Гран-при Квебек

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гран при Квебек)
Гран-при Квебек
Лого на трката
За трката
Датумсептември
РегионКвебек, Квебек, Канада
Месно имеGrand Prix Cycliste de Québec (француски)
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
Видеднодневна трка
ОрганизаторГруп Серди
Историја
Прво одржување2010 (2010)
Одржувања10 (до 2019)
Прв победник Тома Веклер (ФРА)
Најмногу победи Сајмон Геранс (АВС)
 Петер Саган (СВК)
 Мајкл Метјус (АВС)
(2 победи)
Неодамнешен победник Мајкл Метјус (АВС)

Гран-при Квебек (француски: Grand Prix Cycliste de Québec) — професионална велосипедска еднодневна друмска трка, која се одржува во градот Квебек, во покраината Квебек, Канада. Нејзино прво издание било на 10 септември 2010 година, како последен настан во сезоната UCI ProTour 2010.

Со Гран-при Монтреал, која се одржува два дена подоцна, Гран-при Квебек е една од единствените две трки во Северна Америка во Светската турнеја на UCI. Само Сајмон Геранс и Мајкл Метјус постигнале двојна канадска победа, освојувајќи го Гран-при Квебек и Гран-при Монтреал во иста година.

Движење[уреди | уреди извор]

Гран-при Квебек не е како многуте еднодневни трки од една точка до друга, туку кружна трка. Возачите возат 16 круга по 12,6 километри секој круг. Во текот на кругот, возачите треба да искачат четири ридови: Кот де ла Монтањ (375 м долг и просечна нагорнина од 10%), Кот де ла Потас (420 м долг и просечна нагорниа од 9%), Монте де ла Фабрик (190 м долг и просечна нагорнина од 7%) и Монте ду Форт (1000 м долг и просечна нагорнина од 4%). Крајот е на Монте ду Форт.

Победници[уреди | уреди извор]

Година Земја Возач Екипа
2010  Франција Веклер, ТомаТома Веклер Ббокс Буиг Телеком
2011  Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер Омега Парма-Лото
2012  Австралија Геранс, СајмонСајмон Геранс Орика-ГринЕЏ
2013  Холандија Гесинк, РобертРоберт Гесинк Белкин Про Сајклинг
2014  Австралија Геранс, СајмонСајмон Геранс Орика-ГринЕЏ
2015  Колумбија Уран, РигобертоРигоберто Уран Етикс-Квик Степ
2016  Словачка Саган, ПетерПетер Саган Тинкоф
2017  Словачка Саган, ПетерПетер Саган Бора-Хансгрое
2018  Австралија Метјус, МајклМајкл Метјус Тим Санвеб
2019  Австралија Метјус, МајклМајкл Метјус Тим Санвеб
2020 Немало трка поради пандемијата на коронавирус

Повеќекратни победници[уреди | уреди извор]

Победи Возач Изданија
2  Сајмон Геранс (АВС) 2012, 2014
 Петер Саган (СВК) 2016, 2017
 Мајкл Метјус (АВС) 2018, 2019

Возачите со закосени букви се активни

Победи по држава[уреди | уреди извор]

Победи Држава
4 Австралија Австралија
2  Словачка
1  Белгија,  Колумбија,  Франција,  Холандија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]