. Етапа 4 Џиро д’Италија (ТТТ)
9. ГП Мигел Индураин
2011
4. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2012
3. Џиро дела Тоскана

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 61 32 83 57 39
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 110 105

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Нибали потпиша двегодишен договор со Астана“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 август 2012 (конс. 2 август 2012). „Нибали ќе поведе двајца од колегите во Ликвигас, Валерио Ањоли и Алесандро Ваноти.“

Надворешни врски[уреди]