Тирено-Адријатико
Подиум (Јакше, Декер и Балан) на Тирено-Адријатико 2006. |
|
| Детали за трката | |
|---|---|
| Датум | Почеток или средина на март |
| Регион | Италија |
| Англиско име | Tyrrhenian-Adriatic |
| Локално име | Tirreno–Adriatico (италијански) |
| Прекар | Трка на две мориња |
| Дисциплина | Друмски |
| Натпреварување | Светска турнеја UCI |
| Вид | Етапна трка |
| Организатор | RCS Sport |
| Историја | |
| Прво издание | 1966 |
| Изданија | 48 (до 2013) |
| Прв победник | |
| Најмногу победи | |
| Неодамнешен победник | |
Тирено-Адријатико, „Трка на две мориња“, е елитна велосипедска трка помеѓу бреговите на Тиренско и Јадранско Море во Италија. Традиционално се одржува во почетокот на сезоната и се смета за важна подготовка за класичната трка Милано-Сан Ремо. Од 2005 до 2007, била дел од календарот на UCI ProTour, и иако била класификувана во 2008 како настан од европската турнеја, кога организаторот RCS ги повлекол сите негови настани од примарниот календар на UCI, трката станала дел од календарот на Светски ранкинг UCI следната година.
Прв пат била одржана во 1966 и тоа издание се состоело од 3 етапи, кои веќе од наредното издание на трката станале 5 до 1984. Од 1984 трката се состоела од 6, 7 или 8 етапи; меѓутоа, од 2002 станала седумдневна трка. Од второто издание на трката секогаш завршува во Сан Бенедето дел Тронто.[1]
Со освојување на шест последователни изданија (1972–77), Роже де Влеминк го држи рекордот по број на освоени победи.[1]
Таа е една од неколкуте велосипедски трки, на која Еди Меркс нема остварено победа.[2][3]
Список на победници [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Baroni, Francesco (2008). La Bicicletta. Mito, tecnica e passione. Edizioni White Star. p.238-239. ISBN 978-88-540-0635-5
- ↑ „Официјална страница на Тирено-Адријатико - Достигнувања“. 12 февруари 2013
- ↑ ((италијански))"Il Palmares di Eddy Merckx", MuseoCiclismo.it. 12 февруари 2013
Надворешни врски [уреди]
|
|||||
|
||||||||