Трка околу Фландрија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трка околу Фландрија
Ronde van Vlaanderen logo.png
Детали за трката
Датум почеток на април
Регион Фландрија, Белгија
Локално име Ronde van Vlaanderen (холандски)
Прекар De Ronde
Vlaanderens mooiste
„Најдоброто од Фландрија“
Дисциплина Друмски велосипедизам
Натпреварување Светска турнеја UCI
Вид Еднодневна трка
Историја
Прво издание 1913 (1913)
Изданија 97 (до 2013)
Прв победник  Пол Деман (БЕЛ)
Најмногу победи  Акил Бујсе (БЕЛ)
 Фјоренцо Мањи (ИТА)
 Ерик Леман (БЕЛ)
 Јохан Музеув (БЕЛ)
 Том Бонен (БЕЛ)
(3 победи)
Неодамнешен победник  Фабијан Канчелара (ШВА)

Трка околу Фландрија (холандски: Ronde van Vlaanderen) — велосипедска друмска трка, дел од фландриските класици, која се одржува во Белгија на почетокот на пролетта, една недела пред друмската трка Париз-Рубе. Таа е дел од Светската турнеја UCI и е една од т.н. монументи на европскиот професионален календар. Таа е најважна велосипедска трка во Фландрија. Нејзиниот прекар е „Најдоброто од Фландрија“ (Vlaanderens mooiste).

Историја[уреди]

Трката околу Фландрија била започната во 1913 од Карел ван Вејненделе, соосновач на спортскиот весник Sportwereld. Во тоа време било вообичаено за издавачите на весници и списанија да организираат велосипедски трки како начин за промовирање на весникот и зголемување на тиражот.

Трката пред Втората светска војна вообичаено се одржувала во ист ден со Милано-Сан Ремо во Италија. Познати италијански и француски велосипедисти ја претпочитале италијанската трка, што објаснува зошто имало само еден небелгиски победник пред војната. По војната, трката стекнала одредена важност, кога станала дел од Предизвикот Дегранж-Коломбо, претходник на денешниот UCI ProTour. Рекордери по бројот на победи на трката се Белгијците, Акил Бујсе, Ерик Леман, Јохан Музеув и Том Бонен и Италијанец Фјоренцо Мањи, секој со по три победи.

Регионален симбол[уреди]

Споменик за трката кај Падестрат во Источна Фландрија.

Велосипедизмот бил во лоша состојба низ Белгија на почетокот на XX век. Велодромите биле затворени и немало повеќе национални првенства.[1][2] Единствената голема белгиска трка, Лиеж-Бастон-Лиеж, била на југ, во француското говорно подрачје. Како што се зголемувало нерасположението, Одил Дефраје станал првиот Белгиец кој го освоил Тур де Франс во 1912.[3] Тој имал 20 години и иако возел за француската екипа Алсион, тој го претставувал потенцијалниот подем за белгискиот велосипедизам. Неговата победа го поттикнало Август де Мет, директор на Société Belge d'Imprimerie, да го издаде спортското списание наречено Sportwereld.[1][4]

Најпознат велосипедски новинар за Sportwereld' бил Каролус („Карел“) Лудовикус Стејерт,[5] кој пишувал како Карел ван Вејненделе, име по кое станал најпознат. [n 1][6][7] Ван Вејненделе било петто од петнаесетте деца во семејството во Вејненделе (Вејнендале),[8] близу Торхаут. Неговиот татко работел со лен и умрел кога Карел имал 18 месеци.[6] Во 1942 напишал: „Да бидеш роден во сиромашно семејство, тоа беше мојата сила. Ако си пораснал без набори и знаеш каква глад сум имал, можеш да ги издржиш велосипедските трки“. Го напуштил училиштето на 14 години и работел за пекар, терал крави, миел шишиња и пренесувал пакети. Работел за француските семејства во Брисел и Остенде и се чувствувал понижен од нивниот начин на однесување кон него.[5]

Се обидел со велосипедизам, освоил неколку награди, но без некој поголем успех. Наместо тоа започнал да пишува за велосипедизмот како регионален дописник, најпрвин за De Torhoutenaer, локален весник, потоа од 1909 за Onze Kampioenen во Антверпен и Sportvriend во Изегем.[9] Тогаш го прифатил неговиот псевдоним.[5] Тоа го привлекло вниманието на Де Мет и неговиот соработник, организаторот на трката Лен ван де Хауте, со кого Ван Вејненделе соработувал во Sportvriend.[9] Двајцата отпатувале до Торхаут и го прашале Ван Вејненделе дали би сакал да се приклучи на новиот весник кој ќе биде наречен Sportwereld. Ван Вејненделе изјавил „Би можел“.[9] Првото издание се појавило за време на Фландриското првенство на 12 септември 1912. Ван Вејненделе станал негов прв уредник на 1 јануари 1913. Изјавил:

