Џиро д’Италија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џиро д’Италија
Џиро д’Италија 2013
Giro d'Italia logo.png
Детали за трката
Датум мај-јуни
Регион Италија и соседните земји
Англиско име Tour of Italy
Локално име Giro d'Italia (италијански)
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Гранд Тур
Организатор RCS Sport
Директор на трката Микеле Аквароне
Историја
Прво издание 1909 (1909)
Изданија 95 (до 2012)
Прв победник  Луиџи Гана (ИТА)
Најмногу победи 5 победи
Неодамнешен победник  Винченцо Нибали (ИТА)

Џиро д’Италија (италијански: Giro d'Italia; или позната како Трка околу Италија) е годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Италија, но исто така повремено поминува и низ некои соседни земји.[1] Трката била првпат организирана во 1909 со цел зголемување на продажбите на весникот La Gazzetta dello Sport;[1][2] меѓутоа сега е управувана од RCS Sport.[3][4] Трката била одржувана секоја година од нејзиното прво издание во 1909, освен кога била попречена од двете светски војни.[1] Како трката добивала на значајност и популарноста на трката се зголемувала, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Групата се проширила од главно италијански учесници до велосипедисти од целиот свет. Џиро е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[5][6]

Заедно со Тур де Франс и Вуелта а Еспања, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[1][7] Џиро обично се одржува кон крајот на мај или почетокот на јуни.[1] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на две хронометра, премин низ планинските масиви на Доломитите[8][9] и Алпите,[10] и завршницата во италијанскиот град Милано.[11][12] Како и останатите Гранд Тур трки, поновите изданија на Џиро д’Италија обично се состојат од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.[1]

Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната розовата маичка.[1][13] Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите,[13] планинскиот пласман за специјалистите за искачување,[13] пласманот за млад возач за возачите под 25 години[13] и екипниот пласман за најбрзите екипи.[13] Трката во 2012 била освоена од Канаѓанецот Рајдер Хесједал, првиот канадски победник во историјата на Џиро д’Италија.[14]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Грег Селцер. „Историја на Џиро д’Италија“, Livestrong, 26 мај 2011 (конс. 30 јули 2012).
  2. „Tour d'Italie ou Giro d'Italia - Encyclopédie Larousse“. Larousse.fr. 30 март 2012. http://www.larousse.fr/encyclopedie/divers/Tour_dItalie/147186. конс. 10 август 2012. 
  3. Бил и Карол Мекган. „Џиро д’Италија 1909“. Bikeraceinfo.com. http://bikeraceinfo.com/giro/giro1909.html#story. конс. 30 јули 2012. 
  4. „RCSMediagroup – Бизнис - Други активности - Спорт“ (на (италијански)). Rcsmediagroup.it. 15 декември 2010. http://www.rcsmediagroup.it/wps/portal/mg/!ut/p/c1/04_SB8K8xLLM9MSSzPy8xBz9CP0os3iXgBDLkGBLIwN_P29nA6MAj8DAYGcvA29Dc6B8JIq8oQFQ3sTfwNTJwwjIJE23v6eLgZFlWKCns5epoburGQHdfh75uan6BbmhEeWOiooAtx-tyg!!/dl2/d1/L0lDUmlTUSEhL3dHa0FKRnNBL1lCUlp3QSEhL2Vu/?wai=. конс. 10 август 2012. 
  5. Меѓународен велосипедистички сојуз“. Uci.ch. http://www.uci.ch/templates/UCI/UCI2/layout.asp?MenuId=MTUyMjQ. конс. 6 август 2012. 
  6. „Календар на Светската турнеја UCI 2012“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/530629/uci-worldtour-calendar-2012.html. конс. 6 август 2012. 
  7. Million dollar, baby!“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 јануари 2007 (конс. 21 мај 2011).
  8. „Classic Climbs of the Dolomites Bike Tours, Biking Trips, & Bicycle Vacations of a Lifetime“. Trek Travel. http://www.trektravel.com/classic-climbs-dolomites-bike-tour.php. конс. 30 јули 2012. 
  9. „Џиро д’Италија во Доломитите“. Bikeplustours.com. 8 август 2011. http://bikeplustours.com/index.php/tours-rides/cycle-tour-catalogue/29-giro-ditalia-in-the-dolomites. конс. 30 јули 2012. 
  10. 20 мај 2012 (20 мај 2012). „Ryder Hesjedal in pink as Giro d'Italia hits the Alps“. Perth Now. http://www.perthnow.com.au/sport/ryder-hesjedal-in-pink-as-giro-ditalia-hits-the-alps/story-e6frg1wu-1226361346818. конс. 30 јули 2012. 
  11. „Џиро д’Италија - Официјална страница на туризмот во Милано“ (на (италијански)). Tourism.milan.it. 5 мај 2012. http://www.tourism.milan.it/wps/portal/!ut/p/c0/04_SB8K8xLLM9MSSzPy8xBz9CP0os3hzS0O_QGcLEwP_ICNTA08D_2APT1dHYwMDE_3g1Dz9gmxHRQCvgnB_/?WCM_PORTLET=PC_7_791NQC840OR250I0OSHIEA3007_WCM&WCM_GLOBAL_CONTEXT=/wps/wcm/connect/en/situr/home/giro_italia. конс. 10 август 2012. 
  12. „Џиро д’Италија, етапа 21, Милано - индивидуален хронометар“. BikeRadar. http://www.bikeradar.com/racing/racestage/95th-giro-ditalia-stage-21-1098/. конс. 10 август 2012. 
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 Лора Вајсло (13 мај 2008). „Giro d'Italia classifications demystified“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://autobus.cyclingnews.com/road/2008/giro08/?id=/features/2008/giro_classifications08. конс. 27 август 2009. 
  14. Кели, Малколм. „Рајдер Хесједал победи на престижниот Џиро д’Италија“, Cbc.ca, 27 мај 2012 (конс. 30 јули 2012).

Надворешни врски[уреди]