Мислиме дека има многу да се направи тука. Исто така сакавме да издадеме весник кој ќе зборува за нашите Фламанци на нивниот сопствен јазик и да им даде самодоверба како Фландријци. Водевме 10-годишна војна, на пример, со француското раководство на националната велосипедска федерација во Брисел. И победивме.[10]

На 25 мај истата година ја организирал првата Трка околу Фландрија, која поминувала низ белгиските градови во холандското говорно подрачје бидејќи „сите фламански градови морале да придонесат кон ослободувањето на Фламанците“.[5] Завршила кај Маријакерке, сега предградие на Гент и поминала низ Синт Никлас, Алст, Ауденарде, Кортрејк, Ворне, Остенде, Торхаут, Руселаре и Бруге.[11] Имала растојание од 330 километри, целосно на лоши патишта и само понекогаш на велосипедски патеки. Настапиле 37 возачи.[2] Трката завршила на водена патека која го заобиколувала езерото во Маријакерке, каде продажбата на билетите ја покриле само половина од наградниот фонд.[2]

Победници[уреди]

Возач Тим
1913 Белгија Деман, ПолПол Деман (БЕЛ)
1914 Белгија Бујсе, МарселМарсел Бујсе (БЕЛ)
1915 Немало трка
1916 Немало трка
1917 Немало трка
1918 Немало трка
1919 Белгија ван Лерберге, АнриАнри ван Лерберге (БЕЛ)
1920 Белгија ван Хевел, ЖилЖил ван Хевел (БЕЛ)
1921 Белгија Вермандел, РенеРене Вермандел (БЕЛ)
1922 Белгија де Вос, ЛеонЛеон де Вос (БЕЛ)
1923 Швајцарија Зутер, ХајриХајри Зутер (ШВА)
1924 Белгија Дебетс, ЖерарЖерар Дебетс (БЕЛ)
1925 Белгија Делбек, ЖилиенЖилиен Делбек (БЕЛ)
1926 Белгија Вершурен, ДенисДенис Вершурен (БЕЛ)
1927 Белгија Дебетс, ЖерарЖерар Дебетс (БЕЛ)
1928 Белгија Мертенс, ЈанЈан Мертенс (БЕЛ)
1929 Белгија Дервес, ЏефЏеф Дервес (БЕЛ)
1930 Белгија Бондул, ФрансФранс Бондул (БЕЛ)
1931 Белгија Гејселс, РоменРомен Гејселс (БЕЛ)
1932 Белгија Гејселс, РоменРомен Гејселс (БЕЛ)
1933 Белгија Шеперс, АлфонсАлфонс Шеперс (БЕЛ)
1934 Белгија Ребри, ГастонГастон Ребри (БЕЛ)
1935 Белгија Дурло, ЛујЛуј Дурло (БЕЛ)
1936 Белгија Хардикест, ЛујЛуј Хардикест (БЕЛ)
1937 Белгија Д’Хоге, МишелМишел Д’Хоге (БЕЛ)
1938 Белгија де Калуве, ЕдгардЕдгард де Калуве (БЕЛ)
1939 Белгија Керс, КарелКарел Керс (БЕЛ)
1940 Белгија Бујсе, АкилАкил Бујсе (БЕЛ)
1941 Белгија Бујсе, АкилАкил Бујсе (БЕЛ)
1942 Белгија Шоте, БрикБрик Шоте (БЕЛ)
1943 Белгија Бујсе, АкилАкил Бујсе (БЕЛ)
1944 Белгија ван Стенберген, РикРик ван Стенберген (БЕЛ)
1945 Белгија Грисоле, СилвенСилвен Грисоле (БЕЛ)
1946 Белгија ван Стенберген, РикРик ван Стенберген (БЕЛ)
1947 Белгија Фењерт, ЕмилЕмил Фењерт (БЕЛ)
1948 Белгија Шоте, БрикБрик Шоте (БЕЛ)
1949 Италија Мањи, ФјоренцоФјоренцо Мањи (ИТА)
1950 Италија Мањи, ФјоренцоФјоренцо Мањи (ИТА)
1951 Италија Мањи, ФјоренцоФјоренцо Мањи (ИТА)
1952 Белгија Декок, РожеРоже Декок (БЕЛ)
1953 Холандија ван Ест, ВимВим ван Ест (ХОЛ)
1954 Белгија Импанис, РајмондРајмонд Импанис (БЕЛ)
1955 Франција Бобе, ЛујонЛујон Бобе (ФРА)
1956 Франција Форестир, ЖанЖан Форестир (ФРА)
1957 Белгија де Брујне, ФредФред де Брујне (БЕЛ)
1958 Белгија Дерејке, ЖерменЖермен Дерејке (БЕЛ)
1959 Белгија ван Лој, РикРик ван Лој (БЕЛ)
1960 Белгија де Каботер, АртурАртур де Каботер (БЕЛ)
1961 Велика Британија Симпсон, ТомТом Симпсон (ВБР)
1962 Белгија ван Лој, РикРик ван Лој (БЕЛ)
1963 Белгија Форе, НулНул Форе (БЕЛ)
1964 Германија Алтиг, РудиРуди Алтиг (ГЕР)
1965 Холандија де Ро, ЈоЈо де Ро (ХОЛ) Телевизир
1966 Белгија Селс, ЕдвардЕдвард Селс (БЕЛ) Соло Суперија
1967 Италија Ѕандегу, ДиноДино Ѕандегу (ИТА) Салварани
1968 Белгија Годефрот, ВолтерВолтер Годефрот (БЕЛ) Фландрија
1969 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) Фаема
1970 Белгија Леман, ЕрикЕрик Леман (БЕЛ) Фландрија-Марс
1971 Холандија Долман, ЕвертЕверт Долман (ХОЛ) Фландрија
1972 Белгија Леман, ЕрикЕрик Леман (БЕЛ) Бик
1973 Белгија Леман, ЕрикЕрик Леман (БЕЛ) Пежо
1974 Холандија Бал, СесСес Бал (ХОЛ) Ган Мерсие
1975 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) Молтени
1976 Белгија Планкерт, ВолтерВолтер Планкерт (БЕЛ) Марс Пилс
1977 Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк (БЕЛ) Бруклин
1978 Белгија Годефрот, ВолтерВолтер Годефрот (БЕЛ) Ејсбурке
1979 Холандија Рас, ЈанЈан Рас (ХОЛ) ТИ-Рали
1980 Белгија Полентие, МишелМишел Полентие (БЕЛ) Сплендор Адмирал
1981 Холандија Кујпер, ХениХени Кујпер (ХОЛ) ДАФ Тракс
1982 Белгија Мартенс, РенеРене Мартенс (БЕЛ) ДАФ Тракс
1983 Холандија Рас, ЈанЈан Рас (ХОЛ) ТИ Рали
1984 Холандија Ламертс, ЈоханЈохан Ламертс (ХОЛ) Панасоник Рали
1985 Белгија Вандерерден, ЕрикЕрик Вандерерден (БЕЛ) Панасоник Рали
1986 Холандија ван дер Пул, АдриАдри ван дер Пул (ХОЛ) Квантум
1987 Белгија Крикелион, КлодКлод Крикелион (БЕЛ) Хитачи Марк Росин
1988 Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт (БЕЛ) АД Рентинг
1989 Белгија ван Хојдонк, ЕдвигЕдвиг ван Хојдонк (БЕЛ) Суперконфлекс
1990 Италија Аргентин, МореноМорено Аргентин (ИТА) Ариостеа
1991 Белгија ван Хојдонк, ЕдвигЕдвиг ван Хојдонк (БЕЛ) Буклер Колнаго
1992 Франција Диран, ЖакиЖаки Диран (ФРА) Касторама
1993 Белгија Музеу, ЈоханЈохан Музеу (БЕЛ) ГБ-МГ Малјифичио
1994 Италија Буњо, ЏаниЏани Буњо (ИТА) Тим Полти-Вапорето
1995 Белгија Музеу, ЈоханЈохан Музеу (БЕЛ) Мапеи-ГБ-Латексо
1996 Италија Бартоли, МикелеМикеле Бартоли (ИТА) МГ Малјифичио-Техноџим
1997 Данска Серенсен, РолфРолф Серенсен (ДАН) Рабобанк
1998 Белгија Музеу, ЈоханЈохан Музеу (БЕЛ) Мапеи-Брикоби
1999 Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем (БЕЛ) ТВМ-Фарм Фритес
2000 Белгија Чмил, АндрејАндреј Чмил (БЕЛ) Лото-Адеко
2001 Италија Бортолами, ЏанлукаЏанлука Бортолами (ИТА) Такони Спорт-Вини Калдирола
2002 Италија Тафи, АндрејаАндреја Тафи (ИТА) Мапеи
2003 Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем (БЕЛ) Лото-Домо
2004 Германија Весеман, ШтефенШтефен Весеман (ГЕР) Т-Мобајл Тим
2005 Белгија Бонен, ТомТом Бонен (БЕЛ) Квик Степ-Инерџетик
2006 Белгија Бонен, ТомТом Бонен (БЕЛ) Квик Степ-Инерџетик
2007 Италија Балан, АлесандроАлесандро Балан (ИТА) Лампре-Фондитал
2008 Белгија Деволдер, СтејнСтејн Деволдер (БЕЛ) Квик Степ
2009 Белгија Деволдер, СтејнСтејн Деволдер (БЕЛ) Квик Степ
2010 Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара (ШВА) Тим Саксо Банк
2011 Белгија Нујенс, НикНик Нујенс (БЕЛ) Саксо Банк-СанГард
2012 Белгија Бонен, ТомТом Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ
2013 Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара (ШВА) РадиоШек-Леопард

Победи по земја[уреди]

# Земја Победи
1.  Белгија 68
2.  Италија 10
3.  Холандија 9
4.  Франција 3
4.  Швајцарија 3
6.  Германија 2
7.  Велика Британија 1
7.  Данска 1

Победници на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе во иста година[уреди]

Победници на Париз-Рубе и
Трката околу Фландрија
Возач Земја Година
Хајри Зутер  Швајцарија 1923
Ромен Гејселс  Белгија 1932
Гастон Ребри  Белгија 1934
Рајмонд Импанис  Белгија 1954
Фред де Брујне  Белгија 1957
Рик ван Лој  Белгија 1962
Роже де Влеминк  Белгија 1977
Петер ван Петегем  Белгија 2003
Том Бонен  Белгија 2005
Фабијан Канчелара  Швајцарија 2010
Том Бонен  Белгија 2012
Фабијан Канчелара  Швајцарија 2013

Рекорди[уреди]

  • Најбрзо издание на Трката околу Фландрија било во 2001, освоено од Италијанецот Џанлука Бортолами: 43,6 км/на час.
  • Пет велосипедисти го делат рекордот по број на победи, по три секој од нив: Италијанецот Фјоренцо Мањи и четворица Белгијци: Акил Бујсе, кој победил во 1940-тите, Ерик Леман, кој победил на почетокот на 1970-тите, Јохан Музеу ја освоил трката во 1993, 1995 и 1998 и Том Бонен, кој ја освоил трката во 2005, 2006 и 2012.[7]
  • Земја со најмногу победи е Белгија (68).
  • Само шест возачи ја имаат освоено две години по ред.[7]
  • Најстар победник бил Андреј Чмил во 2000 на 37 години, 2 месеца и 11 дена.

Поврзано[уреди]

Забелешки[уреди]

  1. Каролус („Карел“) Лудовикус Стејерт, кој пишувал како Карел ван Вејненделе, роден во Торхаут, Белгија, на 16 ноември 1882, умрел во Дејнзе, Белгија, на 20 декември 1961. Неговиот споменик се наоѓа на врвот на Кваремонт близу Клујсберген. Бил поставен во 1964.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Schroeders, Fer (1999), Les Classiques du 20ème Siècle, De Eeclonaar, Belgium, ISBN 90-74128-58-0, p145
  2. 2,0 2,1 2,2 Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p65-66
  3. Velo 101, Route
  4. Sportwereld сè уште постои
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Карел ван Вејненделе
  6. 6,0 6,1 Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p18
  7. 7,0 7,1 7,2 Карел ван Вејненделе
  8. Brussels Onderwijs Punt, Vgc Wablieft
  9. 9,0 9,1 9,2 DBNL, Digitale Bibliotheek voor de Nederlaandse letteren. Het rijke Vlaamsche wielerleven, Karel Van Wijnendaele, p101, De stichting van ‘Sportwereld’
  10. Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p20
  11. Историја на Трката околу Фландрија

Надворешни врски[уреди]